Златното поубаво ќе ти стои на бело,ќе има поголем контраст и нема да биде монотоно,сепак во умерени количини,без претерување
епа вака имам исти вакви само потемно кафеави. Сакам да ве прашам со што можам да ги комбинирам за на школо, со какви бои. Страв ми е да не направам некој лапсус па некој ден да не отидам како лампион у школо Би ви била многу благодарна
^Мислам дека фармерки најдобро ќе одговараат,а горе можеш да облечеш бела,кафена или светло розева блуза.
Лелеле!!!! И мене премногу ми се допадна комбинацијата на Snow, впрочем мислам дека таква сукња носеше и Вера Јанкович, водителката на макфест? Ама стварно е преубава! А инаку Smileee можеш да комбинираш со темни фармерки и нагоре некои по спортски,едноставни блузички..
Многу се убави Можеш со фармерки, и потемни, можеш и со посветли. Можеш и со панталони, знаеш оние цефка што се и тоа во тегет, крем, кафена, црвена, бордо боја. За горе можеш со џемперчиња, со маичка по долги и одозгора оние џемперчињата со копчиња што, потоа додатоци можеш шалче, капче, еве веќе и студи па време им е За боите на горниот дел можеш со кафена, крем, бела, тегет, црвена, зависи што имаш дома од овие бои тоа искомбинирај. Лесно е, на обична фармерка или панталони одат многу бои.
Овие ми личат на Timberland boots За на школо би ги комбинирала со некоја блуза,џемперче и фармерки,или пак со обична кошула и фармерки и некое повпечатливо ланче за на кафе Неколку комбинации во спојлер,се надевам дека ќе добиеш инспирација и чекам некоја комбинација во модни критики Спојлер
Темно зелен фустан со бордо џемперче , кафени холахопки ,кафени чизми и бордо кафена ташна , многу бои да не ми дојдат имам кеф да го носам зелениот фустан
Зошто многу бои? Три бои се таман за во комбинација, па поготово затоа што се складни есенски бои, уште поубаво. Да си ја прошеташ комбинацијава и ич да не прашуваш за мешање на 3 бои во иднина.
Па обично со 2 си одам на сигурно , се мислев дека немам зелен накит да оди со нешто фустанчето ,вечер ја шетам комбинацијава фала на сите
Јас одам некогаш и на четири ама складни се, не шетам ко виножито. Верувај не е секогаш само бојата, туку и моделот со кој комбинираш.
Во недела сум на крштевка и не знам што да облечам на ова лудо време. Не сакам да носам фустан од причина што бев полазена на ногата од нешто и го чешав па сега имам струпче Некоја идеја? Што и да е е добредојдено
До Недела струпчето можеби и ќе загине па можеш да си носиш фустан а, ако не загине ќе си го натапкаш со камена пудра голема работа си имала струпче носи си што си замислила сигурно нема да се стегнеш во фармерки.
На кое место на ногата? И за тоа може да се најде решение, ќе облечеш црни хулахопки, некои со дезен, нема ништо да се приметува.
Па според мене можеш со фармерки или пак со драп панталони како што ти е блузата.Сега ако имаш ако не со фармерки обични.Некоја ташна драп,сина како што е на блузата или пак кафеава.На нозете драп или пак црни.
Многу е убава. Од каде ти е? Може во ЛП Ако прашуваш за доле изборот ти е голем. Освен фармерки и посветли и потемни, можеш и со тесни цефка панталони во крем, црвена боја, бордо, како оваа сивава (ако гледам добро дека е сива) и зелената исто. Убаво би било со шалче да си ставиш или марама, да не си ептен гола одозгора. За боја види да одговара со обувките или фармерките/панталоните. А доле можеш чизми до глужд, чизмички, високи чизми. Мислам дека можеш да ја комбинираш и со рамни а и со штикла. Повеќенаменско е.