и јас би ти препорачала штикли да носиш...само немој црни, бидејчи фустанчето е црно...па да не бидеш цела во црно, треба нешто за да разбие монотонија
Па можеш и така и така. Сепак, јас мислам дека не ти треба црна чанта. Нема да одвојуваат. А исто така добро би било да најдеш кафени такви хулахопки, таман ќе седат со кремастите штикли.
Ајде феминки помошшшшшшшш оваа сукничка ама со што да ја искомбинирам,сакам црно крем штикли ама горе што??? Вака како што е на сликата несакам,не ми се допаѓа,дали обичен црн корсет(се разбира не памук,некој друг материјал)а бижутерија каква?Секое мислење е добредојдено,инаку за на свадба ми е.
Со висок струк е така? Најсигурно е да одиш на црно бела варијанта, што значи горниот дел да ти биде црн. Ако си за нешто друго, може да пробаш и со тегет, темна крем нијанса, лила....Како и да е, со белово оди нешто во јак контраст. Ако се одлучиш за корсет, тогаш стави некое помасовно ланче, сребрено оди најубаво во црно-бела комбинација. Убаво би изгледало и со шифонско кошулче, ако успееш да набавиш. Во тој случај може да ставиш поголеми обетки.
Ако носиш црно-крем штикли, тогаш нешто во тие две бои. Сукничката ако е бела, горе можеш црна комбинација, а и немораш. Јас би вметнала горе крем. Оди белото со крем. А накит, плик и палтенце (затоа што веќе е ладничко) црни. Е сега за тоа дали да биде кошулка или корсет не знам што имаш дома. Ако купуваш тогаш најди крем корсет. Или така некоја тесна свечена маичка што ќе одговара со сукњата и да ја ставиш внатре.
Девојки сребрено кратко фустанче со какви штикли би го комбинирале , некоја друга боја? И иде ли да го носам со чизмички зашто материјалот му е тенок, како трико нешто сличен? И уште ако ви текнува конкретно продавница кај има нешто што ми одговара за фустанчето би било супер.
Па вака ... За 8 дена ќе одиме во охрид со друштвото. таму ќе останеме 2-3 ноќи па ќе има коо некоја си забава така нешо. првата вечер сакам да носам едно кремово фустанче залепено без рамки и не е мини а и не е до колена исто мислам да носам и црни штикли со црна плик ташна . Да ставам ли црн ремен на фустанчето за да изгледам поелегантно ило да го оставам така ?? И уште нешто поим немам шо да носам на втората вечер фала ви однапред
па можеш со црни, тегет.. барем според мене сребрено скоро со сите боички ми оди.. сепак до тебе е, убаво искомбинирај си го и накитот.. какви ти се штиклите стави и таква боја некој детал на себе.. а за чизми веќе е есен можеш, меѓутоа како и да е не е битно времето битно е ти да си се свиѓаш, не се замарај
па и не мораш да ставаш црно каивче башка прилепено е, сепак пробај си пред огледало како ти се свиѓа повеќе.. јас би ставила некое впечатливо големо ланче.. а за втората вечер...па можеш да ги искомбинираш истите штикли и ташна за да не влечкаш многу работи.. е сега или со друго некое фустанче или пак можеш фармерки и горе некое така поубавко маиче или кошулка.. е сега на тебе е ти си знаеш поздрав и убав провод!!
Дечки во Недела сум на веридба кај братучедка ми е сеа незнам што да носам мислам незнам кое од овие три да го одберам првото фустанче ми е од матурата вчера го пробав и гледам таман ми е второто ми е поклон од многу драга личност а го имам носено и на свадба третото го носев за роденденот
јас ти препорачувам да го носиш второто фустанче со ташната од првото и плус уште некој детал во боја како ташната
Мене 3 ми е интересно но мислам дека за на веридба повеќе би одговарало 2 и искомбинирајго со некои поживи бои да не биде монотоно