Девојки може да комбинирам потемна и посветла маслинесто-зелена боја? Овие две... Спојлер Кошулата ми е во потемната нијанса со златни копченца. Boucle блејзерот со посветлата нијанса и црна боја. Црни лаковани штикли и таков голем плик, златно масивно ланче. Какви панталони? Дефинитивно сакам вакви baggy pants, е сега каква боја. Спојлер Црна ми е сигурна варијатна, а ако бидат во посветлата маслинесто зелена Ќе направам утка? Вака кога ќе ги доближам не ми идат заедно!
^^^Да ќе ти биде утка пошо цела ќе бидиш некако маслинеста Најсигурна варјанта ти се црните.плус мислам дека кажа и дека ќе носиш црн плик и црни чевли. Ако имаш ете маслинести чевли можиш и маслинести да облечиш, а црни пантолони.
Реинловер предобра комбинација! Е сега и со маслинести нема да бидеш утка но подобро би било да разбиеш со друга боја, црната е сигурна да, но и кафеавата ќе изгледа супер во комбинацијава. Кремот исто, можеш темно црвено, тегет, сиво... мене најмногу ме влече накај кафеаво и крем, па ајде да видиме и комбинација во модни критики.
rainlover мене многу ми се допаѓа комбинцијата црна маслинеста само јас би избрала некој накит кој би ја отворил некоко комбинацијата А и едно гооолемо благодарам за skyAngel бидејки многу ми помогна за моето идно црно фустанче
Со што да искомбинирам вакво клот црно фустанче? Би сакала хулахопки во некоја боја но ми треба идеа, имам и црни штикли исто така, не носам кичест накит и каиши.
^^^ Прекрасно фустанче Би можела да го носеш со дезејнирани хулахопки во сива,кафеава, темно лилава боја.За накит може некое долго ланче или долги обетки,но да одговара со хулахопките,некоја убава колба од големите или пак голем прстен.Никогаш не се носи повеќе од три парчиња накит,многу кич ќе е.
Мене дома ми стоеше дека ми беше досадно јас го коминирав со бордо ланче од оние како јака што се модели , бордо хулахопки и црни чизми баш ми се допадна а мислев му нема спас оти мразам цела у црнило коа сум
Како да искомбинирам тегет сукњичка (што паѓа, не припиена) со црни чизмички до глужд на мала дебела штикла? Со некои подебели црни хулахопки, но нагоре што?И дали би одговарало со времево?
Имам недоумица, кафена суќничка со црн ластик на коланот, бледо розе кошулка со нијанса порозе линии, сосем ненападна, кафени чизми од Анванти со штикла и крзненце, тоа е веќе дефинитано, ама се мислам околу хулахопките, бели од овие со текстура или црни мазни, најдов едни со сатен многу се убави, мене поише ме влече кај бели, ама ај да прашам. Позимска ми е таа комбинација некако, за во домашна атмосфера
Девојки морам нешто да прашам.Сега кафеавата боја е нешто како и црната ја комбинираат буквално на се.Читав и по интернет за комбинирање сиво и кафено и црно и кафено.По странскиве форуми е напишано нешто како the brown colour now is the new black.јас си најдов убави кафени чизми и сакам да си ги купам многу,претерав со црното сакам малку да сменам.ама ме мачи тоа што имам само сив и црн капут......што мислите?сакам да чујам ваши мислења малку
И мене ми во план со бордо хулахопки, а бидејќи сум кнап со време не можам да барам ланчиња, така да ќе ставам нешто што имам дома, можно е ланче со був подолго.
AngelOfArh јас не сум за црни хулахопки, ќе ја затворат комбинацијата, не знам каква точно ти е суќната ама мислам дека со бели подебели хулахопки ќе биде убаво зошто викаш зимска ти е комбинацијата, а размисли и за некоја посветла нијанса на сиви. Jarec6 кафеаво со сиво е баш убава комбинација, јас ги комбинирам овие две бои, всушност мене земјените а посебно кафената ми е омилена боја па ја комбинирам со се. Ич да не се мислиш за чизмите, јас пак избегнувам црни обувки, кога ќе размислам досега не сум ни имала црни.
Kitty T ...Ауу како ми текна добра идеја. Црн клот фустан многу јако ке стои со тие едни хулахопки што само на задниот дел на ногата на средина од горе до доле има една бела линија а цели се клот црни. На сето тоа би можела без разлика на тоа што исто така црни ти се штиклите да ставиш накитче скромно иста боја со чантата, но таа да ти биде во некоја јака интересна боја. Место накит, можеш и марама некоја интересна, како што е зима, шарените и големи марами се тренди