*Кратка суќна со голем волумен; *широка долга суќна; *кошула и тесни пантолони (бела кожула, црни пантолони); *кошула и тесни фармерки (бела кошул и темна нијанса на сини фармерки)... Било која со овие комбинација но и со многу накит и нормално, соодветно изберен.
јас вчера си купив од штип за 1200 слична мислам иста боја само нема копчиња на ракавите како и да е видов и ваква толку е 1200
^OneDirection Можеш со некоја маичка/кошула во суптилна, понежна боја, поради тоа што пантолоните се доволно „шарени“ имаат принт, па затоа доволен е само тој, нема потреба од голема игра со бои и мешање на принтови. Инаку, доколку станува збор за фармерки, тогаш кошулата можеш да ја ставиш внатре (ако е пообична кошула, т.е. со обичен крој), но доколку се хеланки тогаш комбинирај со некоја подолга еднобојна маичка. Спојлер Идеи:
Можеш со кошула поедноставна,ако се халанки да биде подолга,доколку се пантолони може и внатре или пак со некој повпечатлив ремен.Можеш и со некоја дуксерка,поширока блуза на кратки ракави.И секако ако се хеланки,без разлика дали се работи за кошула или блуза,секако нека биде малку подолга.
Ми се прави мерак за некоја комбинација со чорапчиња под колено, или малку над...знаете за кои веројатно.Лани мајка ми ми купи разни дезенирани уште не сум ги износила.Дајте некоја комбинација, вака пролетна, со сукњичка или фустанче.
Девојки свечен, долг фустан мастило сина боја... со каква боја на штикли и накит би одговарал освен со црна ?
Феминки праска боја на фустанче со какви штикли највеќе оговара? Добро е со црни или сепак подобро со кремасти ??
Кремасти. Нежната боја не ја затварај со црно. И можеш да пример и со златен накит во зависност од нијансите
Можеш да направиш повеќе комбинации. Примери: - Црна кошула пикната внатре во фармерките, и ремен во различна боја од онаа на фармерките. Најдобро кафеав (како на сликата подолу). Спојлер - Доколку фармерките се припиени, т.е. потесни, тогаш можеш да искомбинираш со туника кафеава или кремаста (бидејќи според мене, овие бои идеално се вклопуваат со темнозелена), и чизми во боја на туниката. (Секако фармерките одат внатре во чизмите). И еве неколку други примери со слики: Спојлер
Фармерка, крем боја мешена со розе боја штикли и нагоре? Да не биде само некоја плесирена блуза или кошула.
шијам кратко тегет фустанче за матура ,па сега се мислам за штикли дали црвени или крем или пак предложете ми вие нешто
па мој совет крем, црвеното со тегет веќе му помина интересното аа можеби моево прашање не е за тука но ајде да прашам вечер сум на гости па оди да носам балетанки- нели суво е времето,а и сончево и топло беше денес, па би можело вечер да носам балетанки??
^Да, според мене. Слободно можеш да носиш и онака топло е времето, не врне... А и започнува сезонава на балетанки.