Па вака, според мене би ја искомбинирала со горен тесен дел, ус тело така да тоа би можело да биде обична рамбовка или некаков еднобоен топ ( јас лично би облекла бордо или темно зелено) и црно сако. Сребрено гломазно ланче исто така, или евентуално златно. Хулахопки во зависност од бојата на рамбовката/топчето и најобични црни салонки.
Спојлер Вакви чизми незнам со што да искомбинирам. Слични се моите како на сликата, само кожни веднаш под коленото се без тоа каивчето и посветла боја. Е сега за на фустан не ми се некако, а суќни имам во повеќе бои (црна, сина, кремаста ... ) Незнам како би искомбинирала со суќна, каква боја и од горе што да облечам..
Па , овие чизми ми се повеќе за дневен аутфит.За на фустан и не одат баш,но на сукња и може. Кафено/црно не ми се допаѓа мене,но затоа со сината сукња што ја имаш можеш многу добра комбинација да направиш.Кафени хулахопки,кафеаво каивче,за блузичка јас предлагам рамбовка бела или кремаста и одозгора кафеаво џемперче од оние на копчиња што се. Исто би било интересно со кремаста сукња, само што пак би одела со кафеави хулахопки , а нагоре доколку сукњата е тесна би облекла oversized baby pink џемпер Доколку е широка , горниот дел обавезно да ти биде тесен, така да некакво обично џемперче би завршило работа, исто може во бебешко розева боја или тиркизна.
Овие чизми се повеќе за некоја секојдневна комбинација. Па така, добро би дошле со некоја туника и хеланки со зимски принт. Спојлер Е сега, доколку сакаш да искомбинираш со сукна, тогаш зависи каква е сукната. Потоа, можеш да ги носиш со некои потесни панталони/фармерки. Само треба добро да искомбинираш.
Девојки имам минт кошула и сакам да и направам studded collar само незнам какви нитни би одговарале дали златни или сребрени. Што мислите?
А да ги измешаш ? Според мене, како златни така и сребрени, убаво ќе стојат. Немаш утка какви и да ги направиш.
Мислам дека најдобро би било да видиш со каков накит располагаш и со што би ја носела, па после одлучи какви нитни ќе ставиш. Секако одговара добро и со златни и со сребрени.
Па едноставно можеш со некоја по елегантна кошулка.. Бидејќи наидов на неколку такви комбинации и многу интересно изгледа.. Погледни ги сликиве во спојлер,се надевам дека ќе ти се допадне .. Ланче: Чевли: Ланчево е преубаво.. Само за во лето..
^Rose96 Можеш да искомбинираш со некоја бела кошула, кoja би ја ставила внатре. Потоа, црвена или црна плик чантичка, и чевли зависно од пригодата, но најдобро би одело со црни салонки. Eве уште некои идеи, се надевам дека ќе ти бидат од помош: Спојлер
За посвечена прилика, кремасти салонки, кремаста кошула внатре во панталоните, кафеав каиш, златно ланче. За дневен изглед, црни чизмички или старки, црно каивче. бела рамбовка, црно џемперче на закопчување, можеш да додадеш црвена алка и обетки
Росе кога видов што сакаш да искомбинираш, веднаш ми дојде кежуал комбинација! Обична бела маичка внатре во панталоните, дебел кардиган (по можност малку по долг и неутрална боја.) или пак некое џемперче и напред бутнато во панталоните а позади не. На нозе угг или најобични чизми. Долго ланче и прстенче,црвен кармин и косата или фатена или во плетенка на страна. Е ова за мене би била совршена комбинација!
За кежуал варијанте со хеланки и чизми до колена без штикла препорачувам во кафеава боја и кафеава ташна. А хеланките во било која пригода можат да бидат заменети со фармерки. А чизмите како што кажав во кафена боја и ташната исто.
Нема потреба од многу да се ограничуваш. Доколку имаш чанта во таква боја ќе биде убава комбинација. но можеш и со црна кафена кремаста сива. Штосно ќе изгледа кога само капут ќе се дели.