Срцко мене најмногу ми се допаѓа второто фустанче,баш и за приликата одговара,но да го искомбинираш со некоја друга боја на чевли,накит и чантичка за да не си цела во црно. Пример можиш некои кремави или пак црвени да носиш чевли
второто фустанче само да не бидеш се во црно како што ти пишаа и другите феминки Спојлер убав помини си
Утре одам на стоматолошкиот универзитет за интервенција на умников... дали е соодветно да носам комотни шорцеви? Ќе патувам плус, и многу ќе ми е жешко. Што мислите?
Мислам дека тука е најпогодно да прашам, ако не преместето ми го прашањето Вака имам едно маслинесто палто од пред 5-6 год. Сега го најдов и ми се фаќа, само ракавите ми се куси, па мислев да ги носам така завиткано до лактите. Прашањето ми беше која боја највеќе иде со маслинеста да ја сменам поставата од внатре, бидејќи и таа е маслинеста.
ПА можеш да искомбинираш со некоја постава во сив тон или пак црн. Сепак сиво мислам дека повеќе би одговарало.
Зависи какво сакаш палтото да изгледа. Можиш и со кремава боја, со црна, со бела со кафена со шумско зелена... Инаку можиш да го комбинираш со се, со фустан, со сукња, јас би го носела и со класични црни панталони.
Зависи какво сакаш палтото да изгледа. Можиш и со кремава боја, со црна, со бела, со кафена, со шумско зелена... Инаку можиш да го комбинираш со се, со фустан, со сукња, јас би го носела и со класични црни панталони.
пред некој ден си купив на попуст розова маичка прилепена со хоризонтални црни со материјал и по неколку чипкасти црти,долга ми е 5-6цм под задникот,незнам со што да ја носам со црни хеланки со дезен без дезен,помош
^ Со тесни цефка панталони (црни, тегет, сиви, крем) или со тесни фармерки. На нога можеш со балетанки или кондури.
Можеш да ја носиш со црни класични хеланки или пак црни хеланки со малку чипкаст дезен на нив мислам дека и во двете варијанти би одговарале.
Есперанса можеш да искомбинираш со црни хеланки ама без некој прнт или можеш со бели како и да е црно и бело на се одговараат
Како би можела да ја искомбинирам оваа туника?Купена ми е уште во март/април и ја немам носено до сега од проста причина што незнам како да ја искомбинирам.Во должината ми е малку специфична,напред е во ред,но задната страна ми е некако пократка. Совет?
Со темни црни хулахопки Спојлер и кафени чизмички ( боја ко каивчето), со крем чизмички, секако можеш и со безбојни хулахопки, ако се вади каивчето можеш да го смениш со некое тенко, црно. Експериметирај со овие бои, крем, кафено, тегет, црно и нема да утнеш
^^ Пошто се бисери, јас би идела на поелегантна варијанта, со црна кошулка и здолниште. Или на поедноставна маичка, со обичен отвор горе, за да дојде до израз ланчето.
Дечки ај помош малце. Имам 1 маичка по кратки ракави црна е и има на неа натпис малце, има и 1 пеперутка и чаша вино со циркони е така изгледа е сега знам дека можам да ја искомбинирам со се зошто е црна пр. со хеланки,фармерки и панталони но сакам да биде нешто по интересно со боите и така да биде посебна со некои додатоци ли и сл. Фала од напред
Пробај со сиви фармерки како ќе стои, ако имаш. Или пак со обични фармерки. Претпоставувам дека маичката е спортска, можеш со ситни цирконски обетки (знаеш какви мислам, оние најмалечките), и часовник, по можност во боја или пак од оние поголемите. Друго накит не. Кожно палто/јакна, а на нога нешто рамно. Од прилика ова ми дојде на памет.