Дали би носеле кратки црни сомотни панталони, и со што би ги искомбинирале? Вакви слични се само залепени.
^^ Да. И тоа да знаеш само колку можеш да ги изнаносиш периодов, маста да им ја извадиш! Јас имам црни сомотни пантаончиња, уште пред 3 години од Мотиви купени за Нова година и мислев дека така ќе останат, еднаш облечени. И се излажав затоа што есен-зима ми се во топ три парчиња за излегување. Најбејзик, со бело кошулче и сако од горе, во сите можни бои што ги имаш. Јас многу сакам да ги носам и со црни дезенирани хулахопки и некои чизмички на штикла. А може дури да пробаш и со хулахопки во боја. Понатаму, можеш со маичка со некој принт, па џемперче од горе, за покежуал варијанта. Стварно имаш доста комбинации, почни да склопуваш со тоа што имаш и ќе видиш. За мене вакво шорц е маст-хев
Жени бе, кафеави чевли, со што? Кои бои освен кафеава и сива одат со нив, да се заангажирам малце, гревота е така да стојат Елегантно-кежуал се Вака се слични, само ремчето е малце подоле и потанко е Спојлер
Бидејќи сум нова и не знам како се става слика, па ќе ви оставам линк http://www.polyvore.com/cgi/img-thing?. ... d=44904549. Со што можам да ги искомбинирам, за вечерно излегување?? Хулахопки какви???
според мене кафеаво убаво стои со розево и црвено јас мислам дека може со рамбовка и салонки...за боја можеш бела, црна, крем, кафена....
Не знаев каде да го поставам прашањево, па ај тука. Дали во есен/зима може да се носат вакви штикли иако се отворени кај петата
Денес си купив така цветно кошулче. Кај вратот е како на сликава може малку подотворена,има 3 како копчиња(имитација) со 3/4 ракави . Е сеа сакам да ја искомбинирам со фармерки искинати ,или па црни панталони ? И да главното прашање ми беше какво ланче да ставам ??
Мислам дека подобро би било да искомбинираш со црни пантолони. А за ланче...паа стави некое пократко ако имаш,не би ставала долго ланче затоа што рече дека има петличиња и некако би дошло многу измешано или пак воопшто не ставај
Имам исти вакви (и црни и кремави). Е сега, сакам да прашам со што мажам да ги искомбинирам освен со салонки? И каква боја блуза да носам со кремавите?
^ Освен со салонки мене овие не ми одат со ништо друго,можеби со балетанки.Ама искрено незнам како би изгледало,најубаво ти е со салонки. А инаку овие како што гледам насликава,најмногу одговараат со кошула
^ Ако ти се вака широки кај ногавиците тогаш мислам дека е најдобро со салонка, може и балетанки. Ако се помалку тесни тогаш можеш да носиш и некоја штосна штикла - чизмичка. Оние до глужд што се. А горе можеш со скоро со да ги искомбинираш дека кремаста е универзална боја, па со се оди. Можеш со обична маичка, па врз неа сако и некое долго ланче, можеш и со кошула, баш со се.
Луѓенца ај малце помош... Црна чизма од оние над коленици,дали оди на портокал панталона.Мислам нешто како хеланки му доаѓа. Да не е невкусно? И немојте,ама молим вас немојте со она црно на се оди!Е не оди! Благодарам.
Ако премногу е јака бојата, баш портокал, не ризикувај. Барем јас не би облекла. Да е темна портокалова, онаа тиква боја, есенска, би можело да стои.
Дали некогаш би го облекле џемперов и ако да, со што би го искомбинирале? Малце е лош квалитетот на сликата поради тоа што е сликано со телефон, инаку боите се поживи.
Вечерва сум на собиранка. Имам исти штикли како овие на сликава, ама не знам со што да ги искомбирам. Облека, накит, сите идеи се добредојдени.
На кафеаво идат многу бои.. иде кремаста, црвена, маслинеста, окер, златна, розева.. Едноставно, не ја комбинирај со тегет, црно и виолетово. Јас би ги носела со тесни фармерки, било каква блуза од боите што одат со кафеаво и некоја интересна наметка или палто. и некое големо, уникатно ланче