Мене поубаво би ми изгледало само со градник м? да. Ама се сложувам и со марамка можиш да си поиграш со боите, немора да е бело А рамбовка или маичка не, не би одела на таа варјанта некако
Девојки, за недела дена сум кума и порачав да ми сошијат елегантен долг фустан во темно зелена боја. ( нијансава што сега е актуелна). Но немало таква боја метеријал и купиле посветло зелена вака зелено . Сакам да ве прашам дали да го шијам фустанот или да купувам друг материјал, во друга боја? Ве молам за мисленје, многу су несигурна во врска со бојата. моделот нешто вака би требало да биде, ама не сатенски туку со муслин, и со златен штрас под градите.
Jaс не би менувала ни боја ни ништо.Ми се допаѓа каков што е.А какви штикли и ташна планираш да носиш?Можеш нешто како златно со тоа што ќе ти биде под градите.
rak4estip - Јас мислам дека нема да одговара. Фустанот со ташничката може некако, ама со чизмиве не. Овие ми се повеќе за поопуштени комбинации, со фармерки или пантолони. На вакво фустанче најдобро со некоја салонка или некои сандали, незнам, ти одлучи тука, но со овие не. cucii...ii - Па освен ако не се забележува многу дека е суќна, внимавај, секогаш има некој детал што издава, зашто да не ја носиш. Разгледај ја убаво. Добра идеја со каивчето. creshicka - Мислам дека да, тиркизно мене ми се допаѓа како стои со една нијанса на жолто. Првата горе, и таа под неа. Мислам дека би одговарало. Оваа комбинција е пробана, многу убаво стои. Но сега, се зависи од парчињата и тебе дали ќе ти се допаѓа склопот. K.Mari4ka - Па ја би со црни, со озбир на тоа што не сакам хулахопки во чевли, зашто не пробаш со чизмички ниски? Но сепак ти си знаеш, а од твојот предлог, со црни гласам. MarchelineAmaru - Ех сега, не фармерки .. Кратки пантолони се важат, со хулахопчиња надоле, ама незнам дали ти е за лежерна комбинација, или нешто поспецифично. Пантолона, не е сепак фармерка. Со суќните не се дружам баш, па неможам да ти кажам со каква да ја носиш.. nonenceee - Многу ми се допаѓа фустанчево, ама не да го носиш со кремово или црно. Мој предлог е да го носиш со циклама розово или некоја мастилно сина. Забележувам дека има златни штрасови, ќе искомбинираш со златен накит. mal.ecka - Па кошулата е направена за да се носи на прслуче, затоа е и проѕирна. Ако дизајнерите мислеле да се носи со боди, ќе ставеле постава нешто. Мене воопшто не ми се допаѓа така со боди, па јас гласам да бидеш храбра и да ја носиш на прслуче. Но тоа што ме кочи, се временските услови, ладно да не ти биде така. Се сложувам со Марама, многу јако стои бело проѕирно со прслуче во боја. Јас имам еден од Џамбо, зелен дреч, многу добро стои. peperutkaa - Па нијансава зелена што си ни ја покажала, мене ми се допаѓа, јас сум да ти шијат во таа боја, можеби ќе биде подобро од претходното, може ќе ти се допадне повеќе.
Планирам златни да се и штиклите и пликот. Некои зелено-златникави пораскошни обетки и белегзија, друго ништо на мене. Фала ви девојки, ме охрабривте малку.
nonenceee Многу убаво ти стои-да си го купиш Нема потреба од ланче или некои поголеми обетки-фустанот и така си има елементи во горниот дел. Може некои обетки ситни метални кругчиња како шо се елементите на фустанот. Повеќе обрни внимание на рацете,дека фустанот надоле е исчистен може дури и повеќе алки,метални/во боја-какви имаш. За бојата на обувките имаш голем избор-фустанчето е неутрална боја и можеш со многу бои да комбинираш-темнозелено,крем,темносино,црвено,вишна,лила-избор колку сакаш
Не е прашањево поврзано со комбинирање, ама па немав кај да го поставам. Ко по обичај, пола саат барав низ темиве, и не најдов ништо посоодветно. Се надевам дека нема да ме избришете со брзина на светлината. Да се префрлам јас на прашањето. Дали вие би ги носеле овие чизмички?
Јас би одела со црни. Да ти се и хулахопките и чевлите иста нијанса, океј, ако веќе се разликуваат, подобро вклучи друга боја. А и фустанчето не е ништо екстремно па јас би облекла и црвени Еј, познато ми е фустанчево, и јас го пробав, со таа разлика што тебе супер ти стои Мене не ми стојат вакви фустани со корпи во горниот дел (обично ми се тесни ), ама тебе предобро ти стои, а и надолу ти е припиено, но не премногу, а исто и должината е совршена. Јас би го комбинирала со црни или крем штикли и златен накит. Јас проѕирните кошули ги носам некогаш само со прслук, а некогаш и со боди, во зависност од пригодата. Сепак почесто ги носам без боди затоа што со боди си поограничен во боите - црна или бела кошула ќе ја облечеш со црно или бело боди, ами жолта или зелена? Не иде баш ни со црно, ни со бело. Бодито некако ми ги затвора овие проѕирни кошули и јас би ја носела со циклама прслук Кажи ми една добра причина зошто не би ги носела?
Дечкиииииии, помагајте ве молам... Во петок сум на свадба, и ќе носам фустанче, ваква боја, па кажете ми со какви салонки да го искомбинирам, само не со црни (прво и јас планирав со црни, ама со тие што планирав да ги носам ми се случи „мала“ незгода, и нема да ми бидат готови до петок и сеа, ќе морам да купувам, па несакам пак црни да купам... Ве молам за побрзо, бидејќи заборавив да напоменам, дека малку сум проблематична со бројчиња, бидејќи носам 35, и не секогаш ми се точни-некогаш и големки ми се тој број...немам многу време за шетање, бидејќи сум втора смена на работа
Ех таа 35 и јас го имам истиот проблем.Мислам дека крем,кафеаво,сиво убаво би стоело,ако не успееш да најдиш 35 најди помал модел од 36 бр.и стависи влошки за чевли малку ке потполни.Позз
Кажи ми од каде ти се чизмиве, многу се супер, сакам да си купам. Јас би ги комбинирала со фустанче некое, баш би било интересно.
Јас би одела на крем салонка и со златен накит. Малку познато, ама многу убаво ќе седи со зеленава боја.
Јас ке носам иста ваква боја долг фустан и го комбинирав со златни штиклички, (овие долу на сликата) и златен накит. А сега јас да ве прашам дали би можела да ги искористам чевливе и за црно фустанче со јака која е извезена со сребрени мониста. Еве вака изгледаат. (чевлите не се јака златна боја туку нешто како шампањ боја се светките)
Во Аванти во ГТЦ има 35ки од некои модели и во Шантел она карши Манго што е има 35ки. Можеш да си купиш влошки ако ти се големки, смалуваат тие за пола бројче. Можеш крем салонки да земеш, циклама, тегет, кафени...