Немам веќе идеја како да ги комбинирам маслинестите панталони. Ќе ве замолам за предлози, ако најдете и фотки уште поубаво
Вака, јас сакам да прашам, во големо мислење сум..Сакам да носам бордо хеланки, и кафеави чизми.(светло кафеава) За ташна,незнам ни тоа.. Имам само темна кафеава, што мислам таа да ја носам. Е сега, сакам да носам плава марама(таква тенка) со топчиња- шарени во сите бои, и одоздола темно кафеаво болеро, и светло кафеава маичка. (на болерото има црни копчиња) Ќе ве молам за мислење, дали ова е добро искомбинирано, или Да носам темно кафеава маичка(бидејќи е со кратки ракави) доле со црна маичка со долги ракави..
Првата опција ти е подобра. Не ја мешај и црната боја, доволни ти се кафена и бордо (плус марамата плава). Сигурно нијансите не се поклопуваат, така да ќе имаш комбинација од овие две бои, но со други нијанси.
Како би ги искомбинирале хеланкиве? Nike се, спортски делуваат и интересен им е тоа материјалот ама сакам и друго чаре да им најдам освен да вежбам со нив.
Можеш со долг црн џемпер или со долга црна туника и со рамни ниски, поспортски чизми, можеш кожни, или како овие UGG ама црни да бидат... Во главно комбинацијата да биде спортска, штом се спортски хеланки
Девојки, со каква боја на штикли би одговарало повеќе бело фустанче - црвени, црни или кремови .. знам дека бело одговара на се, но сепак..
Обетки, алка и прстен. А може и без прстен, само на овој фустан не оди ланче. Тегет. Но можеш и нежно розов или пудра боја.
Зависно од бојата на штиклите. Можеш црвен накит, златен, црн... Јас би се одлучила за обетки и алка. Црвен Шала Тегет подобро мислам.