и јас исто би ти препорачалла сукницка,ова не ми се допаѓа,нема лутиш мислам дека преубаво би стоело со тесна ете можи црна сукничка,инаку преубаво изгледа се освен пантолончината.
MariaS а над гаќиве ништо не облекуваш??? Знаеш по што од одма ми падна во очи краткоста на панталончињава? Зашто се гледа линијата од хулахопкиве а таа не треба да се гледа. Да не ме разбереш погрешно, згодна си, убава, убава комбинација, али куси се многу, ќе измрзнеш со нив. Нешто малку подолго, сигурна сум дека и уште посекси од ова ќе бидеш. Запомни, не секогаш less is more.
И јас првото што го забележав кај MariaS беше должината на панталончињата.Без замерка девојче, ама стварно како гаќи се, а плус и многу летно делуваат.Вакви само за на плажа, а не на минус степени на Нова Година. Добронамерен совет, ако сакаш да дадеш доза на сексапил, подобро облечи црна прилепена сукна, така не само машки што ќе те загледуваат, туку и женски- да видат како си облечена. Ако додаш и некој добар часовник или пак прстен, нема да згрешиш ептен добро ќе си облечена. *Елизабета купи си ги вторите, мислам дека по ќе ги износиш.Башка и бојата е многу убава.
Hipster на други хулахопки не се гледа линијата, на овие пробниве е линијата многу доле не сум ни ја луда да одам со толку кратки фала на мислење женски, повеке мозоци подобро мислат отколку еден
И јас би ти препорачала тесна сукњичка,разбирам дека се чустуваш поубаво во пантолончињава.Ама мене некако не ми штима,вака кошула и вавки пантолоничиња што знам.Плус ако носиш халахопки ти се познава тука на сликава една линија и не изгледа баш нај нај.100 пати ќе биде подобро со сукња.
MariaS Јас мислам дека ваков вид на кошула подобро ќе се совпадне со припиени тесни панталони, со сукња и не баш. Или пак ако имаш вакви панталончиња, само некој сантиментар подолги. elisabeta Мене вторите повеќе ми се допаѓаат.
MariaS Мене најискрено не ми делува ни малку секси вака. Убаво тело имаш згодна си , но вака изгледа вулгарно. Кошулата ти е преубава , убаво ке ти стои на суќна со висок струк , но така ќе изгледаш по класично, дамски. А доколку сакаш некако фраерки , можеш со тесни фармерки подвиткани и високи салонки. Еве погледни низ интернет , ниедна секси женска не е облечена во топлу прекратко. Имам разговарано и со момчиња на оваа тема и ми имаат кажано дека по привлечни им се девојките кои повеќе покриваат отколку оние кои се разголени. Тебе само нозете ти се разголени , но не делува вкусно бидејќи панталонките се како боксерици па и тие чорапките поубаво ми стоеле на некоја плисе суќничка. Само сум искрена. elisabeta Гласам за вторите.
Феминки ми треба ваше мислење...со каква боја на штикли би можела да комбинирам кремов фустан??...имам црни..но сакам други да купам ...па што мислите вие?
Замислата ти е интересна но некако реализацијата не е на место.Не ми се допага што се познава линијата на хулахопките .Ако веке сакаш со шорцеви подобро би било со некои подебели зимни шорцеви и дебели хулахопки со некој интересен дезен.
Комбинацијата ми е одлична но ако може да се пантолонките подолги за неколку сантиметри или да облечеш хулахопки у дезен затоа што навистина ги имаш во многу видови, би одговарале оние со дезен само отстрана Јас на вакви кошулки носам забележливи алки и обетки затоа што се многу едноставни и приближно прозирни па супер се вклопуваат.
Црвно фустанче, со какви чевли златни или црни? Ми се чини дека премногу нападно ќе биде со златни, а со црни да не изгледа малку грдичко...не знма што да правам...и какви хулахопки? Изгледа најубаво ќе биди да си почекамд а си го земам фустанчето, па да пробам секако, оти вака во главата кога го змаислувам, никако не ми оди.
Со двете оди. Ако е со златните ќе мораш тенки месо боја хулахопки, а ако е со црни можеш и подебели црни хулахопки да облечеш. Зависи каков е моделот на фустанот, не зависи секогаш од бојата.
Јас црвен фустан каков и да е, никогаш не би го комбинирала со црни обувки. Не ми иде некако, да е обратно, црн фустан со црвени можеби би облекла. А ти како сакаш, ако мислиш дека убаво ќе ти стои тогаш избери црни. Секој со свој вкус. Е сега зависи и материјалот, должината, моделот... ќе видиш најдобро кога ќе пробаш и со црните и со златните. Друго е така, а вака и на невидено може погрешен совет да добиеш.
Девојки, си земав црвени штикли гант... :/ Мора ли и чантата да биде гант? Се отепав барање секаде и нема и што е најстрашно ми рекоја дека нема ни да најдам. Каква друга би одговарала??