Ке ми простиш ја сосема поинаку ја замислував а и помислив дека си повозрасна , за оваа блузичка би ти препорачала , фармерчиња црни ,обични може потемни а коланче не ,ugg чизми црни , или обични рамни чизми . Може и со кафени фармерчиња Да ве замолам и јас за помош прашав 2 пати ама не добив одговор Ке носам фустанче темно плаво накај тегет со црвено јака ланче и црвени чизми до глужд со црвено тегет плик ташна , се двоумам за хулахопката дали месо боја , или тегет имам иста боја како фустанот ама пак не можам да се одлучам . И дали да ставам црвено или златно коланче или коланот би бил премногу
Коланот мислам дека ќе биде премногу за мене , а хулахопките нека бидат или тегет или месо боја и двете би стоеле прекрасно
Оваа комбинација со црни салонки? За на прославата со колегите Добро е? Да додавам нешто? Ич не сакам да сум свечена ко за на свадба П.С Свекрва ми ме сликаше
Дали стои ова? Овие чизмички само што моите се со полна пета и кафено крзно одозгора и ваков да е долниот дел од фустанчето или пак суќња со некоја блуза што одговара ама црни ке бидат или сл (не е бојата како на сликата, неможев да најдам некоја црна на google)?
Мислев ја со некоја друга боја, да не биде црно-бел. Оти сакам шарен саат да носам (плав со некоја црвена боја внатре), или пак нараквица, али каква
И конечно се одлучив што ќе облечам за НГ ќе носам фармерки, циклама боди со долги ракави и одозгода црна туника со ролка на кратки ракави, ќе носам црни чизмички до глужд и циклама капут,е сега се мислам за ташничка и накит, дали да бидат црни или циклама
Ај дајте ми некоја идеја за комбинација за нова година...ќе одам на журка, сакам ем кежуал, ем не толку кежуал сериозно незнам што да искомбинирам, останав без инспирација Дали да облечам некоја кошула пример со ракав или без, некој накит, фармерки, и чизми...само какви е дилемата
Не си свечена како за свадба , моделот е баш како за прослава со колегите . Храбар избор на бои за во зима но убаво ти стои . Е сега за црни салонки не знам дали би стоело , црна кошулка да облечеш што знам , дека боите се повесели да не штрчат салонките немам престава како би стоеле можеби со плико не би штрчеле , имам ваква боја кошула и суќна но летни и ги комбинирам со тегет сандалки не сум размислувала да вметнам црно во комбинацијава . Поздрав до свекрвата
црвено -бордо некоја мешана нијасна боја на фустан , црни штикли(чизма) накит и хулахопки какви ми предлагате?
Доколку фустанчето е поедноставно и нема многу детали би ти препорачала вакаво отприлика ланче , некое нежно црно саатче може и бордо ако имаш , и црни хулахопки мислам дека многу поубаво стојат на бордо фустан
Девојки каков накит да искомбинирам со син фустан со мали сребрени топчиња и малку отворен грб, на нозе ќе носам црни стикли со мали циркончиња сребрени затоа што други штикли немам што би ми одговарале е сеа не знам за накит и косата?
Вечерва сум на роденден кај една другарка и сакам да одам во црна суќна и кремаста блуза, ама незнам дали да одам само на тоа или да облечам некое болеро или џемперче.Се мислам за некоја од овие комбинации.Што мислите вие?
девојки за нова година планирам да носам црни фармерки со зелена маичка и кремасто сако,но сакав да прашам дали би ми одговарале вакви штикли секако во крем боја и скроз затворени напред кај прстите или повеке ке ми одговараат зелени салонки? Што мислите вие?
Бидејќи сакото нема да го носиш цела вечер нели,би можела да ставиш зелени салонки,но убаво би било и со кремови.
Епа вака девојки,јас ќе носам црн фустан со кремови чевли,е сеа се мислам дали да носам златен накит или пак кремов?
Па можеш златен но ако немаш ништо друго златесто на себе(милслам некој детал наа ташна или некои такми на фустан..,) подобро стави кремав