Да си носиш тоа сто ти е на кеф и ич не се замарај со тоа уживај си комбинацијата е супер и ако ти се чувствуваш удобно во тоа тоагаш незнам зошто би било проблем!!!
Јас мислам дека правилата од времето на нашите мајки дека треба да се носат чизми само за во зима не важат веќе. Денес се е дозволено во модата
Чизмата е зимска обувка, а надвор има само 18 степени. До вчера носевме кратки ракави навечер. Прерано е за чизма. Една капка дожд падна, не паѓаат пингвини надвор, не е толку ладно. Балетанчиња и салонки се таман за времево.
^ Корална одговара со сива, бела, крем, златна, тиркиз, светло кафена, зависи за што прашуваш. Зелената ако мислиш на потемна тогаш оди со кафеава (сите нијанси), крем, бела, виолетова, црна...
За чизма уште е рано.Ама кај мене низ градов во овие два дена видов дури две девојки во чизми! Така да ништо повеќе не ме чуди. За девојката брусошот,јас мислам дека добро би дошло кошулата да е ставиш во фармерките бидејќи ќе ти бидат со висок струк и да ставиш после некое тенко каифче. Е сега прашањево мое не е за комбинирање туку девојки сакам да ве прашам закажав да шијам црна сукња тесна како оваа од десно само не таков модел,значи класична.Е арно ама сега матријалов ми е сатен.И сакам да прашам што мислите како ќе биде пошто ќе биде сатенска? Јас некако бааѓи се двоумам,ама џабе ми е.
Сатенот знаеш дека не се растегнува воопшто, не знам дали ќе седи добро. Ако сакаш класична можда ќе биде ок, ако сакаш залепена уз тело тогаш ќе не можеш да ја облечеш. Јас би избрала некој друг материјал место сатен.
Има сатен и со ликра што се лепи за тело и се добива тој припиен изглед што веројатно сакаш да го постигнеш, а сепак да можеш да се движиш и слободно да дишиш. Мене последниве неколку години сатенот како материјал воопшто не ме привлекува, и во секојдневни па чак и вечерни комбинации не ми се допаѓа, во некоја свечена, свадбарска комбинацја можеби добро би се уклопила. Ако планираш да ја носиш во свечена прилика ок ќе биде, но ако планираш да ја носиш во секојдневни комбинации мој совет ти е да се потрудиш да си набавиш друг пообичен црн материјал со ликрА, зошто ќе можеш на безброј начини да ја ко.бинираш и максимално ќе ја искористиш.
Девојки не се оптеретувајте дали според датумот било време за чизми, палто и сл. како се чувствувате така облечете се, ако во лето падне снег и е минус нема да облечете чизми и капут? Смеењето на другите дека носат чизми ‘‘вон‘‘ сезона според мене е малограѓанштина. Денес секаде, па и по стрит стајл блоговите гледаме постојано мешање на парчиња од различни сезони што најчесто изгледа кул и стајлиш, па ако знаете тоа да го носите сезоната е најмалку битна.
Имам ваква кошулка само е минт боја со што би можела да ја искомбинирам И должината е прилично истата.
Па сега веќе се заладува така да не е за кратки панталончиња,ама во кратки паналони убаво би столео....или на фармерки/панталони со тенско каивче кај струкот и се некако ми доваѓаат поразголени идеи,по летни..ама не е веќе за моите идеи :/
Девојки со што можам да го искомбинирам ова фустанче, проблемот е во тоа што на располагање имам само црни чевли, и црни сандалки. Ми е за на свадба октомври месец. Незнам со што да го искомбинирам каков накит и дали има потреба од несто друго?
Според мене облечи си црни кондури, и за да се отворис малце можеш да земеш ташна ( би ти одговарало пликче) но да не е црно земи го во бела или крем каква боја имаш и обетки некои во бојата на ташната но да не се премногу големи некои по нежнички и можеш некоја нараквица со таа боја да ставиш но мислам дека ланче би те затворила....
Една комбинација ти е со бела и светло кафена боја. Можеш и со фармерки светли, на нога балетанчиња црни и црна ташна. Можеш и со крем панталони, а останатата комбинација (обувки, каиш, накит) во кафена (посветла). Исто и само со црна боја да направиш комбинација. Ако имаш панталони во корална боја исто така добро би одговарало (да се искористи уште малку сончев зрак и топло време од тоа што преостанува од летото). Можеш и со потемни фармерки на нога крем обувки и некое крем палтенце. И за крај со кафени панталони со комбинација во минт и нешто крем. Во октомври веќе ќе биде поладно, сигурно ќе треба да облечеш и хулахопки. Одбери некои тенки со дезен, црните чевли и можеш плик и накит да ставиш во друга светла боја да не си цела во црно. Еве еден пример, можеш да си купиш плик од оние што се во неколку бои како блок (пример, крем потемна, крем посветла и бела) да си купиш некои убави обетки во такви бои. Немора токму овие, можеш кои сакаш. И сигурно ќе ти е потребно палтенце за одозгора, за неговата боја јас би се одлучила некоја нијанса како пликот што ќе ти биде (значи не црно).