Затоа и пишав дека тоа е по мој вкус. Мене све што ми мава на контраст со чипка и ја прави уште поупадлива не ми се допаѓа. Сакам да е подискрено, посмирено. Ма да се зависи од сама чипка. Има многу крпуна и многу ситна чипка, а и нијанси има милион. Така да останува на тоа дека пресудна е желбата.
Девојки во двоумење сум кој модел да го земам,на зелено или црно??На црно имам веќе 2 пара,ама некако поубаво ми изгледаат тие на црно а и зелените се интересни и дали би одговарало темно црвено капутче?
http://lady.mk/in-za-ovaa-sezona-chizmi ... i-na-shtik имам слични штикли. едноставни се со врвки, и подебела штикла, дали може да ги носам со јакна, или пак само со капут ??
Ми треба долго тегет палто. Неколку дена се мислам кои од овие модели е посоодветен. Значи сакам да можам да го носам и со ниски чизми и со чизми на штикла. А се' си мислам дека вториот модел не би можело. Некако ми е поспортски моделот. Ај ве молам за помош. Спојлер Бев решена за овој модел ама не ми се дава + една илјадарка кога моделот е сличен.
Можеш со црно, крем, некои неутрални бои. Исто можеш и со некои интересни фармерки со некаков принт, штом веќе капутот ќе биде закопчан и не се гледа што носиш одоздола, и интересно би било, да речеме за низ град.
Малечка, јас имам тиркизно капутче. Можам да ти кажам дека многу убаво стои со циклама, ама не дреч боја, туку ваква нијанса. Со црвено исто така, овие бои заедно многу убаво одат. А за пантолони, се сложувам со Елена, многу јако стои со хеланки или пантолони со некој принт. На пример зебрести, нели се црно бели, со ова тиркизно, мх, мх за мерак. А на нозе, што сакаш можеш да носиш, освен некои ептен спортски патики. Воопшто не изгледа убаво со оние за трчање што се, а со друг модел зашто да не. Еве предлози во сликички :
Купив едно многу убаво фустанче во ваква зелена боја, е сега размислувам со кои бои освен црна и сребрена можам да го комбинирам Сакам да го облечам на една свечена пригода, дајте некој совет. Имам крем салонки слични на овие Дали би одговарало со крем, златна комбинација?
Ќе одгавара и тоа преубаво ќе одговара.Немој со црно или сребрно,премногу досадни комбинации се и не креативни.Поготово на вака нежно зелена боја,црните грубо ќе стојат. Кремот салонки ти се одлични,и златен накит :up:
Како би стоеле шампањ боја штикли, како на сликата со тегет кон лилаво кожно јакниче нешто како 123505 на сликата,најтемното? п.с штиклите се клот не шарени
Во зависност што друго ке носиш освен овие две бои сепак мене ми одговараат зашто да не Можес да го носис со крем фустнацче како стиклите синото кожни и накит син .. Можес горе се сино со крем стикли ташна и накит секоко може и одговараат боите