Мислам дека со зелените панталони не би било убаво. Можеш ете, со црните, без каишот и со најобични црни салонки.
Сега зависи каква е чипката. Ако е дискретна, неприметлива оди со вакви хулахопки. А ако е позабележителна оди со обични хулахопки, без линии без шари зашто сето внимание го држи чипката. Премногу ќе биде.... иако хулахопките имаат само една црта, според мене би било премногу.
Штикли не носам (мала сум ), црните ми се скинаа. Планирав да купам нови и со нив да одам, ама сепак на нозе не знам што да носам.
Lov3 еве ти слика за убава комбинација на бои нели со основната тиркизно-зеленкаста што ја имаш за кошулата. Немораш кремави штикли и кремав ремен. Може да земеш и црна боја на ремен, чизмички и ташна и јакна/капут нели.
Што да искомбинирам со темно сина сукња до колена,не толку тесна?Мислам кошула,ама сепак дајте ми вие некој предлог.
^ Со темно сина добро ќе ти стои ако имаш бела кошула, кафени или крем чизмички/салонки и светли месо боја хулахопки. Или со крем кошулка ако имаш... Не знам каков е моделот, ама кошулата можеш да ја ставиш внатре во сукњата. Од прилика ова, ако ти е за вечер...
Гледам дека имаш 12 години, така да не би ти препорачала кошула, изгледа премногу секретарски за мало дете. Јас би одела со некоја поширочка маичка горе, АКО сукњата не е широка. Ако ти е широка тогаш оди со нешто тесно одозгора. Можеш и со некоја пеплум маичка, и слатко ланченце. Со темно сина сукња оди крем,бело,црно не препорачувам бидејќи повеќе те затвора.
Оти си 12 години може и со црвено да комбинираш темно сино па ако имаш некоја блузичка мислам дека супер ќе ти стои
Блузава можеш да ја носиш со хеланки,панталони,фармерки (црни,кафеави) Па можеш и капава и шалчето.зошто да не,нема врска што се во црвена боја,но со долги златни обетки не. Со мали обетки ја носи,пример вакви
Не се златни,бижутерија се ама имаат златна боја и во форма на срце се А и на блузава шарите и се кафени и златни затоа си прашав
Со оваа блуза ќе одговараат шалот и капата. Секако блузата најверојатно ќе ја носиш со фармерки, и по меене златни долги обетки не ти требаат, подобро си земи некои мали.
девојки, да ве прашам. ќе шијам класичен црвен капут со должина до над колена. се ставив во мисла каква боја да бидат копчињата. дали ќе одговара, на пример, да ставам златни копчиња и притоа да можам да го носам со црни, кафени и крем чевли/чизми, или пак да ставам црни копчиња и да можам да го носам со боите чевли/чизми што ги напоменав. м?
За златни копчиња јас не сум, од причина што комбинација златно-црвено за капут ми е некако ту мач. Најдобро би било да ставиш црвени копчиња, како што е капутот. Така немаш утка.
Вака, имам црни сомотни целосни панталони, должина до над колена, со рамки. Секако во зима се носат само. Со што да ги носам и како да ги комбинирам? фала однапред
Пантоли се веројатно пантолони Спојлер значи пишувајте како што се пишува и јас сум од провинција па не пишувам на дијалект , искомбинирај ги со некои штосни убави хулахопки во риги, во боја, и некое еднобојно маиче по долги во некоја од боите на хулахопките, некое убаво баретче и чизмички до глужд, рамни по можност. Иако мислам дека сега не им е баш модата, може секој пат да се искомбинираат акотоа се направи умешно и успешно
Да, моја грешка Инаку фала, а за чизмичките до глужд, бидејки немам такви, дали би послужиле и Угг чизмички, ниски?