Па искрено и не е баш времево за пончо.Но доколку сакаш да го носиш сега облечи подебел џемпер под него,а можеш дури и некое послабо палтенце.Инаку можеш со се да си го носиш...ролки,блузички,џемперчиња
Можеш со ролка, без разлика дали станува збор за онаква припиена до врат или од оние што се лабави таму (ако имаш таква тогаш тој дел нека биде врз пелерината). Потоа џемпер или џемперче со било каков израз. Малку неспојливо, но мене ми се допаѓа и со кошула. Особено ако е карирана. Зависно од времето, така и ќе вметнуваш слоеви. Сега можеш да облечеш тенок џемпер и дебел, па ова одозгора. Сепак тука игра улога и зимурливоста.
Немам баш време да пребарувам по темава, ако има некоја феминка одма да ми одговори за комбинација црвена ролка и тиркизно џемперче за отозгора. Фала ви однапред!!!
Девојки мајка ми денес ми купила една мутава блуза,туника како и да е Спојлер во половината е ваква а ракавите се крати и широки вакви Спојлер НЕ е мој стил едноставно , незнам како да ја носам со шал, на фармерки...како??милион пати и имам речено да не ми купува таа облека но ете веќе е купена. п.с. бај д вуеј одлично го отцртува салото кое го имам на половината Дали воопшто да ја носам?? Помогнете со некоја идеа ве молаааам Фала однапред
Баба ми ми направи нова окер блуза, плетена И сум си ептен среќна И решив да ја комбинирам со тегет пантолони е сега не знам која трета боја да ја вметнам а да немора да биде црна... помош
Маичка тесна и тенка под туниката, зошто е со куси ракави, пробај со тесни панталони и нормално каиш за да скриеш делот каде те исцртува. Можеш и со ѓерданче некое и чизмички, обична лежерна комбинација. Јас би те советувала и со кафено и крем. Ја замислувам комбинацијава со кафен накит и чизми или чизмички до глужд = полн погодок.
^ Emma ти благодарам- тукушто ми даде добра идеа за употреба на еден заборавен каиш кој и текако одговра со туникава Ти благодараам
happygirl : ако баш сега сакаш да ја носиш пелерината најдобро би било со оние тенки кожни јакни. За друго мислам дека е уште рано. GordanaL: Црвена ролка и тиркизно џемперче најдобро би било со црни панталони(тесни), тиркизни чизми, црна торба и некои црвени детали, обетки некоја алка.
Девојки ја добив на поклон ташнава. Крем е , ама од блицот ко бела да е . Има и каивче за на рамо, ама некако ми е обична. Прашањето ми беше што да И направам, некој предлог, или воопшто да не ја носам. А глеав слични ташни по форумов на оваа
Јас мислам убаво ќе биде и кафена боја да додадиш во комбинацијата, може и посветла и потемна. Во краен случај може и темна црвена, бордо. Убаво ќе стои блузата и со бордо панталони
Знам за кои UGG зборуваш, ги имам видено во Body Line Според мене, можеш да ги носиш со било каква црна ташна. Супер ако имаш црна ташна со нитни, но и ако немаш - ништо страшно, чевлите и ташната не мора да се согласуваат до детаљ. Во зависност од тоа како си облечена, можеш да ги носиш и со други бои на ташни, не се ограничувај И јас купив почно есенва и досега го имам облечено само два пати. Јас одоздола ги носев истите работи што и инаку ги носам под палто - маичка и џемпер. Знам дека сега е поладно и веројатно ќе ти студи ако не облечеш нешто плус, па затоа јас не го носам сега. Што и да изнаоблечам под него, мислам дека пак ќе ми биде ладно. Е сега некои ги носат над јакни, ама мене така не ми се допаѓа. Според мене подобро е да го оставиш за некои потопли пролетни денови Не ти одговорив баш одма, ама да си кажам јас Не сакам комбинации џемперче-ролка затоа што ми се монотони, освен ако не се надополнети со голема марама, ама ако веќе си решила да носиш така, боиве не ми одат заедно. Тиркизно ми оди со жолто, крем, минт, кафено, но не и со црвено. Туникава, затоа што сама по себе е сива и малку досадна, јас би ја искомбинирала со непроѕирни хулахопки во боја (црвени, бордо, сенф жолти, темно зелени, циклама), дебели дизајнирани хулахопки, или најдобро, ако најдеш, шарени хулахопки/хеланки и црни чизмички над глужд. Инспирација во спојлер Спојлер А и ми се допадна идејата на Феминката погоре, можеш да ставиш тесно каивче за да ти дојде до израз половината, јас би ставила црно односно иста боја како обувките. Многу ти ги сакам блузите од баба ти, ги имам видено во Модни критики Окер + тегет е супер комбинација, многу често и јас ги комбинирам овие две бои, а како трета боја можеш да вметнеш кафена, бордо или темно зелена Мене ташната и вака ми изгледа океј и не би ја менувала, всушност не ни имам идеја што би сменила. Баш можеш да го искористиш тоа што е обична и да ја комбинираш во аутфити со повеќе бои
девојки како би искомбинирале колеџ јакна онака набрзински ја земав бидејќи беше ефтина и сега се мислам со кои бои би одговарала боите се темно крем со светли ракави а буквата е бордо боја еве една слика само боите се различни
Ммм убави боички, па јас би ја носела на тесни класични фармерки,а одоздола обична блуска или ролка или на кратки ракави но еднобојна може црна, бела, бордо,крем... еве вакви преубаво би било со патики на нозете и спремна за шетање
Talita ташнава ако пробаш да ја менуваш само ќе ја уништиш, преубава е. Да си ја носиш. lily-prune јас лично ваква јакна не би носела, но мислам дека со секоја спортска комбинација добро би дошла, патики фармерки и обична маичка или блуза и јакнава и спремна си.
Зависи во каква прилика ќе го носиш,можеш кошула да облечеш или незаменливата ролка,и незнам баш каков модел ти е пелерината јас ги носам моите со каиш зошто не можам да експериментирам со детали или многу накит нешто налик ова :
Девојки убави ви се? Би ги носеле? Мама си ги земала, па да и ги крадам и јас некогаш . И предложете ми некоја комбинација за со нив.
Чизмичките се преубави. Јас би ги носела во едноставни комбинации, со тесни фармерчиња, блуза. А можеш и со хеланки и подолга туника на средина кафено каивче кафена ташна црна јакна и спремна си.