Па чевли или шарени со цветови или пак розеви ако има розеви цвекиња на корсетот.Инаку за ланче види си што ке ти одговара бело , розево . Така нешто.
Можеш со црн корсет или со некое блузе што е без прерамки, а врз него некое болеро. Стави си или затворени црни штикли или отворени црни. Накитот можеш сребрен. Пример сребрена белегзија, обетки и некое понежно ланче
Phyramide и мене единствените бои кои ми одат со розевава се крем, сиво и црно...според можностите...комбинирај некоја од нив
Прстенов не изгледа чудно на моето екстра мало раче или си умислувам дека не сум носела големи прстенчиња досега ,па ми е чудно ... Се чувствувам како да сум претворена во прстен... Зборувам глупости или сепак не ?
^^можеби ти е чудно дека го носиш на тој прст...можеш да го ставиш на средниот прст..поубаво ќе ти изгледа
Имам зелено летно фустанче, со крем штикли и крем плик ташна преубаво стои и сега прашањето ми е дали би одговарало со обични црни балетанки и црна ташна за онака по лајт искачање?
Зависи каков материјал ти е фустанчето. Ако е некој посвечен( сатен, ликра) не би изгледало убаво со ниски балетанки. Ако може да го носиш денски тогаш може со црни балетанки, ама сепак за вечерно излегување јас би го комбинирала со штикли
Мислам може да се носи денски, од оние сеа што се носат е, со постава и одозгора жоржет (мислам така се вика тоа)
Девојки ве молам за брз совет итно е: За на свадба долгиот или пократкиот да го носам? Сакав фризура некоја пунџа (многу е топло свадба во јули , па не сакам косата да ме поти дополнително). Дали пунџа одговара со нив? Дали штикливе одговараат за пократкиот фустан? Кое пликче со белиов фустан да го носам? Розевиот е убав, долг до земја и свечен но мислам дека ќе ми биде топло со него. Белиот е со прерамки и плус со него има болеро (кое гарант ќе ме чека во кола). Сликите некако многу блескаат од блицот ниту штикливе ниту фустаните не светкаат како на сликите. Штикливе и пликчево ги комбинирав со долгиот фустан, но сите ме предомислуваат за пократкиот. Дали белиов ќе стои со овие штикли и дали пунџа ќе ми стои тоа е мојата дилема . Е со накит сум многу слаба некако, што би одговарало отприлика со едниот а што со другиот?? (на розевиот нема флеки до сликава е нешто).
ana-banana јас мислам белиот фустан да си го носиш со првава ташничка (пошто некако со штиклите ми се гледаат како линиички некои што ги има и на ташничката) Мислам дека би ти одговарала некоја пунџичка, за на врат според мене можеш да ставиш бело кратко бисерно ланче и бели бисерни обетчиња малечки, совршено би одговарале и со пунџичката. Пошто фустанот има прерамчиња градник без прерамки носи. Убав помин.
Јас сум за розевиот совршено би стоел со пунџа.Црниов некако ми е груб со соодност со розевиов кој е елегантен и баш за пригодата,штиклите можеш да си ги носиш и првото пликче дефинитивно.Можеш розев додаток за коса да ставиш а ланчина и белегзии не би носела
Кошулчево го купив пред година и нешто мислам од теранова. Многу лесен материјал е дури мислам дека може да се носи во некое поладни летни вечери, само што навистина немам идеја како да го искомбинирам, малку е долгичко, онаа врвцата што е доаѓа одприлика на колковите па сега замислете ја должината.
И јас имам слично вакво кошулче, исти материјал, иста должина, само моето е на кратки ракави и горе со чипка (на ракавите). Вакво е со копчиња и моето, ама малку погоре од колковите има од оние каивчињата што се врзуваат (кафеаво е каивчето). И не се собира на колковите како твоето. И мене должината ми е проблемот... Поради тоа го имам носено кошулчево само еднаш, во мај, со фармерки. Е сега со што може друго да го искомбинирам ?
Многу ти е убава кошулкава. Мој совет да пробаш со тексас шорц и таман до врвцата да ја пикнеш во шорцот. И надоле едни римјанки или некои бели старки. Спојлер Ќе изгледаш многу убаво. И јас имам ваква подолга кремава кошула и ја комбинирам вака. Вака нешто..
Па кремави штикли, кремава ташна. Мислам дека ланче не ти е потребно бидејќи има синџирче, може само алка да ставеш некоја поедноставна.
За денска комбинација, кошулава би можела да ја носиш со темни џинс шорцеви, црн каиш, црни или бели старки, неколку метални алки и црна ташна. Можеш и со сукња (но не некоја припиена за телото, туку некоја поширока, и долниот дел од кошулчето пикни го во неа) било каков дезен, балетанки, една или две дрвени алки, и некое ташниче. За вечерна комбинација- светли фармерки, тиркизен ѓердан, кафеав каиш, кафеави штикли и плик ташна. Знам дека твојата кошула не е како овие модели, но сепак мислам дека ќе добиеш уште некоја идеја. Спојлер
Можеби доцнам со одговорот, ама сепак... Розевиот фустан не е за на било која свадба, многу е свечен и мислам за да го носиш треба да си меѓу поглавните гости. Плус воопшто нема да одговара со црни штикли и црна ташна! Белиот можеш да го искомбинираш со тие штикли и првата ташна и накит во сребрена боја ако имаш.
Од Венцеија купив една чанта со бели и сини линии . Не дека којзнае како ми се допаѓаше , ама не размислив и ја купив под притисок на друштвото Тие што биле Венеција знаат за што зборувам . Преплавен е градот со такви ташни . Ваква е чантата во боја Како првата сино -бела . Формата и материјалот е како на оваа чанта Одназад е скрос сина темна. А однапред пишува со ЖОЛТИ БУКВИ ВЕНЕЦИЈА Каде да ја носам ? И како да искомбинирам ? Големка е внатре. Може за нашколо некогаш ? Гледам нешто и во тој стил се носи . Кажете некоја комбинација . Само НЕ со морнарско блузе на линии бидејќи немам Спојлер Значи не нешто вака Можеби некоја комбинација со фармерки ќе може да одговара .... Ај посоветувајте ме Спојлер Кај ја купив мајко моја