А јас што да носам за кај него дома (не дечко...потенцијален ) ? Као демек... ќе гледаме филм Еј, не ми е дечко, немојте сексуљави предлози, ама кажете некоја комбинација што остава впечаток и привлекува? Е и итно ми е неговите треба да искочат уште малце и јас да појдам и .... и така ... немам што да ноооосааам ! Најголемиот женски проблем, никогаш доволно гардероба и штикли
Bubbi, биди своја и не се оптеретувај да оставиш БУМ впечаток. Со некоја секојдневна убава комбинација
Комбинацијата е направена: бели патичиња, плави (некако тиркизна боја) едноставни еднобојни хеланки, бела маичка/блузичка (што го покрива г’зот, ко туника долга), бело памучно мантилче (не елегантно, онака дебелко,мекано) и сина ташна (средна големина). Ептен едноставно и без анимал и цртани принтови. Две бои, сина и бела. И фенирана коса. И насмевка на лице. И посакајте ми среќа да не e потенцијален, туку да го биде ! за вас Феминки
Само коментар да дадам, за домашна атмосфера не ти треба дотерување со обетки и чуда по тебе. Гледај да ти биде комотно. Добра ти била комбинацијата, уште да дознаевме што се случило??
Oфф топик е ... ама ете бидна се бакнавме не тупев за дали ќе е тоа врска или ќе се муваме пошто времето ќе си покаже...доволно е да знам дека е среќен а исто и јас еве сега пак се подготвувам да излезам со него иако речиси полноќ ќе ме фати ама една убава прошетка низ населба после дождот таман ќе ни дојде
planiram da kupam vakva sukna ili bordo boja ili zelenata pa sega mi treba sovet so sto da ja kombiniram cevli ,nakit, bluza, canta. Se izvinuvam za latinicata od mob sum
Па можеш било која, и двете бои се убави, есенски. Во двата случаи ќе можеш и на црно, кафено, крем, бело да направиш комбинација. Бордото е посебно тренд оваа есен, избери си бордо. Ќе ја носиш со кафени чизмички и чанта, крем кошулка или џемперче, или пак и со бело ќе стои, кафени хулахопки... имаш еден куп комбинации. Задржи се на тие бои, а главно оди со кафената и белата боја.
Мона, и јас би ја одбрала бордо сукњата, прекрасна е! И е апсолутен хит оваа есен Инаку, сите се убави, ама бордово мене посебно ми се допаѓа Најмногу таа боја ми оди со кафено, со црно, со крем... Впрочем, сите бои што Ема веќе ти ги набројала Каква комбинација и да направиш од овие бои, убаво ќе изгледа со бордо сукњата
За 10тина дена сум на свадба. Сакам да носам бордо фустан, уште не знам каков модел. Да речеме нешто вакво, само без такво деколте. Се мислам помеѓу овие два пара чевли: Спојлер Од друга страна, па не ми се нешто најудобни, а можеби ќе сакам да заиграм некое орце. Овие ми се најудобните, ако сакате да ми предложите некоја позимска боја ама да не е црна. Имам премногу црни фустани, не сакам да носам ништо од нив. Помош, треба најкасно до четврток да си купам материјал
^Марама јас би ги носела првите штикли,бидејки црните се многу отворени т.е летни а за 10 дена ке биде апла зимо ноември и не одговараат.Првите деф најмногу одговараат пошо лаковани делуваат посвечено за разлика од третиве.
И јас сум за првите чевли.Најелегантни се! Вторите се премногу отворени, + црната боја воопшто не ја сакам, досадна е црно, па црно. А третите ми се гломазни за со фустан. Јас би ги комбинирала со... крем, мастило боја, а најмногу сум за со кафеавата CAMEL, еве оваа кафеава како ташната што е. Спојлер
Јас мислам дека бордото би одело со првите салонки. Тие ми се најсоодветни за со таков фустан. Сега ако ептен сакаш бордо можеш, би одговарало. Иако оваа боја чевли повеќе ми седи за со крем/кафено. Би било добро ако имаш крем салонки да ги искомбинираш со бордо фустанчето. Ова е само предлог. Убаво да си поминеш на свадба
Не ми се купуваат нови чевли, премногу ги имам дома. Да го имам дома фустанот полесно ќе ми биде за комбинирање, нели кога нема друго решение ќе најдеш нешто, а сега само се предомислувам. А па мерак ми е за борд фустан.
Мене искрено фустанот повеќе ми иде со вторите чевли. Ама отворени пошто се, би ишла со првите. И двата пара се преубави, а на убава мома се убави и стое.
Јас сум за вторите Марамке , со другите некако не ми одат боите ... Сепак свадба е треба малку по елегантно, а и не се којзнае колку отворени црните , ако е зима незначи дека на свадба треба со чизми до колена да одиме...
Женски ќе може ли да ми кажете плава јакна со што можам да комбинирам, т.е со какви бои ? и лилјакова јакна со какви бои да комбинирам? фала ви!
Плава каква? Мастило,онаа кралско плава,или некоја друга нијанса? А лилјаковата можеш со црно,сиво...
Marama јас би ти ги предложила третите зеленкасти штикли (најудобните) и би одбрала некоја темно крем/светло кафена боја на фустан. Прогуглав малце и најприближно на замислата ми се виде ова. Спојлер Едит: Плус црнo ланче (од оние околу врат) и црна чанта... мх, мх, бомбона