Каква облека за во кафана ? Девојки може ли да ми помогнете да се одлучам што да облечам за вечер бидејќи со дечко ми и неговите родители ке одиме во кафана, па се мислам околу изборот на гардероба. Што би било соодветно, пристојно а сепак да добијам убав изглед ? Не можам да се одлучам помеќу две комбинации : 1. светлосиви "цевка" фармерки со бела кошула , преубави, високи темно плави чизми со висина над глуждот кои изгледаат пресекси и одлично се вклуповаат со боите ( светлосивата и белата ) и темно сив плик , ( може и темно плав каиш да влезе во комбинацијата ) 2. или едноставно темно кафено фустанче ( горниот дел е топ ) а должината му е до колена со темно кафени чизмички или салонки и секако плик само тој веројатно ке биде во кремаста нијанса зожто само таква боја имам ДЕВОЈКИ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ ЗА НЕКОЈА ОД ОВИЕ ДВЕ КОМБИНАЦИИ ИЛИ НЕКОЈА ВАША ИДЕЈА thanks !
Облечи се убаво и пристојно, не ти ја знаеме гардеробата за да ти дадеме совет. Облечи пантолони со палто и пристојна кошула без деколте, или некој фустан, ете како што спомна до колена, па не одиш со другари во кафана, туку со родителите на дечко ти, нема потреба а и невкусно е да се стегаш во некои парталчиња само за да изгледаш СЕКСИ , зар пред татко му треба да изгледаш секси И обуј некои кондури не толку многу високи, нема таму на фотосесија да бидеш., треба да оставиш впечаток на вистинска девојка за нивниот син а не "играчица по шанкови" (ова го пишав колку за доловување на она што сакам да го кажам, не беше наменето за тебе лично)
многу ти благодарам, ми помогна , иако и јас бев повеке за едноставната а убава комбинација од кошула, панталони и штикли. инаку не знаев дека има ваква тема па затоа направив нова, сепак многу ти благодарам што одвои време да коментираш
Фустанов треба да го облечам на една ревија премоногу е едноставен па можам да му додадам нешто и со што да го комбинирам кои бои? (за жал мене овој ми се падна долг сакав ) Ако може да слушнам повеќе мислења?
Мислам дека убаво и елегантно ќе изгледа ако ставиш впечатлив накит и салонки во иста боја..според мене.. Не се сомневам дека убо ти стојт,само труди се убо да го изнесеш то шо го носиш. поздрав4е
Каиш тенок на половина стави и мн накит вака ми е мн мн обично за на ревија ии секако убаво да си поминеш
Темно сина (тегет) - дефинитивно. И така во последно време овие две бои во комбинација се многу актуелни.
да да одлично би било така и такви салонки и како што ти пишале погоре впечатлив накит и суперр ќе бидее
Дали овој модел на фустан ќе е актуелен сезонава пролет/лето Пошто знам дека во изминатиот период се носеше доста. Сакам да го шијам само наместо белото да биде nude нијансата на розево. Спојлер
Вечерва ќе одам на журка имам 14 ипол години што да носам? Јас мислам вакви фармерки http://data.whicdn.com/images/52418615/ ... _large.jpg На нозе балетанки http://sphotos-e.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 9373_n.jpg или http://sphotos-c.ak.fbcdn.net/hphotos-a ... 0074_n.jpg ? друго?
абе каково имаш со фармерките што ги стави ваков корсет и балетанките што и да ставиш е супер, мој предлог ако носиш палто т.е. сако или нешто слично стави долго ланче бувче, слонче има мн сега такви а ако не носиш сако , стави кратко можеш и оние помасивни што се носат сега но некако не се ми за твој години тие вака најубаво ке биде а за лак каков сакаш црн,кремав(нуд нијанса)...
Фармерките ти се убави, јас би ти препорачала да искомбинираш со тегет балетанките и нaгоре, можеш да си облечеш некоја поедноставна бела маичка/кошулче па да си ставиш марама/шал, вака нешто: Или можеш ваква комбинација, доколку облечеш чизмички наместо балетанки: