Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    A ти се мислиш што да носиш пред дечко ти?
    Или таму нема да сте сами ќе бидат неговите или другари?
    Ако е само за пред дечко ти не се замарај што ти е најкомотно тоа. Дечко како дечко ќе те види во многу средени и несредени изданија :$
    А веќе ако има некој друг тогаш во зависност кој е. За пред родители попристоен изглед, тие не сакаат разголени цури да видат на гости кај нив :D а другарите нека те запознат како девојка со супер изглед, немора ролка, убаво вика старфиш нешто поинтересно а сепак да топли ;)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.616
    Допаѓања:
    106.562
    Пол:
    Женски
    Девојки кажете ми дали се складни боите розева и сива? Ракавите на блузата се розеви а надоле како коцки црно-сиви и розеви а пантолоните се сиви. Со нив сакам да носам и сиви кратки чизми. :)
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Да одат...слободно искомбинирај ги боите. :)
     
    На koritsaki и sesilija им се допаѓа ова.
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Мене искрено многу ми се допаѓа таа комбинација на бои (во средно имав и такви патичиња) баш убаво ми доаѓаат, делуваат смирено и убаво :)
    Би ти препорачала и нежна шминка со нагласени трепки и капаци и се ќе биде совршено :*
     
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Женски, фустанчето ми е старо (скоро 2 год. од периодот кога бев бремена 3-4 месец, после нагло се поправив, и дури сега се враќам во нормала и ми се фаќа да го носам, a само еднаш го имам носено).
    Што мислите убаво е да го носам :?:
    (да не му минала модата?)
    Тогаш дека беше лето го носев без хулохопки, кога би го носела со хулохопки и црни салонки, какви подобро би стоеле месо боја или црни?

    [​IMG]
     
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Еве јас ќе ти го кажам моето мислење кое што морам да признаам дека е субјективно (нели секој има различно)...... :$
    Мислам дека сатенот излезе од мода, и некако не ми се допаѓа тоа што е наџиџано со машнички, дезенот на фустанот е сосема во ред....а и моделот исто ;)
    Доколку сакаш да го носиш во зимски услови носи го со црни хулахопки, доколку се работи за потопло време носи го со месо боја :*
     
    На sesilija и rainlover им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми се допаѓа фустанчето, иако матерјалот е мазен, и е доста свечено.
    Доколку сакаш да изгледаш елегантно, земајќи го во обзир времето надвор, мислам дека одличен избр ќе бидат црни хулахопки и црни салонки. Не би одела со месо боја, од причина што во зима некако невкусно изгледа гола нога, а и не делува префинето.
    А и доста убав отвор има горе, така да можеш да ставиш и некое убаво впечатливо ланче. :)
     
    На rainlover му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    И мене ми се допаѓа фустанчето,носи го со црни ептен темни хулахопки со сјај и онака фустанчето е сатенско и изгледа многу свечено,а доле обични црни салонки, ланченце можиш некое дискретно малку колку да светка, а алка стави си некоја поголема.
     
    На rainlover му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сатенот или го сакаш или го неќеш, од мода тој не излегува, секогаш е присутен за свечени моменти во помали или поголеми дози :)

    Така да мене ми е супер фустанчето, и се согласувам со Стафиш, црна хулахопка и црна салонка, нежно кратко ланче може но и немора зашто има машна. Добро е убави големи обетки или во косата нешто и готово.
    Или летно и пролетно време со сандала црна и црна чанта.

    Иначе баш се сетив на едно фустанче дома што ми е едно 2 години, никад облечено, ќе го сликам деновиве да ми кажете дали го носам или да го поклонам :D
     
    На rainlover му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    На почетокот на март сме на свадба (не многу блиска) и не сакам многу да се дотерувам, сум за некоја покежуал варијанта, а сепак пристојно да изгледа за свадба.
    Не ми се купува ново, и се мислев помеѓу овој фустан што е на сликата погоре и овој на оваа слика со црни салонки и црн плик.
    [​IMG]
     
    На Hipica, skyAngel, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Дефинитивно првиот!Баш ми изгледа како за свечени пригоди и мислам дека ке изгледаш супер...јас би ставила црни хулахопки ,високи црни чевли и накит и нормално по гламурозна сминка ;)
     
  12. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    И јас сум за првиот фустан,вториот некако ептен ми е покежуал, (братучедка ми има ист) ама мене лично некако глупаво ми е кога ќе видам на свадба со црни хулахопки и тоа дебели,ако го носиш првиот облечи црни ама пак ногата да се гледа,потенки со сјај, гламурозна шминка и некој убав детал во косата можиш виткана да ја носиш!
     
  13. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Мене вториот модел ми се свиѓа повеќе и не мора да значи дека ако е свадба мора сатен да оди во комбинација :) ( баш ме нервира тоа на свадба сите во сатени :|) Ја би го носела второто ако делува по кежуал и така рече несакаш многу да се дотеруваш, баш изгледа слатко не многу свечено и пристојно.. :)

    Должината до колена е или над? :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Потполно се сложувам со Чика . Не дека првиот е лош ама искрено мене вториот многу повеќе ми се допадна . Јас Чика мислам дека до колена е , нешто така ама Реин ќе ни каже :) Не мора ако се сите во сатени и она да биде . Зошто да не биде поразлична ;) :)
     
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И овој мој коментар ќе биде во согласност со претходниот....јас сум за вториот фустан ;)
    Баш едноставно а убаво, оригинално и не многу нападно.....ако на тоа додадеме интересна чанта и убава шминка имаш 1000% полн погодок :*
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    И јас сум за вториот, па и ако имаш чевли како коланот ќе бидеш ептен секси ;)
     
    На Phyramide и FBI им се допаѓа ова.
  17. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Малку над колена (некои 5-7 см отприлика).
    Јас сум повеќе по купување на чевли и чанти, па може да земам салонки сега после февруари кога ќе почне пролетната сезона салонки во таква кафеава нијанса и иста таква чанта.
    А какви хулахопки би носела?
     
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И јас без размислување ќе кажам, вториот :)
     
  19. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    веќе ако се одлучи за вториот, јас би рекла месо боја хулахопки со сјај или па братучедка ми дека го има истиот спомнав таа го носеше со месо боја хулахопки и со една дискретна линија нешто како дезен по страната на ногата и мене одлично ми и изгледаше
     
  20. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски

    Па месо боја, ипак црни би ја затвориле комбинацијата некако, ама може и со црни дебели, што знам (кога викам дебели мислам на оние кои се тенки ама кога ќе ги облечеш не се гледа ногата :D :) ), пробај си, па сама ќе си одлучиш како е поубаво, и да салонки како коланот боја би било супер, но иста таква боја и ташна не! премногу кафеаво би било, црна ташничка поубаво ќе биде :) Сепак твој е изборот! :)