Дали би одговарало резеда палтото со крем пликот , имам штикли иста боја како на пликот. И што би можела да облечам под палтото .. дали на пример бела рамбовка ?
^ Одговара Бела рамбовка можеш, но додај некое ланче, да не биде многу еднолично (но и немора, ако сакаш да биде по "чист" изгледот). Исто можеш и со бела кошулка, маичка со некаков принт (дезен), цветен , точки, птички итн
Феминки вечер ќе ги носам овие бордо панталони во комбинација со светла крем маичка,па сакав да ве прашам дали одговараат овие сандали?Ташната ми е крем со кафеаво што ќе ја носам ако одам со нив. И каква боја џемперче да си земам?
^ Можеби малку каснам, ама да, сандалите одговараат со комбинацијата. Можеш да си земеш некое бордо (црвено) или црно џемперче
И јас имам исти штикли и такви панталони. Имам комбинирано со црна маица и крем сако. И со бела кошулка и крем чанта. И со црна маица, црно сако и крем чанта. Ехеее, имаш доста можности за комбинирање, не се ограничувај.
Со бела маичка или црна слободно прошетај си ги, убави се ... патем, ке додадеч некоја брзлетна илио ѓерданче и обеци и ке биде уште по совршено
Што мислите девојка од метар и шеесет да носи долг свечен фустан ? . Ниска сум и јас не сакам ама тоа е . Сега добро ако ставам штикла 8 сантими ќе искажам троа повисочка. Но сепак за долг фустан не знам колку е прикладно. Значи се на се 168 сантими. Што да правам ? Да купам долг фустан ( инаку ми треба за на свадба) или до колена ? Да не изгледам неубаво во долг? Зошто ем ниска, ем долг фустан.... малце ми е шубе. Повеќе им личи на високите. Барем над метар и 73-4 сантими со се штикли да се собереше си велам за долг фустан . А повисока штикла од осмица не носам. Губам рамнотежа на побрзите ора Совет ?
Стафиш, ако ти се свија како ти стојат зашто да не бе.И не е толку лош принтот, сметам дека знаеш добро да го уклопиш. Јас сум за :up:
Не мора да значи ако си ниска дека нема да ти стои долг фустан. Само треба да најдеш соодветен модел и секако боја, кои што нема да те прават да изгледаш уште пониска. Според мене таков ефект најдобро можеш да постигнеш со црн фустан или пак некоја друга потемна боја. Светол или пак шарен не би ти препорачала ама ти си знаеш. Најдобро е самата да си пробаш повеќе фустани и да видиш кој најдобро ќе ти стои. Ако не најдеш таков подобро ќе ти биде да избереш пократка варијанта.
Јас мислам дека не треба да се ограничуваш толку со тоа што си ниска , носи долг фустан битно е ти да се чуствуваш удобно и убаво ....
јас би ти препорачала да пробаш повеќе модели бои па види како ти стои можеби ке најдеш нешто соодветно ако не подобро да носиш нешто во што се чувствуваш удобно без разлика дали е кратко или до колена
Старфиш јас би ги носела, баш се фаца и дури би одела на посмела варијанта со горен дел во друга боја, немора да е се црно бело по правила. Или пак обична бела маичка ама додатоци во смела боја. Не се замарај, носи си долг фустан. Сепак е посвечен и поелегантен. За мене постои едно правило - нема облека што стои грдо на (ниска) девојка, него облека што не знаеш да ја носиш. Јас сум ниска па носам кратки, долги, секакви фустани, па ми стојат супер. Сепак е и до градбата на телото, не само до висината, па според тоа одбери си дали тесен или поширок фустан ќе носиш. Нема правило на висина него има само добар или лош изглед. Има и високи девојки кои не знаат според телото да си одберат фустан па лошо им стои и долг фустан.
Го купив денеска фустанчево за ефтини пари, не ми е нешто нај нај, ама онака за секој ден е супер, а и убаво ми стои Е сега ми треба помош со која друга боја освен црна би можела да го комбинирам, каква боја на сандалки би стоеле А, да и бојата е малце потемна во живо Спојлер
Крем, кафеави. Можеш на половината да ставиш кафен каиш, крем или кафени сандалки и таква чанта. Дрвен накит, алки и обетки.