За чевлите да бидат иста боја размислував, но сепак сакав да искомбинирам со некоја друга боја, на пример темно сина но не знам дали ќе одговара...
И јас мислам со темно сина боја а не со црна многу според мене ќе дели фустанчето со штиклите а можиш и темно сина ташна да носиш.
со каква блуза-кошулка да носам црна сукна (со оние што се на мода копчиња и каиш имитација) и сако? (na slikata - сукната малку пократка и белите се копченца со "каишот")
Имам во глава некоја комбинација за утре ама ми треба ваше мислење. Во план сум да носам бело корсетче, и црно палто, со асиметрична сукња во некоја кремаво-розевкаста нијанса, е сеа ке биде ли многу ако искомбинирам со нежно кремави штикли, ама ептен светло крем, и такво пликче? и тенко црно каивче? Со златно големо стејтмент ланче?
Од прилика како што можам да ја замислам комбинацијата би стоела симпатично. Нема што да биде многу кога се комбинираат многу посмели бои за разлика од овие. Go for it Ако мислиш на боите: бела, крем (месо) боја, темно сина (тегет), темно зелена иако со црна оди секоја друга боја и не верувам дека прашуваше на боите Па ако мислиш на облик: корсет, кошула, ролка (за која е веќе топло). А за подетално можеш да напишеш дали е за вечерна или дневна пригода и дали е свечена или скромна пригода?
Ако мислиш на боите: бела, крем (месо) боја, темно сина (тегет), темно зелена иако со црна оди секоја друга боја и не верувам дека прашуваше на боите Па ако мислиш на облик: корсет, кошула, ролка (за која е веќе топло). А за подетално можеш да напишеш дали е за вечерна или дневна пригода и дали е свечена или скромна пригода? за свечена пригода инаку ти благодарам
Како да ја искомбинирам кошулава? Ја имам уште од Ноември, а само една ја имам носено. Позади е подолга, портокалова, со златни копчиња.
^ Не ја сакам бојава. А и тешко се комбинира. Ќе се обидам да одговорам иако се сетив само на црни, кремасти или кафени пантолони (или хеланки бидејќи задниот дел е подолг) или фармерки во црна или сина боја. Додавање на друга боја мислам дека ќе биде премногу.
Лепа мене бојата пак многу ми се допаѓа, специфична е и доста впечатлива. Моделот исто така, мислам дека можат да се направат неколку интересни комбинации. Еве ти мој предлог: Јас би ја комбинирала со тесни фармерки - црни или пак обичен џинс светол/темен сеедно. Асиметрична е па за да дојде тоа до израз не ја пикај внатре во фармерките. Бидејќи копчињата се златни, јас би ставила и златни обетки. Ако имаш и чантичка во истата боја перфектно, или пак ако немаш ништо друго во таа боја, колку да не биде само кошулката портокалова можеш да ставиш и таков кармин на усните. Високи потпетици и тоа е тоа. Другата комбинација е со здолниште, но овојпат кошулката би те советувала да ја пикнеш внатре. На пример црно здолниште, чевли, кошулката, повторно само обетки (со многу накит мислам дека би било некако пренатрупано) кармин, чантичка и тоа е тоа. Кога се во прашање кошулките јас сум повеќе за класичен стил, никако монотон, но и не премногу колоритен. Јас не би експериментирала премногу.
Тешка боја е стварно и јас не ја љубам, претежно заради косата и тенот кај мене, ама општо дури и полоша од жолата ми е за комбинирање. Црно и бело секогаш се во предвид знаеш. Сум видела како ја комбинираат со дреч розево, мене ми е ту мач, но ако си од храбрите можеш и така. Едино за око вака ви би фатила со мастило плава, не тегет. вака Спојлер Ma да со бело би било најкласика и најсофистицирано, со црно више ми е клише. Следниве комбинации јас не би ги носела никогаш, но многу не се сложија со мене кога кажав дека е ова утка на годината. Спојлер Значи виолетова како можна комбинација, секој со свој вкус нели. Јас навивам за бела/крем/прљаво бело првенствено па за мастило сина. Може и со некоја нежно сина,минт. Во комбинација со фармерки, макси суќња, кратки панталониња, хеланки.... Изборот за тоа е твој, боите се обично потрики за ускладување.
Јас не сум за црна со бојава. Многу ќе ја затвори, имам еднаш пробано - и не стои баш најдобро. Едино можеш да пробаш со панталона/хеланка од оние црно белите со вертикални линии. Ако сакаш да правиш некои колор блокинг комбинации, јас би одела со дреч розево, минт и кошулава. Вака нешто. Лично јас би ја комбинирала со крем панталона, така ќе дојде целосно до израз бојата. Или бела, сеедно.
Фала ви на сите за предлозите, секако ќе применам некој во зависност од расположение. Мојата првична замисла беше со црни, кожни хеланки онака поедноставно зошто кошулава сама по себе е впечатлива. Ама ги немам, утре ќе барам низ цело Скопје зошто имам уште една сатенска (не светлуцава) туника/фустанче црно со цветови и некако и тоа си го имам замислено со кожни хеланки. Нешто кога немаш тоа ти е, се' околу нив ми се врти, а кога ќе ги купам знам дека така ќе ми стојат. Бај д веј, убаво би било со црно бели хеланки, ама тоа веќе ми е униформа. Тргнав да ги купам и само низ град видов неколку "црнобелопругести девојки".
^Ako најдеш кожни, зашто да не, носи не стои лошо. Мене бело-црни хеланки ми се униформа кога се во вертикални линии, додуша само такви и има. Оние поштосните ретко се носат, ама и ретко ги има кај нас. Туку кажете ми дека ова не иде, да не ми текне више да го опнам на мене + Me излажаа дека не стојат лошо, но мене некако ич не ми штимаше кога се погледнав во огледало на крајот на денот.
Лепа, знаеш дека пред месец дена си купив кожни хеланки од Певекс, па шетни и натаму, провери си за секој случај да не ги има уште. Другарка ми си купи од Пренди пред некое време, ама моите се поубави Инаку, кошулката е прекрасна, морам да кажам. Порано ја мразев таа боја, ама во последно време многу ми се допаѓа, па си набавив и јас една кошулка во слична нијанса Јас најчесто ја комбинирам со крем или кафени панталони, ама почесто со крем, мора да признаам. Убаво стои, едноставно е, а фино изгледа. Ја носам и со црни, а низ коментариве прочитав предлог за со бели. Имам бели фармерки дома, ама никогаш не ми текнало со портокалова кошула да ги искомбинирам, иако како идеја ми се допаѓа и мислам дека и со бели убаво би изгледало Дефинитивно ќе пробам, ама со варијантата со крем панталони (или сукња) нема утка Ако ја носиш со крем сукња/панталони, можеш црни штикли да облечеш, а морам да ти кажам дека и со црвени штикли феноменално изгледа, проверено Црвеното одлично се совпаѓа со портокалово, но ако сепак сакаш поедноставна варијанта - предлагам црни салонки. Убаво одат на комбинации со крем боја, светлите бои бараат темни додатоци и обратно (мада, ова не е правило, туку мене така на око убаво ми изгледа). Ако пак носиш црни панталони, тогаш предлагам крем салонки (доколку имаш, секако) Накит - јас лично не би ставила ланче поради златните копчиња, туку само обетчиња, и тоа некои понежни. Ама затоа би ставила масивна алка/и на раката (ракавите на кошулата би ги засукала онака casual), или некој впечатлив прстен (се' во „златна“ боја, нели). Хипстер, според боите не е дека не одговара. Одговара, ама мене лично не ми се допаѓа баш како комбинација, патичињата ми изгледаат прилично спортски. Мада, во денешно време нема правила за ништо, па така ни за ова Сепак, јас за патичињава би земала мало ташнуле (не мора во иста боја како нив) и би го носела преку рамо. Мислам дека одамна помина тоа време кога чевлите и чантата мораа да бидат во иста боја А оваа чанта би ја комбинирала со салонки, воопшто со чевли на штикла, со ниско не Мада, нагласувам дека комбинацијава не е катастрофална грешка воопшто, има далеку полошо, и тоа најчесто од девојки што не се ни свесни
Абе види, за бои точно дека имаат складност меѓу себе и не е можно да стојат лошо овие две заедно, особено ако си правела некоја smart casual комбинација со нив. Барем јас таков влечаток добив. Само јас лично ташнава би ја искористила во некоја поелегантна комбинација, плаче за убава панталона и некоја кошулка, макар било и со ниска ама елегантна чевла. Со балетанка црна, класична утка во никој случај немаш.
Jaс ташната ја утепав од носење, само со ова никако не ми идеше, ама на брзање ги натнав нежев да барам. Инаку да со крем кошула го носев и тегет фармерки, не изгледа лошо на прв поглед, ама кога дојдов дома, некако ми беше како да сум сакала ем спортски ем некоја по елеганта комбинација, и не ми се свијаше, а ме убедуваа дека стои. Инаку ја имам носено од чизми со салонки, одоговара, имам облека многу за ташнава и во денска и в вечерна комбинација, душата ќе и ја вадам Фала на искрени совети