Ми се допаѓа како стои со џемпер(можеш и сако да носиш) амаа ако имаш кратки чизмички ќе е многу подобро небитно дали се со штикла или плута или ниски, ама кратки да се многу послатка ќе бидне комбинацијава.
Незнам дали прашањево е за овде, но мене ми се чинеше најприкладна тема. До кога би носеле UGG чизми, без разлика дали дебели слаби, ниски или високи, т.е. до кој месец од зимава?
Буквално вакви фармерки розеви,со која друга боја и како можам да ги искомбинирам?Пробував некои комбинации ама све ми боје лепо стоје бев Предлог?
Девојки дали одговара сукња со висок струк од материјал со пепито дизајн(ситни црно-бели коцкички), со светло розева кошула, црни хулахопки и розеви штикли?
littlefairy Спојлер http://disconaplondon.wordpress.com/2012/03/08/pink-jeans-purple-jeans-blue-jeans-green-jeans/ http://www.lovemaegan.com/2011/09/j-bra ... hions.html http://www.chictopia.com/photo/show/589 ... camel-cape
Дали би одговарало да го носам овај фустан со вакви затворени чевли за на матура? Или пак поубаво би било со некои отворени штикли? И незнам каква боја да биди фустанот да одговара со чевлите, и плус сакам некои светли бои бидејќи сум плава и не ми стои убаво темни бои! Предлог какво чантиче и чевли/штикли да носам со овој фустан? И што боја да биди фустанот и другите работи? Можеби е рано ама сакам да знам хихих Спојлер
UGG според мене може да носи ама баш секој без разлика на неговата градба, но секако да внимава како ги комбинира. А што се однесува до кога се носат, е тоа веќе зависи од времето ако на пример сонце грее немора да си во чизми можеш и патики да си облечеш. Исто така може да се случи на крај на март да е премногу ладно па и тогаш можеш да ги облечеш. Се зависи од тоа дали дозволува времето. За вакви фармерки со толку јака боја јас би одела секогаш со една или две неутрални бои, на пример со сиво и црно. Или со кафено и бело. Јас би одела или со еднобојна сукња. Или пак би носела црни штикли наместо розеви. Ако го комбинираш со фармерки или панталони ќе одговара. Само тоа да е провокативно на тебе, да нема деколте или голи нозе. Со отворени штикли ќе е многу подобро, но и со овие нема да е лошо. Ако сакаш фустанот да ти е во светла боја со чевли оди спротивно нека бидат некои нежни ( кремасти) и таква чантичка. А накитот може да ти е сребрен. Мене ми се допаѓа бојата на фустанот кој го имаш поставено. И би те посоветувала шнајдерката да ти го направи во 2 дела, тоа долгото да може да се вади, да можеш да си го изнаносиш и отпосле како обично кратко фустанче.
Фала многуу... Убавии се ... А со фармерки или пантолон4иња со црни или црвени штикли, може или ... ??
Црна сукња, розева блуза и црни чизмички. Дали да носам дизајнирани сиви хулахопки ?? Или сепак да не вметнувам 3 боја??
За хулахопки, не мора да бидат дизајнирани. Но комбинација на розе и сива, па и црна стои многу убаво. Зошто не би мешала трета боја?
Девојки, си купив елек од бершка ист како првиот на сликата само плав Па сега имам некои идеи за комбинирање, но сакам да прочитам и други предлози. Ајде, ако имате некаква идеа како да го искомбинирам прикачете некоја фотографија
Слики не најдов ама можеш да го комбинираш на едноставни туники. Со фармерки и обична блузичка. Немам друга идеја.