Za nova godina ke bidam vo restorant pa se uste ne sum si kupila fustan i stikli planiram da si kupam crven fustan ako ne se predomislam so kakvi stikli bi bilo poubavo za crven fustan crveni ili crni ? i dajte mi predlog za frizura vo domasni uslovi
Дали ланчево буфче може да помине со следниве комбинации? Со што би одговарало најмногу да ја носам светкавата блуза фармерка,крем панталони или црни ?
И двете комбинации ми се допаѓаат. Многу е убавка првата блуза. Би можела да облечеш под првата светкава блуза да облечеш кошулка.
За нг јас ке носам нешто до над колена фустанче на половината со ластиче, од теранова како кремасто( моментално немам слика). Тоа оди комплет со кафеаво коланче.Арно ама сите ке носат штикли па така и јас ,а имам само црни. Моментално не сум во состојба да купам нови п а затоа ке ве прашам како да направам комбинацијата. Да ставам црно коланче мало , накит каков ..Идеи секакви би ми помогнале..
Носи ги црните штикли и на местото од кафеавто коланче можеш да ставиш мало црно каифче и сето тоа искомбинирај го со црн накит.
не ми е за нг но да си прашам, имам вакво но моето е бело фустанче и го носам со црвени штикли, со црни нема шанси никако не ми иде, и сеа сакам да прашам со каква друга боја би одворавало ? може кремасти?
Девојки драги, дали би облекле кафени подебели хулахопки со крем шорцеви со малку висок струк и не толку куси, не долги до над колена, туку некаде до среде нога? И да, малку потенки се...
[quote="Emma89",]Девојки драги, дали би облекле кафени подебели хулахопки со крем шорцеви со малку висок струк и не толку куси, не долги до над колена, туку некаде до среде нога? И да, малку потенки се...[/quote] Јас да ,баш вчера планирав да ги облечам но се предомислив. Иначе мислам дека би стоеле и со црни проѕирни хулахопки. Ова го најдов во работите на мајка ми , дали би го носеле? Подолго е , јас планирам толку да ги скратам.
^ Мислев оти се малку потенки, да не е срамота зимно време. Затоа комбинација со кафени, да затвори малку, зошто ќе одам на крем, кафено и црвена комбинација. А за ова немој да се мислиш, стесни, скрати и носи. Баше слатко е!!!
*Скај немој да го кратиш совршено ти стои вака. Инаку, јас сакав да прашам дали би одговарало крем боја фустан со црвени штикли?
Сакам толку да го скратам со шнолки го имам фатено така иначе многу подолго е. Да би одговарало,јас лани црвените штикли ама на се ги носев
Го купив фустанчево за Нова Година. Со него оди и тенко кафеаво коланче за на половината. Оддолу има и ластик, така да може да се носи и како подолго и како пократко. Е сега се мислам со кои штикли би го носела. Црните или оние со темно кремаста накај сива боја. И што да ставам од накит, хм ? Спојлер
^ Кремастите. Скајче се заљубив...Ах како мајка ми се фрлила што имала, кога ќе видам вакво нешто ми се плачи. Скрати го вака како што го имаш направено и да го изнаносиш, ако не го сакаш пиши лп ќе ти кажам адреса, да ми го подариш ако сакаш