Фустанчево ќе одговара и со црни, и со кремови штикли. Не остава многу простор за ланче, па можеш да ставиш дискретни бисерни обетки, бисерни белегзии, или прстен, во зависност од тоа што имаш (ова ако го носиш со кремови штикли, ако го носиш со црни можеш црни бисери) Јас би играла малку со боите па би го комбинирала со тиркизни чевли, тиркизни нокти, кремов накит. Исто и со црвени штикли, лак, и кармин би стоело добро. Кошулата ми се допаѓа, штиклите со високите чорапи ми се допаѓаат, косата ми се допаѓа Ама девојко, краткиве пантолончиња... премногу се кратки! Ти се гледа цртата од проѕирните хулахопки, дали тоа ти кажува нешто? Со црна суќна многу подобро и поелегантно би изгледало, и дефинитивно нема да изгледа како да ќе автостопираш. Јас сум повеќе за првите Не знам дали оти периодов е таков и фатија снегови, па некако потопло ми изгледаат, или можеби затоа што вторите ми се нешто веќе видено, ама ете, првите повеќе ми се допаѓаат. Одговорот сличен како на првото прашање - можеш да купиш апсолутно какви и да сакаш. Мене со кремово најмногу ми оди тиркизно, ама можеш и црвени, циклама, кралско сини, виолетови... Јас сум секогаш за похрабро комбинирање, па би одбрала златни. Црни штикли изгледаат малку прегрубо за црвено фустанче, а златните може да ги искомбинираш со златен накит и ќе изгледаш баш новогодишно Значи штиклите и чантата не само што треба да бидат иста боја, ами и иста марка? Кај ги пишува бе овие правила? Класично и убаво, со бела кошула и црни фармерки не можеш да погрешиш. Можеш да надополниш со црвени нокти и кармин.
Феминки јас имам зелен капут и сега сакам да си купам капа и шал и не знам за која боја да се одлучам ама сепак мислам дека црно највеќе ќе ми одговара. Кое е вашето мислење?
Зошто само црна? Да, најсигурна варјанта е, ама досадно е бре досадно Не ми се гледа веќе луѓе со црни капи и шалеви, и јакна у друга боја. Можиш да го комбинираш со темно жолта, со бордо, па и со светло црвена дури, можиш со кафена. Не се ограничувај само на црна како добитна комбинација, иако да, најсигурна, постојат и многу други
Јас сакам да земам зелен капут и црвени чизми со обрната кожа и шал црвен мајка ми дома половина саат ми се смееше ама црната и кафената веќе ми се здосадени за комбинирање сакам бои бре аххаха
Хахах ми се допаѓа тоа што сакаш да внесеш бои во зимсково студенило,иако оваа комбинација е премногу смела за мене, јас би земала чизми во боја или капут во боја а другото неутрално, но би можела да ни ставиш слика од нијансите кои сакаш да ги комбинираш??
Ми се допаѓа комбинацијата но ми е некако секојдневна, доколку веќе сакаш да се панталони ти предлагам со друга кошула да искомбинираш, може и бела да е но друг модел.
Искрено мислам дека многу ти е убава комбинацијава... Не си воопшто вулгарно облечена затоа што горе си целосно покриена а долу ги покажуваш нозете кои патем ти се топ. Јас не би носела дотолку кратки, ама ако тоа тебе ти се допаѓа, бујрум. Комбинацијава не би ја носела со сукња, баш со панталони куси поубав ефект има. Се надевам ќе ставиш слики во модни критики после НГ
Досадна комбинација е со црни, а баш храбро ќе биде со златни! Има на нет убави комбинации, ова ми привлече внимание(иако не се баш златни на крем маваат,ако имаш такви јас би ти предложила тие да ги носиш) Но има и примвер добри комбинации со златно што мене не ми се ни најмално грди ни кичести Спојлер Од друга страна ама стварно грдо и досадно ми е со црни, дали сум се изнагледала милион црно-црвени комбинации па одбивни ми се... Се зависи каква ви била црвната,но мене ми се допѓа комбинација со сиви кондури. Кога ќе го земеш фустанот спореди си и испробај што ќе ти се фати највише на око
Многу зависи од материјалот на фустанчето. Погрубите и стреч материјали, трпат темна чевла, во случајов да земеме сива или црна. Сатенот и чипката(за црвена боја потенцирам)не се за со груба чевла, па најубаво би одговарало крем варијанта, најприближно до бојата на кожата, или златна. Ова ти кажувам од искуство, пошто имам и чипка црвена, и нешто слично на сатен, и сум ги носела со многу светла крем штикла, како салонка. И крем плико со златен накит, обетки претежно. За хулахопките, најубаво е од оние проѕирните, што се малку подебелки и имаат сјај. Никако од оние што се како бели кога ќе ги ставиш на нога, и делуваат како да си боса. Црни во ниеден случај. Јас сум за кафеава боја, било која нијанса. А може и на сиво, бордо.... Макар што можам да си замислам комбинација со кафеави капа и шал, со крем шарки и мислам дека многу убаво би изгледало.
Не можам да најдам никаде слика онака што гледав во продавници бендисав и капут и чизми и за мене е многу смела ама желба пуста , ако земам ке постирам слика
Девојки фала многу за советите. Најубаво ќе видам кога ќе си го земам фустанчето. Инаку јас мислам дека црните ќе бидат премногу груби, а за златните да не се многу кич, иако се како мат златно, не се нападни,ама да не бдиам како ѕунѕурка, на крај изгледа ќе завршам со црвени слаонки и ненападен златен накит, што мислам дека ќе изгледа најубаво, а хулахопки месо боја, само не сакам да ми светат, а не сакам ни да бидат бледи како баба ми што носеше...Предлог некој за такви хулахопки? Бидејќи последниот пат кога купував ми дадоја од тие што светат, а претходно од тие како кремови, дебели, никакви и никако да си погодам. Спојлер Иначе фустанчето е најобичен материјал горе има малку црвена чипка, затоа ме буни комбинацијата, заради чипката.
Нејтири можеш крем штикли, тегет убаво би изгледале исто така... А за хулахопки најубаво би ти било да си купиш од некој амркет или од пазар од најобичните што се 30-40 денари. Тие ни светат ни ништо, баш изгледаат како да ти е гола ногата, јас кога идам да купувам такви прозирни хулахопки некои као демек поквалитетни поубави секогаш ми ги утнуваат, барам најобични а ми даваат некои со ликри и сјај и џабе парите Најодбро ќе ти биде значи да си купиш најобични и најефтини, а и најубави се.
Јас да ве питам нешто. Со ф`станов и розевиве штиклици, што накит да ставам? Само немојте мољим вас да ми речете розев накит, не сакам униформирано да изгледам.
Можеш да ставиш некое убаво црно ланче со малечки црни обетки,една убава голема колба,коса во опавче и топ ќе си.Или исто така можеш да ставиш сиви долги,раскошни обетки и сиво- црна колба.Штиклите и во двата сличаја ќе ја разбијат комбинацијата
^ Розев накит категорично не! Мене најмногу ми се свиѓа со сребрен накит, не дека не иде со златен, ама со сребрено посмирено ми изгледа некако
Анабелче и јас се согласувам во La-chicka. Сребрен накит. Поможност поголеми обетки и прстен или белегзија. И полн погодок . И црно пликче, нека одудараат само штиклите
Анабелка нешто златно, тоа ланчето што тие е златното вертикалното супер ќе оди со ова, или мене со розе ми оди крем и кафено, ако имаш нешто такво може, не ми текнува сеа дали имаш такво ланче Би ти препорачала ланче со некој добар прстен, доволно е! Мене не ми се допаѓа со сребрено, ни со сиво, златно ќе расздрма малку и ќе освежи Како овде на пример
Мхм, морам да се согласам со Хипстер, комбинацијава е одлична и + карминче розево... совршено Всушност, баш како на сликава