Ve molam za pomos za tirkizni salonki kakva boja fustance e naj dobra kombinacija za svadba .. epten sum vo dilema pomagate
Јас тиркизот си го комбинирам со крем, најубаво ми е така. Можеш со крем фустнче, салонките, плик со тиркиз боја и накит на златно, некој поубав златен ѓердан и ситни такви обетки, или големи обетки златни и алка/и златна/и.
денес си купииф розевии дреееч пантолонии како да ги искомбинирам? (еве вакви се како на сликава) http://ohjoy.blogs.com/.a/6a00d8341c6a0 ... 970c-800wi
јас ова би го комбинирала со крем боја...балетанки, и каивче/долго ланче можеш со крем/кафеава/плава/жолта блуза...исти такви чевли, и по некој розев детал
Можеби овде не е соодветното место за да прашам, ама ќе прашам Имам долг сатенски фустан, ама на новите штикли ми е малку краток, а јас го сакам ептен до земја да ми е. А и плус не ми е баш погоден, од напред ми се дига. Вака некако бапски ми стои. Прашањето ми е, што да му ставам, некој материјал одоздола или одозгоре врз сатенот да му нашијам некако, некоја чипка, тул. Помагајте итно ми е.
Би те советувала да си купиш материјал жерсе , оној лесен,ептен тенок што е. Обично сатенот се става одоздола за да не се скрозира. Ќе си побараш слична боја со сатенот не мора иста, нема да се приметува разликата. Сега сатен не се ни носи така што ова ти е одличен избор да си го смениш изгледот на фустанот. Али ќе мора да го дадеш кај искусна шивачка да ти го средат. Впрочем, да си се обратела кај некоја таа најубаво знае дали фустанот трпи било каква промена и со кој тип на материјал.
Феминки, ми треба помош...не знам што да носам на бранењето на дипломската тема Знам дека нема да носам фустан. Сакам да е некоја комбинација од штикла (не екстремно висока), панталона (евентуаааално некоја класична еднобојна најпроста сукња) и горе е горе што?! А да земам некое нежно (бело со цветчиња) фустанче?!? не знам.... Иначе се замарам со носењево зошто после бранењето со колеги и колешки и плус друштво ќе одиме на частење и ќе ми се фати целодневно излегување и сакам да сум така...ем ко за на факултет пристојна, ем ко за излегување по-дотеранка (160-тина цм висока, 50-тина кгр и долга темно кафена коса) Идеи?
дали одговараат овие три бои? ми треба за фустанчe. последната е тиркиз а првата крем.. или пак посветол крем да земам?
^според мене одговараат првата и втората...и првата и третата боја....а не знам баш дали ќе одговараат сите 3 заедно...можеби ќе одговараат
фустанчето е ова, но сакав да ги сменам боите, тоа беа првите три што ми паднаа на памет, секој совет е добредојден
......а јаc помислив дека го имаш купено и не ти се свиѓаат боите, па сакаш да го префарбаш некако ххх и јас сум за да остане црната...а наместо розева може крем...па да биде црно, крем и тиркиз....или може тиркизната да ја направиш крем...па да биде црно, крем и розево...ама ваква розева
Бранење дипломска, веројатно ќе има присутни пријатели, родители, професори, комисија и тн. Ти препорачувам да си најдеш некое фустанче до над колена или пак комбинација сукња до над колена и кошулка. Самата си кажа штикла пониска, ако имаш некои така поофицијални значи не како оние за излегување навечер. Евентуално ако не сакаш сукња или фустанче тогаш одлучи се за панталони, одозгора некоа кошулка. Само гледај боите да не бидат шаренило, да одвлекуваат внимание. Комбинирај црно со крем или бело и сиво. Задржи се на тие бои. Ова мој совет, а ти како сакаш така.
Оди да искомбинирам обична бела кошула по долги ракави, со мали џепчиња напред со војнички панталони, малку потспуштени ги носам, бели патики со црно, марама со црна основа, и крем/кафеави мотиви и ако ми е ладно црна кожна јакна? За се сум скоро сигурна дека е добро, освен за кожната јакна и марамата.
Мене лично кошула и марама некако не ми оди комбинацијата толку. Никогаш не сум носела така. Можеш без марамата, а за јакна ако е за навечер сигурно ќе е ладно така да ќе мораш да земеш нешто по долги (ако е кошулата тенка). А и комбинацијава кошула со патики малку ме става во мислење но сосем е во ред кога одиш на спортска варијанта. Сепак и моделите не знам какви се за да те посоветувам. А ташна/чанта каква планираш да носиш?
Вака, јас сакам сега за прв академски час на факултет(пошто сум бручош нели ) сакам да носам крем кошула-обична и фармерки со висок струг.кошулата е со долги ракави. Е сега, моето двоумење е тука: Сакам кошулата да ја ставам внатре во фармерките, значи нешто вака И одозгора, бидејќи е обична како што спомнав погоре сакам да носам долго црно-бело ланче. Па заради ланчето да носам и бели балетанки. Ама има проблем што нели сум со + килца, слично волкава сум и нормално ми се познава стомачето Помошшшшшшшш?! Да носам така, или не?
@Speechless Ако се чувствуваш удобно носи си така ич не се замарај за тоа. Мислам дека и нема ништо да ти се познава ако се со висок струк. Белки ќе те гледаат во стомакот Уживај си