Може, сакав да пишам и таква опција ама пошто не сите ги сакаат, не напишав, многу интересно ќе изгледа
Имам ваков елек ( без сините делови)( моделот кај мене е малку повеќе по ослабен туку ваква е плетката) Сосем бел е нема ракави, тежок е и незнам со што да го искомбинирам. Ај во пролет или есен можеш само со него и не ти се познава градникот ама зима со што да го искомбинирам?( Под него што?) Спојлер п.с. и без копчиња (Ама детално опишување)
Според мене со ролка како баба да те облекла....без љутиш ! Јас мислам некоја темна некоја кафеава кошула...сеа брзо истава комбинација негде ја видов и на врвот на јаките од кошулата имаше циркончиња...ауууф кефско
Го имам истиот овој џемер, ама не сум сигурна со што да го искомбинирам. Имам некоја замисла, ама би сакала да слушнам и ваши предлози. Какви акцесоари, со фармерки или нешто друго?
Јас би го искомбинирала со светли плави фармерки , кафени чевли ( чизми ако имаш ) , долго ланче , е сеа под него би облекла кошулка бела или евентуално ролка. А да , и каивче некакво би носела
SmilerGirl ја би со црни дебели хулахопки, црни салонки и гломазно сребрено ланче. I.love.your.lips кошула. Доколку не е толку длабок изразот. Немам вака идеја како изгледа, подобро облечи го, па постави слика затоа што се бунам во глава. Јас би комбинирала со некоја силна претставителна боја, но не и со шарки на кошулата затоа што плетенка плетката е доволна. mamma-mia мене овој џемпер ми вришти еквестриан. Прекрасен е! Доколку имаш кафени јавачки чизми мислам дека тоа би било одлично. Патем ќе додадеш темни фармерки (одговара и со светли, но во мојата замисла е вака), дебел кафен каиш и кошула. За накит часовник би било супер.
Јас би облекла сиви дебели хулахопки(по можност иста боја како ланчето),и некое сребрено ланче вака некоја боја на хулахопки
SmilerGirl -со црно фустанче се можеш да носиш. Ако се одлчиш за црни хулахопки и црни штикли,накитот нека ти биде сребрен или златен. Некое ланче како овие сега што се носат.
На црниот фустан црна дезенирана хулахопка, плетена, чипка, цвеќиња што и да е шарата, никако обични. По твој избор, само не дебели за под фармерки хулахопки. Гердан краток и голем и готова си.
SmilerGirl танки црни хулакопки оние што имаат назад линија црвена, црни салонки и ланчето да ти биди подолго и каква боја ќе ти биде накитот такво боја и плико да носиш, а по мое најдобро би било пликото и накитот да ти бидат во црвена боја.
Девојки сакам да ве прашам како да ја искомбинирам оваа кошулка. Еднаш ја носев со црни панталони и со салонки. Но, сакам да ве прашам дали може некако поинаку да ја комбинирам да и додам нешто... Поздрав !
^Па може со тесна црна суќна да ја носиш а за додавање не бидејки е многу богата самата кошула,па ако ставиш и гердан или билошто слиќно ќе биде пренатрупано
Па јас мислам дека можеш да ја носиш со тесна црна суќна , хулахопки бордо би облекла , чевли исто црни , можеш некоја бордо ташничка или што знам За накит не ти препорачувам да носиш ланче зашто самата кошула има доста детали , можеш дискретни обетки или пак прстен како што забележав дека веќе си носела.