Проѕирна свилена кошула боље би идела со боди или само со прслук. Во голема дилема сум. За вечера, тивка атмосфера. Да не е многу со прслуче само? м?
^ Со прсклуче само,така поубаво излгледа.Кога ќе ставиш боди или било што се губи убавото на кошулата. Носи си ја само со прслук
^Дефинитивно со прслук само. Пожелно би било ако е еднобоен и со колку што е можно помалце украси, панделки, такви работи. Srce1 можеш да направиш комбинација со црно на пример. Црна блуза, црни чизми, и некој жолт детал во накитот. Чек дис аут. Спојлер http://images1.chictopia.com/photos/AiB/9145041200/yellow-pants-yellow-hebe-manila-flats_400.jpg http://1.bp.blogspot.com/-FFmf41psT28/T ... +pants.jpg http://0.tqn.com/d/fashion/1/0/d/j/3/ju ... wpants.jpg http://2.bp.blogspot.com/_92Mx83Q1nIU/S ... 2Bpant.jpg
Јас сум за тие црните со нитни чизми или тие со златните нитни, нели имаш на палтенцето златно. Бидејќи ќе носиш кошула мислам дека најубаво би било ланче во златна, сребрена, црна или црвена боја. И облечи некое друго палтенце можеш кафеаво, кремаво, црно, жар црвено не знам зошто не ми иде, неможам да си замислам.
^Фала ти, може и со чизмичките ама не ми иде некако со чанта и со проѕирна кошула, тоа е многу елегантно, а овие се рокерски. Инаку пробав и со црвеното палто и со црно-сиво-бела јакничка/сако и прилега убаво со двете ама зависи што ќе носам ќе треба да ги сменам обувките и накитот.
^Па, според мене баш убаво ќе дојде. Штом имаш црно-бело сако, јас сум за него! Ќе ти одговара црната ташна, само накит ако имаш соодветен стави едно ланче, а и не мора.
Здраво девојки.. Вака ми се ближи роденден ќе о чекам дома со друштво....може да ми предложите некоја комбинација која вие би ја одбрале.. Благодарам, однапред
Не е глупо мене баш ми е глупо кога некој слави роденден(па и дома) во тренерки, еднаш дури ми се случи да отидам кај другарка на род. сите бевме така нашминкани за излегување потоа и подотерани така , а таа во тренерки не пречека Затоа дури ти препорачувам да си се дотераш
Ramboto.9 - Мене носењето фустанче дома баш не ми е добар избор, сепак само тие личности ќе те гледаат. Можеш некое опуштено фустанче, casual, пријатен материјал и солидна должина, но мене лично не ми се допаѓа фустанче со корсет, кратко, за испаѓање дома да се носи. Лично не би се чувствувала добро тоа да го носам. Сега, не велам со пижами да ги пречекаш, но сепак одбери нешто во склоп со атмосферата. А, предлози за роденденот, ќе ти постирам овде сликички кои ми се допаѓаат, па ти можеш да си одбереш, да си искомбинираш и пиши ни што ќе одбереш. Зашто времево е пријатно, но не е баш топло, мој предлог е или фустанче или хеланки или фармерчиња. Кратки пантолонки не ми се баш добар избор, а суќни баш не сакам, па незнам што би ти предложила. Сликичките се во споилер. Спојлер
Ramboto.9 твој роденден е и не би требало да прашуваш за мислење. Како мислиш дека треба д направиш, така направи си. И јас кога го славам дома си се облекувам како што сакам. Мој роденден си е. Сепак ќе има и слики кои остануваат спомени и не би сакала да бидам во тренерки, а останатите околу мене да се облечени посвечено. Јас не пречекувам гости во домашна облека и си се пресоблекувам (зависи и од гостите де ), а не пак да ги пречекам во некоја никаква варијанта на мој роденден за кој тие се потрудиле да дојдат и го одбележат заедно со мене. Носи си што си сакаш
Што мислите дали е рано за балетанки? Имам нови сакам да ги носам , но некако по градот слабо забележувам некој со балетанки. Сеуште носат чизми.
Кога е суво времето не е рано за балетанки. Мене балетанките ми се како салонки, а салонки носиме секоја сезона.
Со што би искомбинирале црно фустанче со златни детали? Не сакам комбинација определена само со 2 бои. Макар нека има уште една Добредојдени се слики Фала