Пак јас . Црна кошула таква проѕирна што се носат сега, кремава сукња со црвени штикли и црвен плик? Или сепак да ставам црна сукња??
Девојки ми треба помош. Се работи за прослава во ресторан. Еве го фустанот, само бојата не е баш бордо како што испаднала туку нешто како темно портокалово, накај кафеаво( да не речам г*мно боја ), на секое светло е различна. Е сега не знам дали да ги носам бисерите, или некое друго ланче, или воопшто да не носам (ама па, да не биде премногу едноставно така ) и што друго да искомбинирам, каква боја чевли, фризура???
Minnie, бисерите ти се многу убави и одилично прилегаат со фустанчето. Zа фризура јас би ти предложила голема пунџа високо горе, сигурно и ти ја знаеш оваа последна варијанта на пунџа што е популарна. чевли - салонки, јас би одела со црни салонки и црна ташна. да беше чисто бордо фустанот можеше и со некоја салонка со боја на слонова коска или месо боја ама вака најсигурно ти е црно.
Фала многу, и јас се мислам за црни салонки ама па ме плаши да не делува глупаво зашто би имала три нешта на мене (фустан, бисери и салонки) а сите три различна боја.
Смела е комбинацијата за да се додаде кремава суќна. А да се обидеш со бела суќна и бел ѓердан/кардиган/тенка марама (во зависност од кошулата)?
Девојки, сакам ваше мислење. Дали би носеле за ноќно излегување фустанче или туника (незнам што е) сива плетена уз тело по кратки ракави, кратка е колку едно фустанче просечно, и што е најтрагично (според мене) узвратка е, т.е. како ролка е горе, ми го затвара пола врат, па косата со тоа би ја носела во коњски реп.
Тука нема ништо трагично, ако ти се допаѓа носи ја. Сега не е време за летни фустанчиња така да по мене поубаво ми е кога ќе носам или видам кратко (или подолго) плетено фустанче, без разлика дали е како ролка или пак е отворена. Имам неколку такви фустанчиња и ги обожавам, ги носам и како туники со хеланки и со дебели дизајнирани хулахопки.
Паа вака имам исти вакви хеланки и незнам баш со што да ги искомбинирам па може неколку идеи да ми дадете
Може со црни чизми еднобојна долга кошула со елек обичен или крзнен или кожено палто...а може и со еднобојна туника...воглавно комбинирај ги со еднобојни работи бидејќи се доволно шарени сами по себе за да ги комбинираш со друго нешто шарено
Мислам дека со крем поише иде. Не дека со бордо стои лошо, ама со крем мене ми е подобра комбинација. Еве и примери, види си како изгледа па сама одлучи си. Вака кога гледам не стои ич лошо, напротив!
Да бидам поконкретна со боиве, отприлика овие се нијансите. Планирам розева кошулка со три четврт ракави и бордо панталони. Спојлер Панталончињата малку потемни Со крем ми е некако ептен монотоно, а мислам со бордо имам гледано комбинации и беше убаво на око. Еве и чичково е доказ.
Девојки јас имам едно шрашање: Имам црно фустанче како ова , ракавите се само малку пократки вака ми стојат , а долниот дел тоа суќната ми е до над колена Но одоздола на фустанот има бела маичка а на фустанот има и како полу проѕирни ленти така дож ракавите малку но сепак се гледа белата маичка Е сега со што да оди овој фустан? Какви штикли , каков накит, може ли со ниски обувки и какви, може ли за оваа време?? Многу сакам црни фустанчиња но белата маичка одоздола ми прави беља
Девојки си го купив ова џемперче незнам како да го наречам убав материјал е од пренди а има етикета од Bershka незнам дали вистина е од таму, е сега јаката мислев да ја изменам односно да и залепам некои циркончиња нешто слично или да ја оставам вака како што е. Што мислите вие? и со што би го искомбинирале ?
Потпетици - најдобра опција е црна боја. Зависи од тоа што сакаш да носиш и за каде ќе го носиш. Убаво би стоело и со ниски но балетанки. Ова време само чизми до глужд со потпетица (најмалку 5cm). Можеш да го искомбинираш со бел накит или циклама. А и секоја останата нема да стои лоо се додека тоа е некоја јака боја како овие & & & &. Не е важна маичката од оздола. Секако стои со овие бои (особено со циклама!). Сепак зависи од тоа за која пригода би го носела.