Jaс мислам дека уште е рано за вакви чизмички да почниме да носиме,сепак зимата допрва доаѓа,пред нас е. Дури ќе ни се здосади. Инаку за ланчето од Chocolate.me освен корсет единствено нешто на што ми текна дека можеш да го носиш е ролка.Или пак некое фустанче
Девојки незнам дали прашањево е баш за овде но сепак... Ве молам да ми кажете на Црно тесно фустанче каква фризура би била најсоодветна? Инаку имам долга црна коса до половина ми е... инаку приликава е свадба
Многу зависи и од тоа каво е фустанчето во горниот дел. Јас мислам голема пунџа на темето најубаво би прелагало, или висок реп. Не!
Зависи какво е мантилчето и какви се патиките. Јас едни патики што ги имам супер стојат со мантилче. Така да има исклучок. Ако ти се бели, Најк или Пума или било која марка баш онака спортски изглед, тогаш сигурно нема да одговара. Ако ти се некаков специфичен модел со интересен дезен и далеку од спортска патика, тогаш одговара.
Девојки одговараат ли крем кондурчиња со црвени пантолoни? Што друго можам да искомбинирам со ова? Ај некој нека ме просветли оти јас сум тапа за комбинирање..
Многу зависи и од тоа каво е фустанчето во горниот дел. Јас мислам голема пунџа на темето најубаво би прелагало, или висок реп. На многу танки прерамчина и насобрано е малце кај градите, не иди ни на V а ни право несто измеѓу е. И дали би одговарала шарпа на него како наметка да се носи?
^^ Сепак пунџа. Нека ти ја направат голема, на темето, и да е едноставна, без локни и слично. И може марама да си носиш како наметка, а на овој отвор може да ставиш и некое поголемо ланче.
Одговараат, како не. Па задржи се нешто на тие две бои, маичка ако имаш крем или пак бела, можеш и еднобојна или шаренка да биде, зависи ако е ладничко можеш плус со палтенце крем, а за накит ако имаш стави некој ѓердан златна или бронза боја и ситни обетки. Или пак поголеми обетки и часовник ако имаш на крем/златно или алки во такви бои. Можеш да ги комбинираш со тесни цефка панталони или фармерки. Можеш и со тесна сукња до над колена, а и малку покуса Ако прашуваш за комплет комбинација или за бои пиши пак.
И мене ме иритира. Додуша, зависи како е искомбинирано, ама сакото ми е елегантно, а патиките се спортски. Јас никогаш не би се облекла така. Оди, и тоа како! Крем боја одговара речиси на се, а поготово последниве 2-3 години на се ја комбинираат. Дефинитивно е ладно за сандали. Јас бев со балетанки и ми беше ладно, пресмрзнав. Поготово, што сеуште се седи надвор или вратите се изотворени. А, гледам наголемо почнаа и чизмите да се носат. Сепак веќе сме Октомври и личи да се носат чизмички.
Дали со долг свечен црн фустан и црни салонки е задолжително и црни хулахопки или да облечам месо боја?
Ќе се гледаат хулахопките? Штом е долг не верувам дека би се гледале... Можеш и такви и такви. Црните ако мислиш на оние скроз тенки, добро ќе биде. А и месо боја, само не оние што светкаат, туку обичните.
Со што да искомбинирам сина суќна, тесна и малку со висок струк? Имам цветно топче со сина основа, но веќе го имам износено со оваа суќна цело лето, сега нешто со црни хулахопки, затворени салонки.. ама што? Спојлер