^ Не знам за какви кондурки мислиш, а инаку можеш и тоа и тоа. Нема некое ограничување за во пролет. Штикла си е штикла
Тоа зависи од тебе ако си ти поелегантен тип секако дека би било подобро да си земеш салонки, но доколку несакаш многу штикли подобро си било со плута.
Салонките според мене даваа некој по формален лук отколку сандалките на плута,и некако се за вечерна варијанта дали со фармерка или фустанче. Но пролет е период за да експериментираш и со едното и другото...
Идеја за комбинација со ваква сукња, само без тоа црното, може сте ја виделе во калиопе сукњава, ја планирам за на свадба, сакам поопуштена комбинација, но сепак свечена, можеби со кошулка? И бојата е речиси иста
Незнам дали добро те разбрав и сукњата и кошулата ти се иста боја ?? Ако е така лоша ти е замислата. Јас би си играла со боите еве ти примери
Спојлер Добро де сме се разбрале а толку се измачив да најдам слика од бојата на која шо мислев п.с. никако не ги научив:тегет, драп,и тие вторите имиња на боите Да и одговорам и на девојката за суќната-јас имам таква суќна само на крем и си ја носам на бела кошулка,ама за да ти биде посвечено стави многу накит
Со што би ја искомбинирале јакнава, освен оваа комбинација поради која и ја купив не ми текнува некоја друга интересна... Ако сака некој да сподели идеја, ќе ви бидам благодарна
Можеш вака со бела маичка или во друга боја ама еднобојна и со фармерки во боја или маичка со некој интересен принт,јас не би ја носела исто со тексас доле.Со некои интересни хеланки-панталони.
Фала ви.. Можам како што ми викате, мислев на нешто поинтересно... или негде да сте виделе невообичаена комбинација(и тоа барам по нетов, ама тешко), зашто ми има потенцијал јакнава, само сушен период на креативност,ништо не ми текнува...
Женски да ве прашам нешто. Имам плишани чизми ама се со тегет боја. Сакам да ги исфарбам црни. Со што се бои плиш ама после тоа да не се познава?
Вчера си купив една црна плик чанта , па ме интересира дали можам да ја искомбинирам со пантолони/фармерки или мора само со фустани или суќни