Фамерчиња, патичиња, блузиче најобично. Можеш и сега да си ја носиш кратки тексас панталончиња, патиче/апостолче/римјанче, блузиче/рамбовче и пичи.
1. Сукњата е прекрасна. Јас имам две вакви, ги утепувам од носење. Сега сум во потрага по тегет, и некоја пастелна боичка. 2. Бела и црна се секогаш во игра, за нешто подраматично и похрабро, сликите доле. danniela5 Tote bags Зошто да не наместо ранец? Јас имам 2 Lonchamp. Една во medium, друга во large. Ги утепав од носење. И за плажа е добра оваа искрено. Јас сакам убави ташнички за на плажа.
Како да искомбинирам кратко тексас суќниче? Незнам со што да ја носам а несакам така да ми стои во плакар
^ Ехеееј. Со рамбовка, со обичен топ, со обична маичка со ракавчиња. Со балетанка со римјанка. Буквално со се.
женски сакам да искомбинирам темно- кремасти сандали на штикла и црни долги пантолони , ама нагоре каква блуза да облечам , може ли на пример кошула иста боја како сандалите?
Црно и крем одат речиси со сите бои. Тиркиз, црвено, тегет и многу други бои, на овие ми текна во моментот. Можиш да земеш крем ташна како сандалите или во боја како блузата.
Женски, како да искомбинирам Федора капа. Знаете за каква зборам, нели? Значи каква и да е капата по боја кажете ми со што.
Според мене федора капата е дел е од стилот на некоја личност, тоа значи дека таа личност одсекогаш си ја носи таа капа без разлика дали е во мода или не, не е работата сега е во мода федора капата па ајде сите ќе ја носиме. Зошто сакаш да ја носиш? Дали таа е дел од твојот стил? Ако е, сигурно ќе знаеш со што да ја комбинираш и ќе знаеш како најубаво ти стои и дали вооптшо ти стои. Сега одеднаш сите почнаа да фураат некој таков стил, хипстерски, па капчиња па ова па она. Јас сега со ова несакам да ти солам памет и да те предомислувам дали да ја носиш или не, ако ти прави мерак носи ја, еве јас бидејќи не се разбирам многу во тој стил, ќе оставам другите девојки да ти дадат предлози. Немојте да сте робови на модата и да носите нешто само затоа што е модерно, а после да заврши во канта. Немојте да носите нешто што не одговара на вашиот стил само затоа што е модерно.
Ги начекав на попуст и ги земав, но немам некоја идеја како да ги искомбинирам..Предлог?http://www.facebook.com/photo.php?f...1337968623.468220.186490553622&type=3&theater
^Можеш со сина кошула, црна сукња, црна плик ташна и некои акцесоари. Исто така можеш и со фармерки, црвена ташна, сино блузе, и една црвена алка. Еве уште неколку предлози Спојлер
Прашањево не ми е најсоодветно за темава можеби, ама не знаев каде. Набрзо сум на свадба, па ми треба помош околу облеката. Не можам да облечам краток фустан, а за долг сум ниска. Што би ми препорачале, каков тип на панталончиња или нешто слично ( битно долго да е)? Дали нешто вакво е во ред?
Да можеш нешто такво да облечеш и да додадеш накит, а ако мислиш да носиш панталони можеш да облечеш тесни фармерки со некоја подолга свечена блуска, а ако носиш од оние широките панталони, можеш да искомбинираш такви широки и некој убав корсет
Јас би останала на тоа старото непишано правило-со фармерки на свадба не. Тесни панталони и штикли-таа комбинација ми е екстра. Или пак некои панталони со висок струк тие шо се, и некоја кошула,стај ја у панталоните,еден убав каиш и пак си екстра. Нешто вакво Гледај да имаш добра комбинација на бои. И убаво да си поминеш
Девојки ајде малку помош. На свадба сум кај блиска роднина, ќе носам елегантно фустанче е сега се мислам за косата. Дали да ја соберам во некоја пунџичка или пак пола фатена како на сликава само со машничка од позади направена од мојата коса. Да не изгледа малку детско со машна или не
Немој пунџа.. Според мене за елегантен фустан најдобро ми е локни. Извиткај ја косата и можеш како моден додаток да ставиш панделче. А со пунџа многу ми е теткински http://weheartit.com/entry/33949490 ете линк види колку и е убава фризурата
Кога ја видов сукњата веднаш ми текна на комбинацијава што ја заприметив неодамна. Фустанов го видов на една слика го носеше девојка некоја на свадба, не ја познавам и се надевам нема да ми замери што и ја позајмив идејава, сепак за добро е. Спојлер Ќе си ставиш и висока штикла и ќе бидеш топ Според мене фармерки не се никако за свадба, а за панталони сепак е лето.