Војнички панталони? Не се вреќести, ама не се ни цевка, некоја средина. Знам дека ќе оди со црна и црвена боја, ама така многу ќе се затворам, некои други бои сакам ама незнам кои да не изгледам пренападно. Се мислев да ги носам со некое потенко црно џемперче, лабава или обична плетка и со ниски црни/црвени старки а како додаток некое посветло зелено ланче и можеби обетки. Што мислите вие?
Држи се до бела, темно зелена и крем комбинација, твој избор која боја. Можеш ако имаш некоја блузичка крем или бела пообична да биде и за накит јас би ставила нешто на златно/бронза мислам дека добро оди со темно зелената. Накитот подискретен, се разбира.
Сакам да носам вечер кратка црна сукња. Надвор е прилично ладничко, срамота е да облечам хулахопки? Немам месо, ќе треба црна хулахопка Салонки ќе носам
Ако некои можат со чизми до колена на +50 да шетаат, зошто да не облечеш хулахопки кога е ладно?Според мене не е срамота, нормално е кога е ладно да се облечеш потопло.
@marama Црна хулахопка оди со салонки, а ако се различна боја уште подобро! Во зима или кога е ладно нема шанси да облечам од оние најлонките, најчесто носам црни хулахопки со црни салонки, а горниот дел е пошарен.
Марама, извини ама мислам дека е многу рано да се отвори сезона на хулахопки и тоа црни. Јас би барала друга комбинација, хулахопки не би облекла во Август колку и да е ладно. Мислам дека и да ја носиш таа комбинација што ја сакаш со некое палтенце или било што по долги, нема многу да ти смени и да се стоплиш ако облечеш хулахопки.
Никогаш не се водам по тоа дали е Август и е поладно, или e Ноември па e потопло, ако ми е ладно си облакам долги и обратно. Марама облечи хулахопки и не се мисли
Блејзер јас го рачунам она како капут што е.И тоа оди со чизми,зависи од моделот ако е поспортски може и на патики.
Сако е ова.Ако мислеше на ова,можеш да го носиш и на плута,и на патики со спортски стил.Можеш на се да го носиш
Јас девојки сакам да прашам со што можам да е комбинирам оваа сукњава? Е како балонче,и досега само 2 пати е имам облечено. Се надевам дека ќе можете барем да видите ?
бидејќи е како балонче што велиш, дефинитивно мораш да облечеш некоја блуза тесна уз тело. бојата не е важна, на црно оди се. со големи обетки и алка, супер би изгледало.