супер зошто да не. Тие две се комплементарни бои, така да другото гледај да ти биде во некоја понеутрална нијанса. Ако ти е за кежуал варијанта, можеш да ги споиш со марама во тие две бои или ташна. Спојлер еве нешто вака (ако ти е за кежуал варијанта) Аааа ако ти е фустанчето иста боја тогаш немаш гајле, дефинитивно ќе стои. Е сега накитот нека биде шампањ боја или комбинација од овие две за да го "разбиеш" синото.
savana - Мислам дека ќе одговара, а и морам да се сложам со Тинкербеллл, со црно и сребрено е многу досадно. Земи си плик кремов, а накит ти одлучи, мада пак морам да се сложам со Тинкербелл дека со златен ќе изгледа навистина убаво и софистицирано, каква и да е пригодата. Thebestone - Мене ми одговараат боите, зашто да не. Само гледај да не испадне многу двобојно, да не биде нападно. А кожно палто за со фустанче незнам баш, но се зависи од моделот, може да стои убаво. Мој предлог е со таква боја нешто плик, за да бидат чевлите единственото различно нешто.
Кожното ми е кратко до половина од половината па затоа реков, мислам не е обично како сите останати еве го инаку комбинацијата ја пробав добитна е
извинете ако е офф топик сакам да ве прашам што мислите како ке одговара робицка слична на оваа само со ластици црна без се останато со сребрено кратко ланче со срце обечки сребрени и сребрен пстен со
Ако мислиш тоа што го наброја торбичката и накитот со ваков фустан и овие чизми мене баш не ми одговара. Овие чизмички ми се онака за покежуал варијанта. За таква комбинација ти треба чизмичка со штикла или пак салонка.
^i^ или ако можеш да го свиткаш да не се гледа крзното од чизмите, тоа ми боде очи. Спојлер денеска сум Fashion police
имам слична сукња само мојата е подолга и е целата права. од страна има патент и едно дискретно копче. дали би можела да ја носам како фустанче. и тенко каишче. тогаш доага над колена
Јас имам носено ваква боја на фустанче со крем салонка, само мојата не беше лакована него она нежно крем и беше преубава комбинација. Многу многу поубава комбинација е со крем, отколку црна/сребрена. Не би ни помислила на тие бои, ќе ја огруби целосно комбинацијата.
Можеш зошто да не, каивчето комбинирај го со обувките и готово, мислам дека ќе имаш супер комбинација.
плаво фустанче на долги е ваква боја темно плава и кратко и сиви хулахопки какви чевли да носам? црни или сиви ама сивите ми се малце послевтла сива од хулахопките
Овде сум сликана во гардероба ...и се мислам дали да го купам оваа фустанче .. Ако го купам , дали да стам обетки , ланче ...? Каква боја штикли ?
Јас сум или за крем како фустанот или црни. Ама мислам крем поубаво ќе биде Инаку прекрасен е фустанот
Бело прозирно кошулче,само на прслук или можи боди? некако не се чувствувам смело да го облечам само на прслук????
Јас би го носела со градник ама сега некако ладничко ми е за така, па може боди. Инаку кога би го носела со градник не мора да одиш на сигурна комбинација бел, можеш да си поиграш со боите
Боди мислам дека малку глупаво изгледа. Јас би облекла некое кремово маиче без ракави, или барем некоја рамбовка без апликации..