Неодамна ја купив блузава. Ми се допадна кројот и дезенот. Досега ја имам носено само еднаш, и тоа со обично тегет џемперче, темни фармерки, тегет старки, црна чанта и метални обетки и прстен. Се мислев за тиркизно ланче, ама кога пробав некако ми беше грубо. Ќе пробам повторно понатака. Мислев и за тиркиз прстен, али моментално сум во минус, така да тоа ќе причека. Имам уште две- три идеи, ама сепак сакам да слушнам и други мислења. All suggestions are welcomed.
дефинитивно со тиркизно,блузата ми е преубава,според мене ланче не би ставала бидејки блузата е со шари и принтови,само обетки или чак само еден прстен а долу фармерки или тиркизни хеланки,панталони со тегет жемперче под блузата
sweettwist јас би ја носела, интересна ми е. Можеш со темни хеланки, црни или сини фармерки. Можеш и на високи потпетици, а и на чизмички некои ниски. кученце, така како што е на сликите ми е супер. Можеш да облечеш некоја темно сина или виолеова ролка и пак убаво ќе биде. MejkApGirl може со ланчето ама и немора. Мислам дека штом ќе носиш сако нема да биде празно.
Лежерна е за да биде и со циркони и со бисерчиња. Можеби мониста би бил подобар избор. Или ако цирконите се темна боја за да не паѓаат премногу во очи. Добро изгледа. За комбинирање: тенка ролка или обична блуза и хеланки или тесни пантолони.
clock.sk > одат со кратки пантолони, кожена суќна, фустан долг до колена (раскроен, не тесен или евентуално тесен но со кратка јакна од озгора). Glorich > со фармерки, со црни хеланки. Зависи и каква е.
Имам вакво бело, со дупки, плетено.. Т.е таква е само формата Како овие (се надевам дека ме разбравте) Спојлер Еднаш едни ми рекоја дека ми е како чаршав И од тогаш не го облеков Дали би носеле, со што да искомбинирам?
Lovy1 eeи да и јас имам вакво те разбрав, го носам со црни хеланки и бела блуска, маичка одоздола наместо палтото ова перулина(ако го погодив името) со црни чизмички
Скоро секогаш гледам да се придржувам на правилото во еден outfit да има најмногу три бои (шари) застапено, па така и во овој ама не сум сигурна за комбинацијата. Планирам кога ќе се затопли да носам црна жоржет (проѕирна) кошула по кратки, со жар црвено кратко палтенце одозгора со златни копчиња, долу потемно црвени, burgundy jeggings, незнам како се нарекуваат кај нас, ни се фармерки, ни хеланки. На панталоните од двете страни има сребрени патенти, накосо поставени. Од Принципе се, можеби сте ги виделе. Бојата би дошла нешто вака.. Ќе носам црна ташна, ама не сум сигурна какви обувки да земам. Имам црни чизми со нитни, ама сакам комбинацијава да ми биде поелегантна, а не edgy, имам скроз бели балетанки, едни со tribal/aztec принт, така нешто, и на нив има бели/сиви/кафеави/црни шарки а имам и леопардови не балетанки, туку оние сега што се носат, loafers, со златни нитни на нив ама не сум сигурна дали ќе ги носам зашто многу ќе двојат од комбинацијата, освен ако не ги носам со леопардова ташна, а немам таква, каиш нема да прилега убаво зашто нема ни гајки на панталоните. Некоја идеја какви обувки да носам и што накит да ставам?
Се мислам што да облечам вечер сум на роденден имам неколку плуски на ногата и не сум за штикли па се мислам дали ќе е ок да одам со високи чисми, ама рамни, вие што мислите?
Нема врска дали ќе носиш високи или ниски чевли битно е убаво да си поминеш.. искомбинирај ги со некоја сукна или некој фустан што не е многу свечен