Си бендисав вакво фустанче само грбот му е затворен нема коланче и долниот заден дел му е подолг. Дали е убаво за нова година и како да ги искомбинирам планирам да носам црни штикли ама незнам какви хулахопки
Сакам да носам ваков сличен фустан, само светките горе се црни. Што мислите дека е подобро, црни или месо боја хулахопки? И каков накит? Како и да е не планирам многу да се китам , светките си се доволни
@pamelche Хулахопки може некои интересни, шарени, штосни, дезенирани, а од накит некакво подолго ланче, можеш да ставиш и часовник. @cacikr Можеш со обични тенки месо боја хулахопки, можеш и со црни исто потенки, или пак со тегет. Зависи и што накит планираш да ставиш и дали ќе ставиш коланче. @Mermaid Ако ти е покусо фустанчето оди со тенки црни, а ако е подолго со месо боја тенки хулахопки. Од накит или долги обетки со коса фатена, или ситни обетки со алка. Можеш и некој нежен убав часовник.
Se izvinuvam sto pisuvam na latinica,od mob.sum. Mi treba pomos za nova godina ke bidam vo crna robicka, no ne e bas crna,nekako kako na kafeno ode, kako I da md , ke odam so plavi stikli e sega neznam kakvi hulohopki da nosam dali crni ili meso boja, za nakit planiram crn.
Јас мислам со месо боја хулахопки зашто со црни некако ке ми бидеш затворена дека и темна боја фустанчето и црни хулахопки не ми иде некако до душа зависи и каков ти е стилот нели, можеш со плавите штикли таква боја чантичка
За Нова година во план ми е да носам кожни панталони и си земав. Ама што нагоре? Не сакам да е нешто кратко ниту пак нешто ептен долго
Обожавам кога ке видам кожни пантолони со бело некое убаво штосно кошулче и висока штикла, ем елегантно ем класично ем секси
Фармерки, обична маичка ( кремова, црна, бела, сива, тиркизна ). На нозе јас би ти предложила чизмички ниски, до над глуждови. Можеш со некое џемперче со копченца, а врз тоа некој капут да не ти биде ладно. Бојава е многу убава, можеш и со посветла нијанса на таа боја да комбинираш.
Луѓе ај мала помош. На ваква тесна сукничка, ваква пеплум темно зелена блуза и црни штикли какви хулахопки да носам. Месо боја, црни или некои дезенирани (добро би ми дошла и некоја сликичка). Фала многу
Жени, ќе одговара ли ваков тип на ланче со нежно чипкано блузе, на кое јаката така некако слободно си паѓа. Не знам како точно да ја објаснам - нема јака, ами онака како карнерче е, од рамениците паѓа надоле кон деколтето, ама не е разголена, си паѓа до над градите. Бледа е маичката (како и да ја наречам), одоздоле има светло крем постава. Не е на арно работава, штом ми се присака ланче.
Месо боја, многу ке бидиш црна надоле ако облечиш црни хулахопки. Комбинацијата ми е убава, да не речам класика, па месо боја хулахопки не би ја нреоптоварувале, туку би ја оставиле таква, убава Јас у таа нежна комбинација не би ставила вакво ланче, премногу ми е нежна кошулата за ваков тип на ланче. Пробај со некое исто така нежно ланче, како од колекциите на сваровски, или можиш да пробаш со некое подолго ланче, шо ќе паѓа по работ на копчињата на кошулата еве вака нешто. Само секако у други бои, дезен...моделот беше битен. т.е должината де
женски.......планирам да носам кафеави чизми до глужд на штикла,црна сукња со висок струк,црни хупахопки подебели е сега порблемот е за горе......шо предлагате?немам ништо кафеаво,нели за да одговара со чизмите,па со која боја да искомбинирам? немам идеја ама баш никаква помош