Светките се шампањ боја, кога се комбинирани со златно изгледаат баш златни, сега ги облеков со ова фустанче и ми се допадна како изгледаат (не го изразува златестиот сјај) па ајде велам и со вас да се консултирам, друго е кога ќе се слушне и друго мислење. Фала ти малечка, сега ке си ги носам и ово оваа комбинација.
Во петок сум на роденден, па сакам демек малце поише да се дотерам.И сега имам еден проблем и ми треба ваше мислење.Ќе носам црно наједноставно фустанче со сако и високи чизми, а од накит ланче-буф.Е сега се двоумам дали чизмите и сакото ми одговараат бидејќи се разликуваат по некоја нијанса.Бојата на сакото е неодредена, кафеаво-сивкаста,нешто слично како она подоле на сликата, а чизмите се некоја избледена кафена боја.Ќе ја бива комбинацијава?
Темно зелени панталони и црвено-бордо кошула со какви обувки да ги комбинирам? Ќе носам ланче во три бои: црна, бела и бордо, па се мислам да ги комбинирам со црни салонки. Ќе ми одговара или да мислам нешто друго?
Според мене би одговарало зошто да не,само стави уште некој црн моден додаток ,некој брош со црни мотиви на пр. на сакото или црни обетки да не дојде во втор план фустанчето од боите,мое мислење
Облечи боја на хулахопки што ќе се вклопи со една од овие бои, мислам дека добро ќе стои. Можеш боја како сакото или како чизмите Мислам дека овие две бои најдобро ќе се вклопат со кафена боја обувки. И со кафена боја накит на тебе, било што. Меѓутоа штом си се решила за такво ланче тогаш оди со црни салонки.
Супер ќе биде, зашто да си униформирана со исти нијанси, вака многу поубаво ќе изгледа и хулахопките нека ти бидат црни или проѕирни никако да не ти бидат во иста боја со сакото или чизмите
Девојки, го земав фустанчево онака и ми текна дека можам да си го носам за Нова Година. Што мислите, како можам да го искомбинирам?
Со крем салонки би било најубаво, некој златен накит погломазни обетки и прстен, крем ташниче и топ си
Можеш да го искомбинираш со некој повпечатлив накит. На пример ако имаш од оние долгите обетки со бисерчиња што се . Провери во парфемериите . Обично има најразлични обетки со бисери кај нив и одат заедно со некое бисерно ѓерданче. Баш се складни и ги има во најразлични бои. Кремавкасти , нијанси на бела... И се движат некаде околу 500 денари ( двете чинат толку заедно ) Барем во мојот град има За квалитет не одговарам, копија се секако Баш забележав околу пред 20 тина дена имаше и интересни комбинации на бисерни герданчиња со различни бои на бисерите, одат . Ептен ми се бендисаа. Чантичка и салонки како накитот . Ако нешто е со панделка накитот може да ставиш во косата шнола со панделка и би била топ. Бои за комбинации . Некоја посветла, бела кремовка . Нешто да „ те отвори “. Eве нешто што најдов на нет и ми се допадна. А може да се најде по парфемерииве. Спојлер Последново ептен би одговарало. Такво немам забележано. Можеби ќе видиш некаде во поголем град ако живееш. П. С . Ептен ми се допадна фустанот.
Фустанот сам по себе си има убавина и е елегантен и мислам дека нема да згрешиш ако го носеш и без накит, онака минималистички, ама ако ти е за НВ убаво ти кажала Мимс со златен накит најдобро ќе изгледа.Пробај секако, сигурно ќе бидеш убава.
Девојки кажете ми на што можам да ги носам овие хулахопки.. со што да ги искомбинирам за вечерно излегување?
Ти не мораш да облечеш џемперче туку , некое сако.(за последната слика зборувам) Можеш со тексасни кратки панталончиња ,можеш со некои други кратки шорцеви со висок струк и некоја кошулка и да ги подвиткаш ракавите.Кошулката да ја ставиш во панталонките. Со суќничка и корсет и некое впечатливо ланче. Можеби не се баш за вечерни излегување но се надевам барем дека ти нафрлив некоја идеја =)
Кафени панталони, црна маица, кремаво џемперче, црни чизми со сиво, црна ташничка исто си сиви нитни и црн капут. Од накит обетки и прстен на риги бело-црно. Па, каков лак да ставам.
Озбилно се потресуваш за фактот каква боја ќе ти бидат ноктите? Освен за некој поважен настан, стварно нема причина да се замараш дали ноктите ти се во склад со облеката. А кога ќе размислиш подобро ноктите би требало да се како карминот. Нејсе, бидејќи прашуваш, излакирај ги, во што би рекла јас, зимска боја и нема да имаш потреба да го менуваш додека не ти се излупи. Јас обично ги лакирам во бордо, сиво, црно мат, било која нијанса на крем....
^ Не дека се замарам(обично за некои свечености гледам да го погодам), него оти не ми се лакирани па викам да ми одговараат. Фала сепак.
Се сложувам со Старфиш . И не знам дали само јас вака се осеќам ама воошто не сакам ако имам пример плав џемпер, и ноктите да ми се плави. Никогаш не ми е битно какви се ноктите, освен за некој поважен настан нели. Мене ми е поубаво да отскокнува лакот, да не е иста боја како нешто од облеката