Феминки ми треба брз одговор Дали можам да носам жолто сако сега?Некако жолто ме асоцира на пролет и лето,а сега сме есен па се мислам дали да го облечам. Што мислите?
Само да не е летно и да не е дречлива боја. Ако е потемно жолто, окер боја да речам и подебело нема никаков проблем.
Мое мислење е да не го носиш. Јас не би, зошто и јас мислам дека жолтата боја повеќе асоцира на пролет-лето. Не сум смела за да правам толку колоритни комбинации во овој период од година, што не значи дека би изгледало лошо жолтото палто на тебе, ако добро го искомбинираш секако.
^^ Јас би ти рекла носи. Обожавам кога низ град ќе видам женска облечена во светли парчиња и смели комбинации.
Зависи каква боја е,како кажаа над мене форумџиките ако е потемно може Само другите бои да бидат понеутрални-понезабежливи(бела,сива).Но сепак тоа е само стил,ако сакаш можеш и подрач да го носиш. Еве неколку идеи: Спојлер Еве и овде имаш неколку комбинации со жолто сако http://www.chictopia.com/yellow-blazers ... hes-blazer
Ок девојки,фала ви Спојлер Инаку ме има во модни критики страна 1137 ако сакате да видите за какво сако прашував Поздрав!
Сега кога ја гледам бојата,баш е есенска.И како што си ја комбинирала супер Носи го без да се двоумеш
Феминки ми треба помош за комбинација на еден фустан кој го порачав од АСОС. На сликата делот што е розев, кај мене е бел. Го барав на слика со бело како што го порачав али немаше. Без разлика, се мислам со што го комбинирам во однос на штикли и ташна, ама не сакам да биде се во тон бело и црно. Некако глупо ми е. Совети?
Можеш крем салонки со крем или црвен, дури и бордо плик. Друга варијанта црни или црно бели салонки, пликот може да е крем, бордо, црн, нема врска не мора да се поклопуваат баш боите дури поинтересно е.. Еве мене која комбинација ми се допаѓа со црно бел фустан како на сликата
Leeloo , ако ме прашаш мене, никогаш да не го комбинираш фустанчево со бели чевли и чанта. Тоа е толку провидна варијанта, а да не кажам што бели чевли и чанта единствено на свадба би носела. Башка, бели чевли ретко кога можат да изгледаат не невстински. Едноставно немој! Мој совет е вмешување на трета боја во комбинацијата. Ако имаш план да купиш, може да одбереш индиго сина, темно виолетова, пурпурна или бордо боја на чевли. Или доколку не купуваш чевли, одлично ќе изгледа и со црни чевли, а чанта во друга боја. Доволно ќе биде и таа да разбие. Барем сега има плик чанти во која боја сакаш по пристапни цени. И ланче не ти треба на моделов. Доволно е да ставиш обетки.
Фала ти, ми го потврди мислењето. Секако дека сакав трета боја во план ама се мислев како што. И видиш за ланче се мислев, пошто не сум фан толку на обетки, ама кога ќе се размислам обратната варијанта е подобра.
Вака.На роденден сум и ќе носам црна сукња,црна блуза по долги ракави и црни мартинки.Е сега,сакам да разбијам монотонија и ќе одговара ли да облечам црвени хулахопки и црвена марама да врзам на раката ?? Или пак со лилакови хулахопки и лилакова марама ? Што мислите ? Ваква марама: