^Јас би направила некои измени. Во комбинацијава сино + црно + сребрено (иако сребреново го има само малку на фустанчето, но и на додатоците), се` на се` некако ми е ту мач. Јас лично, би се одлучила за само сино/сребрена комбинација, бидејќи ова црно ми е пренападно за тука, и ја уништува суптилноста на синото и сребреното. Затоа, би ги заменила црните додатоци со некои во сребрена боја, токму затоа што сребреното е малку застапено на фустанчето, па со додатоците би дошло повеќе до израз, така би се ублажил целокупниот изглед, за да не биде пренападно. Сепак, доколку ти се допаѓа тебе вака како што е, тогаш во ред. Јас само ти дадов предлог.
Wild-GirL Моделов е ист само нема да има сребрено, затоа го одбрав ланчето такво, а црна ташна и нешто од накит ставив затоа што штиклите ми се црни
^Во ред. Сепак, јас си останувам на сребреното. Сметам дека фустанче со оваа боја не треба толку да се „затвора“ со црно. Јас би комбинирала со ова: Спојлер
Абе и ја би со сиво, ама неможам заради штоклите веќе се порачани црни, а за нови ем немам заштедено, ем незнам дали ќе се најде бројче за мене а и нема да стасаат
си купив црвено кратко фустанче е сеа за штикли и ташничка се мислам како да искомбинирам ..... што мислите за црвени штикли и златно плик ташниче и златен накит ? некој предлог ?
Јас би одела со по-неутрална боја на чевли, нешто во боја на кожата, од накит би го избегнала златното на црвено или во случај тоа да е златно, нека бидат само впечатливи обетки, а минимален накит на рацете. Ташната може да биде да биде црвена мој предлог
scorpijagirl - Мене ми се допаѓа со златно, иако ми се допаѓа и предлогот на месо боја на штикли или кремова. Но златното повеќе ме влече некако. Штикли златни би биле ударно парче, искомбинирани со златна чантичка, од оние малите како коцки што се. Накитот според мене подобро да биде подискретен и помалку застапен. Сликици : Спојлер
и јас сум за неутрална боја на чевли ама веќе имам такви ,а треба да купам нови пошто комбинацијава ми е за апсолвентска вечер.А златни незнам на што би ги носела после... Значи црни салонки отворени напред и црно ташниче впечатливи златни обетки и минимален накит би било добро... ?
Девојки кажете ми што мислите за фустанчињава дали се убави за на апсолвентска вечер? Кое е поубаво според вас?
Јас мислам второто и нема везе убаванита на фустанчињата бидејќи и двете ми се убаво но како што за бележав првото е без рамки и ќе мора постојано да го креваш , а второто пак некако би можело да се држи со тие рамкичките
Бидејќи праша за мислење, моето е дека е премногу едноставно за апсолветска. Сепак е посвечена вечер, а само боите од овие покажуваат повеќе на пролетна разиграност отколку на свечена вечер.
ајде и јас да прашам за мислење....си купив црно сако,со должина на ракавите малку под лактото,со црно бели пруги...е сега прашањето ми е со каква маичка да го носам?јас на пример имам замислено со бела маичка и пример на неа Ајфеловата кула во црна боја и некој такви слични маички..јас таквите маички ги викам комерцијални мислењата се добредојдени а можи и некоја слика да постирате
срцки ве молам дајте ми некоја иде за комбинирање на вакво ланче, знам има мн работи кои би оделе со ланчево но не ми текнува ништо некоја кошулка, некое фустанче можеби..
^ па можи некоја бела обична маичка,кошулче во бела боја,во тегет боја,крем.....можиш како сакаш да играш со ланчето баш е штосно
^^Бела кошулка,сиво или црно џемперче(кардиган) и фармерки обични. Или пак црна блуза така по штосна,со панталончиња и балетанки