Обично делам совети тука, но сега би сакала друго мислење. Сиво свечено фустанче, кусо, со црвени салонки кажете ми какви хулахопки највеќе одат?Јас мислам месо боја, но не оние што светат. Е сега, дали некоја од вас би ми кажала фирма и бројче на хулахопките (доколку има) такви да барам? Може и со слика тука, за полесно да ми биде. И уште за накит, имам голема дилема, која трета боја да ја измешам или да терам со црвена? Совет плус не ми е на одмет. А да, и дали би облекле сомот црна сукња, нешто над колена надоле како ѕвоно и доколку да, што би облекле на нога? Советите се добродојдени.
^ Ема, во Сара Фешн има такви мат месо боја хулахопки, мислам дека на Пенти се. Мене ми требаа за една пригода баш такви, и ми кажаа во Сара Фешн да побарам мат, месо боја хулахопки. Отидов, побарав и купив. Одлични се, воопшто не светат и се убава месо боја. Е сега, од истите тие мат има и други месо боја нијанси што маваат накај жолто. Јас побарав да се најблиску до бојата на кожата и полн погодок се. Значи, само така побарај, мат месо боја хулахопки, знаат вработените. Хулахопките се одлични. Јас еве уште си ги носам под панталони и гајле немаат, нит се скинати, нит ништо Цената беше 135 денари ми се чини. Има и едни други, на Санда, Петра се викаат. И тие се добри, дури месо бојата им е поубава од тие на Пенти, ама се потенки. И тие се тука некаде со цената, околу 140 денари. И овие се доста солидни, па ако не ги најдеш тие на Пенти, побарај ги овие, убави се. Се надевам ти помогнав
Феминки ај помош... Со што да ги искомбинирам панталониве ? Кафеавкасти се не се толку светли како на сликата. Со каква блуза ??
Па со сите боички одговара, зелено, бордо, тегет, црно, крем... Каква имаш таква облечи. Додади нешто златен накит и салонки можеш во боја како панталоните или зависи какви имаш по дома, во секој случај да се боја како панталоните или како маичката за да не се измешаат премногу бои. Битно е дека сите зимски бои одговараат со панталониве. Сама одбери дали тоа ќе биде блузичка, кошулка, топче....
Emma89 јас си купив на Санда, има тенки, средно дебели, и најдебели, според мене се квалитетни и ги земав за само 40 ден Спојлер Ако те води патот накај Тафталиџе (ако си од Скопје) тогаш во зградата што е пред пазарчето има едно мало дуќанче, „Од се по нешто“ се вика мислам, јас од таму ги земав
http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater дали вакво фустанче поточно тигрестото би одговарало за Нова Година сеуште не знам каде ќе правам дали би одговарало за во хотел, диско. Секое мислење е добредојдено
Ми треба ваша помош, во сабота сум на една прослава, 500-тина луѓе, свадба без невеста Нема врска! Е сега што да облечам? Не сакам во фустан, тоа во старт го разграничив. Утре ќе шетам и планирав да си ја земам првата khaki кошула со црно што е. Може да ја комбинирам со вакви khaki панталони, црни лаковани салонки, такво исто големо плико, од накит што да ставам вакво златно ланче и готово. Да не сум премногу обична. Спојлер \
РеинЛовер одлично е, нема потреба од други додатоци, претпоставувам одиш на прослава од работа, комбинацијата ти е супер за таа прилика.
^ црвено ланче, алка, обетки.. сепак не се заедно. Може само ланче и алка, обетки и алка, ланче и обетки ми доаѓа некако премногу.. за хулахопките.. можеш месо боја
^Можеш да ставиш и златен наќит, многу убаво стои златно со црвено. Можеш нешто вака, зависи од тоа каков ти е фустанот. A за хулахопки можеш од оние тенките црни што се или пак месо боја.
Јас би ти предложила да не додаваш други црвени детали во оваа комбинација, штиклите се сосема доволни да се издвојуваат. За хулахопки најдобро би било со црни дебели или тенки што се прозираат одлучи сама, црна ташничка, а од накит можеш нешто на златно или евентуално на црно. Со црвено ќе бидеш многу униформирана остави ги само штиклите црвени.
Од накит јас би ставила обетки од оние црно-златно што се, на пример црна коцка и однадвор рабовите со златно. Хулахопки тенки црни.
Мене вака многу се допаѓа. Ланчето ја прави поелегантна комбинацијава. Сигурно до сега си купила. Јас многу почитувам девојки кои на прослави одат со панталони.
Најдов khaki кошула ама во Котон. Оваа на Бершка ја немаше. Понов модел е, којзнае кога ќе стигне кај нас. Си купив од Мана khaki панталони ама нема тие да ги носам посветла нијанса се. Ќе шијам иста нијанса како кошулата, на преклоп... си имам вакви тегет, многу ми се погодени, па по нив ќе шијам. Инаку планирам да ги комбинирам со црни салонки, плико и златно ланче. Ај ќе ставам слики во Модни критики кога ќе бидат панталоните, па ќе ме видите.