За роденден сега во ноември сакам да си го купам фустанчево пошто многу ми се допага и да го носам со црни дезенирани хулахопки и црно тенко каифче на половината кај што е тоа набранато.Од позади е плетено како џњмпер а од напред тоа е нешто како свилено.Сеа од една страна делува зимно бидејки е плетено,ама од друга страна па некако бојава ми е летна и се двоумам ради тоа .Сакам со овие хулахопки да го носам. Што мислите вие дали би одговарало? Исто и ова фустанче ми се допага па се двоумам помегу овие две
Зошто да е црвеното летно?Мене не ми е.Мислам дека има неколку бои кои без разлика кој период од годината е,се носат А и плус затворен е одозгоре,и со хулохопки како што кажа со хулахопки со интересен принт и плус каишот Мене второто ми стои повеќе летно,а првото е ок.Само што неможам да видам каков е задниот дел Како и да е,јас сум за првото.За чевли мислам црни салонки или пак крем и накит ама не многу бидејки ќе ставиш каиш.Понежно нешто. Едит:Сега ми се отворија хулахопките.Некако не ми одговараат.Можеби само обични црни? Некако се прегруби за фустанов
Мене повеќе второто ми се допаѓа.Првото е премногу кратко(зборувам за мој вкус) ,и не ми стои некако убаво кај тоа набраното И второто би можела да го комбинираш со повеќе бои.
SuperGirl24 второто фустанче е многуууу поубаво. Црвентото воопшто, ама воопшто не ми се допаѓа. Прво, ракавите некако се двојат и не се припиени. Набраното се наоѓа точно на средината на фустанот, што значи горниот и долниот дел се иста должина, што е тотална грешка за футан од овој тип. Плус, како што викаш, позади е плетено, а напред свилено, јас не би носела таков контраст во материјали и тоа на едно парче. А вториов ми се допаѓа многу. Убав принт, едноставно моделче, црниот раб горе и на ракавите го прави ептен шик, женствен. Јас би го облекла со хулахопкиве што си ги ибрала, и на нога крем или темно зелена салонка!! Баш ќе биде младешка и весела комбинација.
Eве ги и двете од позади како изгледаат Не знам колку се приметува ама тенко плетено е не е некоја дебела вуница Сеа на девојкиве иззгледат кратки ама мене не ми се толку пошо сепак нели не сум ја манекенка од 180цм Иначе како што кажав и двете планирам со црни хулахопки и црни салонки да ги носам.
Не знам што уште се мислиш. Погледни ја само разликава. Јас првото за преку ден би го носела навака натака, воошто не е dressy. А второво е преубаво и од позади. И пуштај линк од кај е, мене многу ми се допаѓа.
^Oд Бершка, се надевам го има и во продавницата пошо ја само на странава сеа го видов немам излезено да видам дали го има и во дуќан.Ако го нема џабе сите дилеми.
Второто дефинитивно! Првото е како пижамче, а второто е препрекрасно, мене многу ми се допадна. со црни салонки како што планираш ќе биде супер.
Второто it is Уште да го има кога ке идам да го земам деновиве и решена работа. Немој некоја да ми го зеде пред нос ке ве утепам .
и јас сум за второто...поубаво ми е, а и може да се комбинира со повеќе бои (зелена, портокалова, кремаста, црвена) не дека првото не може, ама сепак ова второво некако ми е поубаво
СуперГрл и јас би ти кажала дека првото е подобро но Некако не ми иде фустанчево со дизајнирани хулохопки, доста подобро би изгледало со обични хулохопки вака нешто
Super Girl дефинитивно второто,мене ептен ми се допаѓа,а и убав принт има.Можеш да го комбинираш со повеќе бои,па и хулахопки .
Девојки ај малку помош како да искомбинирам сива туника/фустанче. Се мислам помеѓу црни и светло кафени чизми над колена. Со кои би било подобро? Исто и сиви, кафени или црни хеланки/дезенирани хулахопки, и црно или сиво џемперче/јакна
ако фустанчето е сиво ама посветла сива со кафени или сиви холахопки и кафени чизми и сиво чемперче ,убаво би личело . ако не ти штима можеш да си одиш на сигурно сиво -црно