Многу убава боја Јас би ја искомбинирала со кремасти хеланки или панталони, кафави чизми високи, и нагоре бело џемперче ако ти е за преку ден или некоја кошулка збогатена со златно ланче за навечер
Девојки дали би ги носеле чевливе? Се мислам заради штиклата,некако гломазна ми е. Доколку би ги носеле со што би ги искомбинирале?
Со зимски шарени хеланки или со потемни цевка фармерки. Иако јас во многу ретки случаи би ги носела но за дневна компинација зосшто да не
Преубави се, можеш да ги носиш со цевка панталони и фармерки, со хеланки, со некоја по едноставна сукња и дизајнирани хулахопки, со се што е лежерно само не ги носи во елегантни комбинации и на широки панталони. Секојдневни преубави чевли. Воопшто не е гломазна штикла, мое мислење носи си ги.
Убави се штиклите, можеш да ги искомбинираш со црни тесни фармерки, црн каиш, некоја маичка што паѓа на едното рамо ( по можност еднобојна ) и сребрено долго ланче .
Јас имам слично нешто, и воопшто не се гломазни кога ќе ги облечеш. Можеш да ги комбинираш со хеланки и подолги маици, тесни фармерки и некоја блузичка, може и кошула, маичка на кратки ракави, фармерки со кошула и џемпер одозгора, милион комбинации можеш да направиш, многу се типски.
А твојот фустан ваков ли е материјал?? Мене моделот ми се допаѓа, и би го носела на свадба и вака за искачање ако е блиска свадба не значи дека треба целата да си во шљокици, ваков едноставен фустан би бил преубав само да не е плетен т.с материјалот да е друг некако ваков вид на материал ( незнам како се вика)
Фустанот планирам да го шијам така да за материјал полесно ќе ми биде, иако е блиска свадба и јас сакам поедноставно да бидам облечена, не сакам да внимавам дали ми се поткренал фустанот, дали ми се гледа задникот, и на секоја секунда да влечам надолу по фустанот. Само незнам што материјал да земам и боја.
Фустанот како модел е многу убав,но материјалот не ми се допаѓа.Некој свиленкаст, сатен или не знам каков друг би можел да биде,но да не е плетен.Има денеска голем избор на материјали,па не би требало да ти е проблем .
Разбирам дека не сакаш да си пренакитена и со претерано краток минич, меѓутоа ова не е за на свадба. Без разлика дали станува збор за прослава на близок или далечен роднина/пријател. Материјалот и не е така лош доколку станува збор за секојдневна комбинација, но свадбарски никако. Не би ти препорачала ниту свила или сатен затоа што така според мене на ништо нема да личи. Кога веќе сакаш да бидеш едноставно облечена тогаш нека биде памук. Ќе можеш да го носиш понатаму со старки, римјанки, балетанки, чизми и така натаму. За да биде соодветно за свадба ќе додадеш нежен накит и некои интересни чевли. Мене ми се допаѓа овој. Нешто сличен е на тој кој го имаш замислено. http://www.ulovebridal.com/images/Cockt ... 7-1_03.jpg Или пак нешто во овој стил, без деталите горе и малку пократко. http://img.loveitsomuch.com/uploads/201 ... f92665.jpg Секогаш можеш да одбереш класичен модел како овој. http://www.cosstores.com/Content/Produc ... 6_11_0.jpg
Девојки каква поголема ташна (како за на факс) би ми била соодветна со UGG (со нитни се целите, од Body Line, може ги знае некој). Ништо не ми пасува ... гледав комбинации на нет ама ...
Спојлер Околу боја не се ограничувај, за ваков модел секоја боја одговара, едноставен модел е и можеш да избереш упадлива боја, а за материјал навистина неможам да ти помогнам , не ги знам имињата на материјалите.
Хм, па UGG - то се доста специфични како модел, но не се многу комплицирани за комбинирање. Една комбинација ако направиш со ташната, потоа ќе ти легнат другите. Мој предлог е некоја ташна со нитни, што собира А4 формат, вертикална. Ваков модел нешто. Спојлер Еве некој друг предлог :
Јас не гледам што е толку тешко за комбинирање? Без разлика на формата, бојата и големината на чантата ќе изгледа убаво за оние кои се љубители на овие чизми.
Фустанов не е за на свадба, кратко и јасно. Од материјал до крој. И покрај тоа што е едноставен и не спаѓа во групата кичерајаско-свадбарски сатени со циркони и останати варијации на тема, сепак не соодветсвува за приликата, блиски роднини или далечни пријатели ја правеле свадбата. Наликува на многу долг и згрешен џемпер, кога веќе шиеш вложи во нешто што ќе го изнаносиш и во многу други прилики зашто ова немам идеја каде би го облекла. Eве ти предлози за нешто префинето и дамски, без да тегнеш здолниште надолу. Играј со накит колку сакаш, штикли скоро какви сакаш, кутија-плик и на здравје.
Со помош на членка која е махер за мода се одлучив за комбинацијата еве го фустанот, ваков ќе шијам, само нема да е црн туку бордо еве ги штиклите порачани и наскоро ги очекувам да стигнат, за штиклите имав ОГРОМНА среќа што најдов број е сега за накит, ќе гледам да е нешто нежно, да не биде пренатрупано и светкаво
Добив пончо(пелерина) како подарок за роденден од една другарка. Е сега, не знам со што да го искомбинирам одоздола. Што носите, ролка, повеќе блузи? И дали е време сега за него? Или да чекам да се стопли времето малку?