Можеш црвено пликче,белегзија и црвени обетки,некои помасивни за да не би имало потреба од гердан..мислам дека црвено-црна комбинација би била одличен избор...
девојки се мислам цело време, имам едни црни кожни хеланки со раб на средина на ногавицата.. е сега проблемот е не знам горе што да облечам.. доле имам едни црни штикли ама не знам што блуза пошо кожни се, па ако може некој совет со што да ги искомбинирам.. Фала вии!!
Со некоја поедноставна, по можност памучна маичка, а може и кошулка од шифон. Во секој случај, материајлот на маицата да не е светлуцав, свечен и премногу нападен. За боја може да одиш било која, најсигурна ти е бела, трпи различни акцесоари.
Ајде и јас да си прашам мислење... Дали би облекле маичка еднобојна со натпис од напред и со кратки ракави и палтенце црно, подолго со 2 копчиња? Значи палтото седи и на сукња и на панталона, фармерка, фустанче, буквално на се, само не знам дали би одговарало во таква варијанта. На нога панталони и штикла. Мислење??
јас мислам дека би одговарало, зошто да не.... не знам каква боја е, ама мора да одговара со цевка фармерки а за тоа дали би облекла маичка со натпис, зависи од натписот
Ќе ве замолам за помош . Имам ваков сличен фустан, само што е црвен и деколтето не е во V туку заоблено и е позатворено. Со што накит би го искомбинирала затоашто кога го гледам со ништо не ми оди некако. Фала
Бојата е ваква Натписот пишува вертикално Aero со некои извртени букви. Панталоните, да цефка. Палтото црно како што кажав, подолго и со 2 копчиња. @anngelique Пробај со златен накит.
Девојки ми треба ваша помош. Денес ја купив оваа блуза од Happening и сега сакам да ми предложите со што да ја комбинрам, мислам со каква боја одговара повеќе и дали би ја облекле со панталони, сукња или со некоја халина??. Јас ја пробав со црна маичка и црни панталони, и ок беше, но сепак да прашам и за некоја друга комбинација. Исто пробав и со кафеава маичка и сукња но некако не ми се свиѓаше. ( можеби треба некоја друга нијанса од кафеавото) Ми беше љубов на прв поглед и затоа морам под итно да и најадам нешто што и одговара .
Да ти кажам право мислам дека со сукња ова нема да седи. Ми изгледа како модел што се носи со пантлолона/фармерка. И тоа тесни, цефка. За бојата не си ја утнала кафената туку не изгледа добро со сукња. Бојата како што кажа можеш комбинации со црна, кафена (сите нијанси), сива исто така сите нијанси.. од прилика овие есенски бои.
Deliza јас оваа боја ја обожавам и ја комбинирам со скоро сите други претежно темни нијанси од: црвена, зелена, сина, бела, црна, може и комбинација од црно со бело, циклама... Спојлер Е сега конкретно за оваа блузичка јас би ја носела со: 1. Тесни темни фармерки, некоја маичка со црно-бели риги или интересен принт или некоја од боите погоре со црни чевли или крем кафени (пак зависи од изборот горе) + накит. 2. Тесен краток фустан, поедноставен во некоја од боите што ги наведов погоре. 3. Сукња со висок струк, едноставна кошула внатре, впечатливо ланче. Да сумирам, ова би го комбинирала само со тесни и работи кои се припиени за тело, со малку подкренати ракави и впечатлив часовник, помала чанта за на рамо или плик.
deliza можеш и со портокалова некоја маичка ама позагасита боја, или маслинасто нешто. Во принцип есенски бои
Јас би ја носела со црни фармерки (цевка) и црна маичка,балетанки и чанта во боја како блузата Или пак може и со црно кратко фустанче.
Феминки ,да ве прашам нешто , сакам да носам едни дезенирани хулахопки црни , има нешто како ружи таков им е дезенот е ме интересира дали може да ги комбинирам со кремасти штикли , кремаста чантичка и кафеаво кремаст фустан? да не бидат дреч хулахопките дека тоа само црно или да си земам црна чанта?
Девојке во петок сум на роденден и планирам да носам црно фустанче како тексас е и нема рамки (корсет е) па незнам со што да го искомбинирам. Дали да носам цандали, штикли или пак од оние летните чизмички шро се како плетени Секој предлог е добредојден
^ Со штикли! Мислам дека за сандали веќе не е, а и не би ти препорачала летни чизмички како тие плетените (јас лично воопшто не ги обожавам).