Убаво ќе биде со тесна маица,блуза или кошула,може и топ.Одозгора некое болеро/сако и штикли/балетанки и супер комбинација
Феминки купив бордо сако, како памучно е, и планирам утре вечер да го носам со фармерки ама незнам со каква боја маичка, каков накит и што да носам на нозете...... секој предлог е добредојден
Бордото добро оди со беж боја, па ако имаш можеш со таков топ да го искомбинираш по можност најобичен со некоја добра огрлица така да паѓа во очи, а сепак да не биде кич. Или пак искомбинирај го со морнарска маичка, на сакото стави некој брош ако имаш дома, интересно би стоело. На нозете салонки или балетанки.
Си купив војничко зелена сукна, со висок струк, негде над колена. Предлог некој со што да ја комбинирам за вечерно излегување. Имав во план крем блуза на 3/4 ракавчиња, со панделка напред и крем сандалки. Некој друг предлог освен ова?
Evellyn - Со бела, црна или кремова маичка е познато видено и утврдено дека убаво стои. Мој предлог е со морнарска маичка или темно сина, плус бели детали, да биде како морнарска комбинација. Фармерки можеш, фармерска боја, не во бои или некоја суќна ако имаш, не многу лелеава, така прилепена на телото. За на нозе, бидејќи е сако, не ми е многу во лежерна гардероба, мој предлог салонки бордо или сандала некоја. Накит незнам што, ако е со долги ракавчиња, некое ланче (ако носиш обична маичка), обетки стави. Во споилер ќе ти ставам сликички, но не е секаде сако, само да видиш како комбинации. Спојлер day.dreamer - Со сандала црна и маичка црна или бела, плус некое ланченце со привезок. Дезенот е доволно шарен, не треба ништо друго. Може и некоја маичка со линии ако имаш, црна и бела. Друга инспирација немам.
Женски,дали одговара оваа сукња со кошулчето или не Мене некако ми оди,ама и не ми оди.Еве ви ги во прилог посебно парчињата и како стојат на мене
ilipili мене комбинацијава искрено не ми се допаѓа Сукњава би можела да ја искомбинираш со обична рамбовка
Според мене најдобро е да ги носиш во есен/зима, зашто како што ги гледам не ми изгледаат на некои летни, сигурно се дебели, ако ги носиш може само да ти биде топло на ногата.
Ilipili- Не ми одат парчињава заедно. Сукњата е многу убава .Искомбинирај ја со некоја еднобојна маичка.Кошулката искрено не ми се допаѓа. koritsaki- И јас сум за да ги носиш кондуриве есен/зима.Неможам да ги замислам во летна комбинација.
Со што да ги искомбинирам ваквите старки.? Бледо сини се, и се преклопуваат на потемно сино.(немам слика со такви старки) http://stuffpoint.com/shoes/image/74807 ... -stars.jpg слични на овие . http://www.starconverse.com/images/Conv ... tar-42.jpg ваква боја ама високи
ilipili искрено комбинацијата те прави да имаш 65 години, а не 25 (најискрено), подобро облечи бела рамбовка(како што имаш предлог погоре), или пак некоја бела кошулка со руска јака и пробај да ја направиш сукната со висок струк( ако е можно), мислам дека ќе стои подобро.
Илипили,сум приметила и во модни критики дека се облекуваш како постара.Сега,не е мое јас да ти кажувам што да правиш,ама имаш само 25,а комбинацијава те прави како 45. Сукњата можеш да ја потскратиш барем малку(оти ми има бабска должина),некаде до колена или малку под колена и можеш да си облечеш бела кошулка(според мене со рамбовка не би стоело) и бели сандали на плута или балетанки.Јас мислам дека вака би стоело супер.
Со фармерки, или тесни пантолони, добро би било сива боја ако се, горе можеш така некоја шарена маичка со натписи, било да е бела или сина, ташничка настрана и некој палав накит, обетки, ѓердан соодветен со останатите бои. Јас вака ги замислив старкиве
Најпрво што ми падна на памет е следново: панталоните, маичка бела, малку широчка но може и тесна, палтенце во крем боја, со оглед на годините што ги имаш би ти препорачала балетанки во крем боја, накит можеш во минт-крем варијанта, ташничка исто крем. Комбинацијата би била добра и со кафена варијанта наместо крем.