Имам ваков фустан, само што црните линии се бели и ракавите се кратки. Не знам со што да си го носам.. Помош? п.с. Напред со патент е преку цело!
Црно фустанче, горе да биде вака ко на сликава, а долу така да си продолжи, тесно, кратко, за нова година сакам да сошијам. Е сега дека ме болат нозеде од штикли, планирам да поносам црни UGG чизмички. Инаку, сум втора година средно Што велите вие?
Мене било какво фустанче не ми иде со Угг уствари ништо освен пижами не ми идат со Угг. Моја препорака некои други чизми да носиш,може рамни да се не мора на штикла. Нешто вака на пример Спојлер
Па може со бело плико или чантичка помала и штикли бели или како бојата на фустанчето... Па ако е вака како на сликата можеш како додаток да ставеш и марама (ако не е премногу елегантен) Интересно е и шик.Само боите да си одговораат!
Девојки, имам едно кратко чипкасто фустанче, со црна подлога и црна чипка врз неа. Без прерамки е, значи така како топче му доаѓа. Некаде под градите од прилика има црна свилена лента, и многу убаво доаѓа, баш така свечено. Би носела црни штикли, бидејќи само тие ми се наоѓаат во моментов.. Но кажете ми како да ја разбијам монотонијата, да не биде се црно иии дали би стоеле некакви хулахопки на него? http://www.hibridal.com/2314-5765-thick ... apless.jpg Eве ви сликичка,само што чипката е понежна, поситни шарки има и понежно е и самото фустанче
Само немој монотонија да разбиваш со црвено. Многу честа комбинација е и јас лично имам создадено аверзија спрема истата. Можеш да направиш комбинација со крем, сина, зелена, портокалова, лилакова.. (се зависи со каков накит располагаш) Било која жива боја како моден детал на црно би стоела добро. Можеш да ја искомбинираш со сребрени обетки и некое ситно сребрено ланче-ланче дури и немораш. (Тоа би била мојата комбинација) Во врска со хулахопките (најубаво месо боја) и тоа немој од оние што светкаат, тие не ги љубам баш многу, многу! Гледај она што ќе го одбереш да е нежно, бидејќи чипката не оди во комбинација со груб накит и 300 тракатанци на тебе.
mili4ka123 Можеш да си ставиш хулхопки во месо боја со црни шарки од позади или пак мисам дека од истите хулохопки има црни со црвени шарки од позади.Еве види ја сликчата.Инаку оди провери во Пенти секако ке најдеш некои кои ти се вклопат со фустанот.
девојки претходно читав нешто дека океј е да се носи штикла со отворен прст периодов али со дреч хулахопка :/ јас пред некој ден си купив така со каифче само со отворен прст мнoгу убава крв црвена боја, платформата и штиклата се црни и си најдов така фустанче уз тело црвено, би сакала да го искомбинирам со црно ланче и мало каифче да ми даде струк али со месо боја хулахопки, is it okay?
Девојки ми се ближи венчавката (во Мај ама нели се мора да биде по коннец) ќе биде заедно со крштевка сакам да шијам фустан избор имам голем ама ќе морам да се одлучам . Многу би ми значело вашето мислење. Инаку висока сум 178 и така па ве молам за помош
^ Вториот на Џесика Алба преубав и боја и модел.Многу ми се свигаат такви лелеави фустани. На последниов бојата многу ми се допага.