абе и јас мислев на кошула ама таа шо ја имам,да,бела е ама па многу е демоде не ми се бендисва баш баш.......јас сакам некоја бела,струкирана и горе кај јаките да има за врзвање и да се врзи панделка (ама објаснав) нејкам да купвам сега и за горе,не е моментот за расфрлање пари празници се ближат луѓе
Мајичка, ѕирни во спојлер Спојлер -само што твоите чизми се кратки, така? Ама нема везе, значи можеш најобична бела кошула (или евентуално некоја маичка, поубава ама бела), марама некоја и сако. Значи, боите не мора да бидат како на сликата, можеш кафеави чизмички, фармерки, кошула/маичка може некоја минт/розе боја ако имаш, некоја кафеава марама, кафеава ташна и то је то. Еве плус идеи: И можеш онаа “демоде“ кошулата да си ја облечеш, одозгора некоја плетена блузичка, чизмите, фармерките, некој убав рачен часовник, ташна некоја, по можност ланче. Нешто слично на: http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 0%B8%D0%B8 И тука ѕирни обавезно
Одговара ли бордо со плаво? http://upload.wikimedia.org/wikipedia/c ... ue.svg.png http://www.futonsense.com.ar/telas1/ima ... /Bordo.jpg
Две одделни парчиња и не баш. Пробај бордо со бело. Не знам точно за што прашуваш, можеш да ни кажеш па ќе дадеме предлози.
Па имам бордо пантолони и сакам да ги комбинирам со плави штикли и некоја кошула со бордо,плаво и бело.
Женски а како да искомбинирам кратка сукња, темно сива , сомотска ? Со каква боја на блуза можам (освен црна и бела)?
Јас право да си кажам светло сива боја скоро на се ми одговара, а темна(бидејќи сепак не знаеме точно што нијанса е) би можела со нешто црвено, розево, виолетово, евентуално зелено(мада бојава ич не ја сакам ). Исто така бидејќи сомот материјалот барем јас го сметам за зимски, ќе ти дадам еден предлог. Можеш значи сукњата, бела кошула и одозгора врз кошулата некоја плетена блузичка во една од горенаведените бои. Сепак и од пригодата зависи Јас би ти предложила окер фустанче со кожа боја хулахопки и златен накит. Може и црно бидејќи на се одговара, ама првото мислам дека ќе е поинтересно и поубаво.
Со златен или сребрен. Со двете бои оди. Немора да ти е накитот иста боја со хулахопките, нема потреба. Ако носиш црни хулахопки па сакаш да ставиш некое црно лачне, прстенче ок одговара и така, ама ако носиш да речеме бордо хулахопки нема потреба да се ограничуваш на таков накит, едино ако сама не сакаш. Сепк мислам со златен или сребрен ќе се уклопи каква и да е комбинацијата.
Црно, чипкасто, нежно, кратко фустанче на прерамчиња, со какви чизмички би можела да го носам? Само да не се на штикла и сликички ако може
Девојки ми се ближи роденденот ( за 2 недели, 17ти ), ќе правам мала прослава па сакам да си сошијам фустанче кое ќе можам да го носам и на роденденот и за нова година сакам да биде црно кратко но да не биде тесно бидејки имам некој килограм вишок и најважно од се да одговара со вакви http://streetwearuk.com/images/New-Plat ... ede_02.jpg штикли. Може некој да ми даде предлог за модел на фустанчето гледав по многу страни но некако не успеав да си одберам ве молам за помош
http://www.dorothyperkins.com/webapp/wc ... ageSize=20 http://www.dorothyperkins.com/webapp/wc ... ageSize=20 http://www.dorothyperkins.com/webapp/wc ... ageSize=20 Еве се потрудив да ти пронајдам нешто, стисни и на линковите. Се надевам помогнав
Јас имам окер боја фустанче зимско и го носам со кефени чизми или црни. Исто и со кондури на штикла црна боја убаво стои,исто и крем или кафено оди со окер. Накит во зависнот со кондурите или ташната, зашто жолтава некако ми е тешка за комбинирање. Мислам дека и со зелено добро би одело, ама побогу бојава е тешка за наоѓање, нема ни една слика на нет со окер комбинации асални. Со кафено и црно нема утка. И тегет одлично би одело,барем можам да си го замислам, ама темно тегет. За второво прашање, прашуваш за комбинацијава стрикно или општо? Јас се водам по правилото,дека за накит нема некои ептен стрикни правила, па посебно да ги врзувам со хулахопки па ич.