Мене не ми се допаѓа тоа како ugg boots-от стојат со тексас сукничка. Но сепак, во прашање се вкусови. Спојлер Сметам дека најмногу одговараат со потесни фармерки, панталони, или хеланки.
Девојки сакам да носам црно фустанче на едната прерамка има како сребренко и сакам да комбинирам со кремави штикли е сеа со какви хулахопки црни или месо и каков накит
Па сеа зависи каков е фустанот дали онаков скрос црн или црн,дека нели има некој што не се така црни,па според тоа можеш да ставиш црни хулахопки,но јас сум повеќе за безбојни.Од накит можеш некои висечки менѓуши али не толку нападни и некоја алка. Спојлер Сеа може сум малку помала и не се разбирам толку,али имам право да ти дадам предлог,се надевам дека ти помогнав.
Со кремавите штикли подобро би идело месо боја хулахопки според мене. Не ми се свиѓа како изгледа крем салонка со црни хулахопки
Da definitivno krem hulahopki no nakit baraj nesto krem so srebro Спојлер izvini za latinicava od mob. sum
Хулахопки месо боја. А накит можеш да ставиш во сребрена боја. Е сега, не знам што конректно, бидејќи не знам дали фустанчето напред е поотворено или не. Но, можеш некоја понежна сребрена белегзија, и во зависност од тоа колку белегзијата го надополнува изгледот ќе видиш дали ќе може да додадеш и прстенче, бидејќи треба да внимаваш да не биде пренатрупано.
Ако шорцевите се тексас тогаш не би ти препорачала. А ако се од некој друг материјал, тогаш :up: Тоа би била преубава комбинација.
^chocolate.me Мислиш на вакво нешто? Спојлер Зависи какви се панталоните, ако се поедноставни тогаш во ред, но ако се со повеќе детали, тогаш најдобро би било хулахопки месо боја.
^ Не се тексас шорцевите, розови се, друг материјал и со висок струк. Ќе постирам слика во споилер и од пантолоните и од хулахопките. Имам пробано, убаво стои, но незнам дали е соодветно за овој период. Во дискотека ќе одам.
Мене ми се допаѓа таа комбинација.Можеш да ставиш некој корсет,кошулка.И со розева плик ташничка.Тоа ќе ти биде полн погодок. Иначе,пантолончињата ти се многу убави.
^chocolate.me Јас сум за, но доколку искомбинираш со некоја црна маичка или кошулче (ставено внатре во шорцевите, се разбира) и розова плик-чантичка. Спојлер Еве некои предлози за горниот дел:
Мене ми се допаѓа но се додека панталончињата не се ептен летни. Можеш да носиш подебели хулахопки со панталончиња од исто подебел материјал.
Chocolate.me - Мене ми се допаѓа многу како изгледа. Горе можеш некоја прозирна кошула, кремава или црна и со црните штикли. Супер Од накит можеш нешто златно или евентуално сребрено, одбегни пластична бижутерија