имам ваква боја на туника , со што можам да ја искомбинирам? Одговараат ли кафеави штикли? И црни хеланки?
^Кафени штикли да, но црни хеланки не баш. Ако туниката ти е малку подолга, би ти препорачала да си купиш од оние подебелите зимски хулахопки со некој дезен, а бојата да биде кафена. Ако не е толку долга туниката тогаш купи си кафени хеланки. Инаку темно зелена со кафена оди совршено
Е вака Дали да носам окер боја капутче со тегет фармерки и каква блуза. Што на нозе и каква чанта? И темноцрвена пелерина со хеланки(како фармерки), кафена туника, кафена чанта и што на нозе. Не скам кафени чизми, а и немам сега за сега
Имам слично палто како на девојката на сликата.Иста боја,малку е пократко и без таа мaшна на половината.Со што би можела да го комбинирам.
Сакам вечер да носам црни дебели хулохопки,розева туника, црни кратки чизмички, е сеа сакам да го носам и новиот капут, ама незнам да не е рано за капут
^ Зеленото оди со кафено и крем. Пробај вака нешто: фармерки, или уште подобро ако имаш кафени пантолони, на нога крем чизмички, таква чанта и таква маичка. Можеш и шалче кремасто. Или пак крем пантолони, кафени чизмички, кафена чанта, крем маичка и кафено шалче. Од прилика ова ми дојде на ум. Се надевам ти помогнав
Јас ваква штикла не би облекла со фармерка. Прво, затоа што е лакована, а лакована чевла со фармерка не можам да замислам(премногу ретки исклучоци) Второ, шпицастиот врв напред самиот по себе дава елегантен шмек. Салонка се носи со фармерка да, ама претежно оние салонки на платформа, што дозволуваат кежуал варијанти. А оваа чевла, е толку елегантна и префинета, да му ти е жал што не ја носиш на фустан. Би поминале тесни црни панталони. Фармерки не!
Moжеш и на фармерки да ги носиш,но некои тесни во темна боја,а најсигурна комбинација би ти било со тесни црни панталони
Со класичен модел на џинс (било со висок струк или цефка)- јас не би, ама затоа чевливе се родени за кожени панталони, кои и оваа сезона се актуелни.
Јас би ги носела со црни цевка фармерки , и можеш некое крем пликче А ако имаш кожни панталони уште поубаво