Agrona кожни хеланки, црна тесна сукња, кожна сукња, бордо панталони (фармерки, кожни, било што). Мене овие идеи први ми дојдоа при ум. Од накит алка некоја поголема, прстен или пак гломазно ланче. Ако си за повеќе накит, тогаш можеш и повеќе од едно парче.
Agrona би можела со сукничка некоја слицна на овое две ,за да не бие досадно само со пантолони да ја комбинираш, и помалце накит мижеш да ставиш посто да не дојде многу натрупано .
Би можела со тесна црна сукна,црни чевли.Би додала бордо или црвенки хулахопки,за да дели бојата,црвенка или бордо ташниче и убетки.
Девојки ми треба помош, како да го искомбинирам ова фустанче. Го имам носено само еднаш летото. Сега се мислев со едно како сако е, со кратки ракави, црно, и црни салонки, прозирни хулахопки, пошто самото е шарено. Инаку сакото планирам цело време да биде на мене (не е грубо, лесен материјал е), а до таму секако капутче. Ама секој совет е добредојден.
Премногу ми се допаѓа , може интересно да се искомбинира. Ако го носиш со црни салонки и црно сако , јас би ти препорачала да облечеш хулахопки црни зашто со безбојни не знам , некако летно ке ми делува Можеш да си ставиш сребрено ланче вака нешто : И сребрена алка или прстен.
Спојлер Ке ти одговара сако. И добро ќе е со прозирни хулахопки, некако со други мислам дека нема да ти одговара. Од ланче немаш потреба, стави си некои нежни обетки и алки и супер ќе си.
Можеш да го искомбинираш со црни хулохопки(дебели) и црни салонки.Без ланче, со обетки или прстен.И сако, црно.Или кремасто ако не сакаш многу црнила.И бордо кармин. Поздрав.
Си купив панталони во оваа боја Спојлер Обичен крој се, горе има лента за врзување панделка од истиот материјал во иста боја, тесни се. Со што да ги комбинирам?
Зависи од стилот и вкусот. Јас на пр. никогаш не би носела ракавици до лакт, ниту пак вакви (ко) плишани. Такви ми изгледаат на сликава. Не сакам да го употребувам терминов, оти стварно го употребувам кога е нужен и кога карактеризирам нешто што е кич, ама ете, "теткински" ми изгледаат. Секој со својот вкус, пак ќе кажам.
Не мора да биде со црн тесен фустан. може и бел, одговараат и со бело Инаку, да и јас би ти препорачала да ги носиш во некоја посвечена пригода, свадба на пример, ама само доколку е зимска или во доцна есен. Што знам, некако за на лето не ми одговараат. Еве ти еден предлог Moжеш да комбинираш со тенка бела лента на главата, како венче.
Раквиците не се плишани туку како сатен нешто. Средував ормар и ги начекав,...и си велам божеее ги купив а ни еднаш не ги искомбинирав. Затоа и побарав совет.
Па можеш на различни начини да ги искомбинираш , зависи од пригодата.За секој ден можеш со блуза во бела,црна,кремаста боја и одозгора капутче. За посвечени прилики, можеш со кошулка бела , црни салонки , црно сако
Како што веќе ти кажале неколку феминки погоре, исклучиво за свечени прилики , како на пр. свадба и слично . Можеш да ги комбинираш со црн фустан од истиот материјал како што ти се ракавиците , со бордо фустан , темно зелен.. и да само за во зима
Со кремави нианси на блузи или кошули преубаво ќе е. А исто можеш и со бело, црно, кафено. Јас би со тие бои се надевам дека ти помогнав. Snow-Queen Спојлер за твоите ракавици чекај некоја ептен посебна прилика, некоја блиска свадба или нешто такво. Секојдневно или за излегување не се.т.с не се носат.