вакаа знаете оние кошулите што се во мода сега, прозирни... е сега прашањето ми беше дали е глупо таква кошула да носам ама со некое пр.маиче под неа, а не само по градник како што сите ги носат оти ми студи само по градник ? поточно кошулата ми е крем некоја боја и дали да ја носам со црно маиче на прерамчиња одоздола ?
Сакам да прашам дали одговара обична еднобојна плава блузичка со црни фармерки,црни штикли,плав ремен..итн?
Зависи до нијансите на бои. Иначе да. Носи си Мене маслинесто зелена со кафеава ми е омилена комбинација
^^^ Да, зошто да не? Зелено и кафено одговара, а фармерки одат апсолутно со се` Дури можеш и да експериментираш со бојата на чантата. Јас комбинацијата ја замислувам со убава голема окер чанта, нешто како онаа на Артемишн во модни критики од пред некој ден Кога јас би ја носела комбинацијава, би ја направила чантата да ми биде statement piece, но секако, доколку немаш таква и кафена би одговарала
како да искомбинирам бела кошула(од оние проѕирните ) и црвени штикли? да додам некој ѓердан,обетки,која боја панталони? помошш
Сега имаш супер ланчиња што се носат со тие кошули така да можеш некое такво, инаку конкретно за панталона можеш и обични фармерки во сина боја или пак црни, мада и нешто кремасто би ти одговарало зависи од бојата на штиклите. Пробај па ќе видиш со што подобро ти стои
Не знам дали прашањево е за тука ама посоодветна тема не можам да најдам. Ќе шијам фустан кој назад ќе се влече малку. Ама материјалот што треба да се влече позади е светла боја а времево како е променливо го гледаме секој ден различно не знам што да правам. Ај додека отидам таму ќе го држам поткренат да не се допира по улица едно друго, ама па во ресторанот ми е страв да не се заташка од што ќе се влече по подот. Прашањето ми е дали да си останам на идејата да го сошијам фустанот така со светла боја ко што сум го замислила и да биде најпрекрасен или да го направам црн? Многу убава замисла му имав во глава ама многу се плашам од што ќе се влече во ресторанот дека ќе се извалка за брзо и ќе се познава, а друга боја освен таа светлата и црната не сум во план пошто така ми е испланирано во однос на штикли, ташничка и накит (се тоа веќе имам, а други нема да купувам). Мислења?
Јас мислам да си направиш тоа што си замислила И самата кажа дека за фустанот што сакаш да го шиеш си имаш и штикли, ташничка и накит што одговарат, па зошто да купуваш нови и плус фустанот да го правиш црн? И не му се замарај толку дали ќе се извалка или не битно е да си поминеш убаво Мене искрено не ми се ни омилени црните фустани така да.. ДРУГА БОЈА
Остави го како што си го замислила Јас искрено го имав проблемот за свадбата на брат ми. Иако лето тој ден врнеше, а јас со светол долг фустан, кој и покрај штиклите го допираше подот. За преку ден некако се снајдов де го држев па едно време го потфатив малку со безопасни, ама кога стигнавме во ресторанот го пуштив. И сега малку да го извалкав ама се фатив за играње де дочек на гости и скор заборавив на фустанот. И ништо страшно! Ќе го извалкаш, ќе го измиеш после и решен проблем. Штом веќе се си имаш најдено за тоа воопшто не мисли сошиј го онака како што си го замислила. А и црн да ти е делот што ете ќе се влече пак ќе го извалкаш. Така да најдобро ти е да си ја оствариш замислата
Најдобро да си ја оствариш својата замисла за фустанот, и да е црн повторно ќе го извалкаш и исто толку ќе се приметува како и на светла боја. Размислувај позитивно, како ли ќе се снајде снашката? Таа сигурно ќе е во бела долга венчаница.
Незнам дали е прашањево за тука али јас пак да си прашам. Ќе одам на забава викендов и пооооооојма немам што да облечам. Очајувам... Сакам нешто симпл, но сепак симпатично и убаво. Не сакам нешто свечено. Не штикли, не разголеност. Сакам да биде прикладно за мојата возраст (имам 14 години). Фала унапред
^ Не дека којзнае колку е важно штом објасни што сакаш, но пак, пиши си за каква забава се работи и во какви услови (каде). И комбинација со ниски чизми до глужд, здолниште со должина до колена, обична блуза набрчкана за да изгледа како да е со три - четвртни ракави и интересна масива марама би било симпатично (секогаш одам одоздола па нагоре )? Со тоа можеш да вметнеш и дебели хулахопки бидејќи сепак времето и не е баш топло.
Значи се работи за бар. Дискотека. Каква забава? Па, има dj во дискотеката, скоро секој викенд. Незнам дали зборот забава одговара за таков настан али ајде, нема везе
^ Добро, во секој случај комбинацијава што ја напишав е едноставна и сосема прикладна за такво нешто. Само масивноста на марамата да не е премногу за да не ти стане премногу топло Убаво да си поминеш