Ако ташната и каишот ти се во посветла нијанса на кафеаво тогаш одговара бидејќи мене лично со оваа боја на фармерки не ми одговара темна нијанса на кафеаво некако цигански ми делува ама пак ти си знаеш...направи комбинација која прва ќе ти дојде на памет облечи ја застани пред огледало и ако си се допаднеш носи си ја...секој има различен укус јас само предлогчиња дадов а останатото си е твое
Мала помош...Какви чевли да купам?Баш ми треба за овој период кога е топло за чизми а ладно за балетанки.Некои што ќе можам да ги носам на хеланки,фустанчиња секојдневни.Да бидат ниски и да не бидат патики .Знам дека многу барам Предложете ми нешто ,што носите вие во вакви комбинации или преку слики можеби навистина немам идеја
Вака.. викендов сум на роденден и имам едни штикли кафеави - крем боја поточно.. но нагоре немам ништо во таква боја.. со што друго би можела да ги носам?
која боја и да имаш, се оди со крем, Кејт Мидлтон пола свет го прошета со тие кремави штикли е сега ако зборуваме за ваков крем- нуд, ако пак се друга нијанса...стави слика од бојата па ке му ја мислиме
Носи си ги на што сакаш...јас имам крем штикли и ги тепам од носење одговараат баш на се дека се како боја на кожа и не ограничуваат...слободно си комбинирај нема шанси да утнеш
Девојки, фустанчево го купив денес. Имаше и црно, ама пошто сум слабичка не ми стоеше убаво па си земав бело, нешто како валкано бело е во живо. Е сега незнам како да го искомбинирам. Салонки, накит, ташна? Мислите дека лош избор направив со белава боја? Скоро се' беше бело во Зара, па валда ин е бојава, иако сметам дека бело е класика. Еве го, па чекам предлози како да го искомбинирам: Да појаснам, горе е кожно тоа црното. Ланчето го имав на мене прееска. Се сликав во гардероба.
црна салонка и ташна можеби најубаво ќе биде инаку мн ми се допаѓа дустанов, ланче не би ставила пораси црнкото, би ставила обетки така по масивни..
и јас си купив денеска фустанче само кај мене е цело бело а грбот е чипка бела и е уз тело јас планирам да си го искомбинирам со црвени високи салонки, црвен лак и кармин, и ташничка црвена а косата некако собрана, од накитот мислам да ставам повеќе алки со златна со црвена боја обетки и прстен некој нежен
Лепа, со крем/беж салонки супер би изгледало Со црни веќе се знае, не мора да кажувам, црно со се` оди Само, ако го носиш со црни, јас во тој случај би одбрала јака боја на чантичка, односно чантата да биде централното парче во комбинацијата. Всушност, белата е исто што и црната боја, оди со се`. Убаво би разбиле монотонија и црвени салонки, или па некои во некоја јака, впечатлива боја, на пример мастило сини, виолетови, па дури и дреч розови Во мојата глава тоа супер изгледа Нека не те ограничува црното на вратот, имаш милион начини за комбинирање и експериментирање со бои Јас би одела по правилото: ако облечеш неутрална или црна боја салонки, оди со впечатлива чанта и обратно: ако салонките се во некоја впечатлива боја, тогаш крем или светла боја на чанта, не толку впечатлива А за накит, би го комбинирала со златен/бронзен накит, како ланчето на сликата, само што ланче не сум сигурна дали оди поради отворот на вратот. Можеби големи масивни обетки и еден куп алки на раката Патем, фустанчето е прекрасно и супер ти стои
Многу ти е убаво фустанчето и многу убаво ти стои Какви и штикли да облечеш ке одговара,немој да те ограничува тоа црното. Според мене ланче не ти треба,фустанот е затворен,обетки исто бидејки имаш долга коса,само исфенирај ја и ја пушти (така ми е многу по секси) Јас сум повеќе за некој впечатлив прстен или часовник. Ке ти ставам примери-слики,колку може да биде убаво искомбинирано
Јас би комбинирала со крем салонки,крем плик,крем лак и светла и нежна шминка,би додала некој златникав накит или ,,розево,,злато,така нешто. А може и со тегет боја.
Девојки мајками ми ја купила кошулава, па мене некако чудно ми делува бидејќи е струкирана.Инаку на сликава носам црно боди, но тоа ми беше само за проба. Ајде да ми помогнете, дали би ја носеле? Со што надолу? Каков накит? Дали можеби каивче да ставам кај струкираното? Ако најдете некои комбинации исто така добро би ми дошле Или пак можеби раскопчана со некоја маичка во друга боја и со долго впечатливо ланче? Ви благодарам однапред
Па убава е,незнам зошто да не ја носеш.Убава е и така и така.Можеш да ја комбинираш (закопчана) со здолниште,црно,кафеаво,крем,имаш повеќе бои.Можеш и со тесни пантолони,црни,кафеани,сиви,тегет,маслинести,па скоро се одговара на бело.Кога е откопчана,можеш со повпечатливо ланче,како ова и кратки тексасни пантолони,би било супер,ама за во лето .
Кошулчево е баш убаво,нежно.Можеш да го комбинираш со фармерки во боја и со тексас јакничка,со интересен накит,со балетанки,оксфордки.На многу работи одговара,кошула е и бела е.Секако дека треба да ја носиш,зошто да не.Можеш и каивче да ставиш. Се надевам ти помогнав
Денес купив пролетна јакна ефтино ја најдов за 1000ден во прљаво бела боја со златни детали на патентите, моделот е сличен на оваа па кажете ми некои предлози со што можам најубаво да ја комбинирам
Не е малце глупо да носам вакви? Може и не ми е баш складно со годините, ама јас се вљубив! Пренајпрекрасни ми се. А и да си ги купам се мислам со што би ги комбинирала, во голема дилема сум. Не ми се купуваат патики, преспортски ми се. Стварно незнам што да правам. А и кога би купила рамни патики плус, незнам какв би биле тие